Свет
Јапонскиот министер за сајбер-безбедност не користи компјутер
Јапонскиот министер за сајбер-безбедност, Јошитака Сакурада, го привлече вниманието на тамошната јавност кога изјави дека никогаш не користел компјутер и покажа дека нема поим што е УСБ.
Сакурада, кој исто така е задолжен и за Олимписките игри во Токио во 2020 година, одговарал на прашања на независни и опозициски пратеници, објави агенцијата АП.
„Му давам инструкции на мојот советник и така воопшто не седнувам пред компјутер“, рекол министерот и додал дека е уверен оти нивната работа е беспрекорна.
Кога бил запрашан за мрежи и софтвери чија цел е оштетување на компјутерите, Сакурада рекол дека УСБ никогаш не се користи во такви случаи, со што покажал дека всушност не знае што е тоа, наведува агенцијата.
Јапонските пратеници во неверување се смееле на неговите одговори, кои потоа биле пренесени и од јапонските медиуми.
Министрите во Јапонија однапред ги добиваат прашањата поставени од пратениците во парламентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија спречи напад на Украина во областа Курск
Руските вооружени сили спречија обид за напад на украинските сили во областа Курск, објави денеска „РИА новости“.
Руското Министерство за одбрана објави дека украинските сили се обиделе да нападнат во правец на населбите Черкаси Конопелка и Уланок и претрпеле загуби.
Украинските војници распоредија два механизирани баталјона на оклопни возила и изведоа неколку бранови напади, меѓутоа, според соопштението на ресорното министерство, руските војници бргу го идентификувале непријателот и со поддршка на авијацијата им нанеле сериозна штета.
Свет
Бил Гејтс се залага за продолжување на работата на УСАИД
Коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, по состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп и шефицата на кабинетот на Трамп, Сузи Вајлс, изјави дека го поддржува продолжувањето на работата на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).
Гејтс рече дека се сретнал со Трамп во Белата куќа за да се заложи за продолжување на исплатите на странска помош со кои управува УСАИД, објави „Ен-би-си њуз“.
Гејтс, кој беше коосновач на непрофитната фондација „Гејтс“ во 2000 година, истакна дека бил на терен со УСАИД велејќи дека работата на Агенцијата обезбедила неверојатни придобивки.
УСАИД е основана 1961 година и е една од најголемите официјални агенции за помош во светот и има мисии во повеќе од 100 земји, пред сѐ, во Африка, Азија, Латинска Америка, Блискиот Исток и во Источна Европа.
Трамп на почетокот на февруари потврди дека ќе ја укине УСАИД откако неговата администрација објави дека размислува за спојување на УСАИД со Стејт департментот, со цел да го намали бројот на вработени во Агенцијата и да ги усогласи нејзините трошоци со политиката на Трамп – „Америка на прво место“.
Регион
Во Загреб пријавени 16 закани за бомби, од кои за 4 е потврдено дека се лажни
Денеска, во училиштата во Центар, Чрномерец, Трње, Максимир, Пешченица, Медвешчак и Нови Загреб се пристигнати вкупно 16 пријави за бомби, соопшти загрепската полиција.
Досега на пет локации истрагата не ги потврдила наводите за експлозивна направа.
Десетици училишта во Хрватска денеска добија закани за бомби, од кои речиси сите содржеа закани со спомнување Алах и кревање училишта во воздух.