Свет
Јошихиде Суга избран за нов премиер на Јапонија
Јапонскиот парламент избра нов премиер по повлекувањето на Шинзо Абе поради здравствени проблеми.
Нов јапонски премиер ќе биде Јошихиде Суга, долгогодишен соработник и помошник на Абе.
Суга (71), досегашен главен секретар во владата на Шинзо Абе, победи на изборите за претседател на владејачката Либерално-демократска партија во понеделникот отворајќи го патот за негово назначување за нов јапонски премиер.
Суга треба да ги претстави членовите на новиот кабинет во текот на денот, пренесува АП.
#BREAKING Japan parliament elects Yoshihide Suga new prime minister pic.twitter.com/uVctbvT3rv
— AFP news agency (@AFP) September 16, 2020
#UPDATES Japan’s parliament elects Yoshihide Suga prime minister, with the former chief cabinet secretary expected to stick closely to policies championed by Shinzo Abe during his record-breaking tenure https://t.co/BsfvhxSd6V pic.twitter.com/YXORmDXKA9
— AFP news agency (@AFP) September 16, 2020
Со парламентарните избори Суга стана првиот нов лидер во Јапонија по речиси осум години, кој, според „Ројтерс“, ќе се соочи со многу предизвици, вклучително и заживување на економијата загрозена од кризата предизвикана од Ковид-19.
Суга го истакна своето потекло како син на земјоделец, кој со својата работа ја достигна позицијата политичар, а исто така вети дека ќе им служи на интересите на обичните луѓе и руралните заедници.
Тој рече дека ќе продолжи да ја води незавршената политика на Абе и дека неговите приоритети ќе бидат борбата против коронавирусот и подобрувањето на економската состојба по пандемијата на коронавирусот.
Абе, кој поднесе оставка поради лошата здравствена состојба, пред официјалното менување на шефот на владата рече дека тој како пратеник ќе го поддржи кабинетот на Суга и му се заблагодари на народот за разбирањето и силната поддршка за новото раководство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

