Свет
Јужна Кореја забрани кафе и енергетски пијалаци во училиштата

Учениците и наставниците од jужнокорејските училишта ќе мора да најдат нов начин да останат будни бидејќи владата во петокот ја објави забраната за продажба на кафе во училишните објекти.
Од 2013 година е забрането на учениците да им се продаваат пијалаци со висок процент на кофеин, но на дистрибутерите им беше дозволено да ги снабдуваат наставниците со кафе, со што беше лесно да се заобиколат правилата што се однесуваат на учениците.
Од 14 септември, според новото правило, кафето и енергетските пијалаци што содржат кофеин ќе бидат забранувани и за учениците и за просветните работници, стои во соопштението на Министерството за лекови и безбедност на храна, со образложение дека се воведува бидејќи учениците често консумирале премногу кофеин за да може подолго да учат, што често резултирало со здравствени проблеми.
Забраната се однесува на кафулиња и апарати за кафе во основните и средните училишта, како и на факултетите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Групата Г7+ одржа итен состанок за помош на Украина по новите руски напади на енергетската инфраструктура

Групата Г7+, која беше формирана за координација и мобилизирање помош за Украина, одржа итен состанок по иницијатива на Министерството за енергетика на Украина. Причина за состанокот беа најновите масовни напади на Русија врз украинската енергетска инфраструктура, што дополнително ги влоши условите во земјата.
На состанокот присуствуваа повеќе од 100 претставници од земји и меѓународни организации, вклучувајќи ги САД, Канада, Германија, Франција, Холандија, Европската комисија, УНДП, Европската инвестициска банка (ЕИБ), Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), како и Секретаријатот на Енергетската заедница, соопшти Министерството за енергетика на Украина, пренесува Перши канал на украинскиот јавен сервис.
Украинската страна ги информираше меѓународните партнери за последиците од најновите руски напади, кои целеле на критична инфраструктура, вклучувајќи објекти во нафтениот и гасниот сектор. Заменик-министерот за енергетика, Роман Андарак, истакна дека со интензивирањето на руските напади, потребата од мобилизирање меѓународна поддршка е уште поголема.
„Мора да продолжиме да користиме ефикасни механизми кои веќе се покажаа како успешни за брзо обезбедување помош“, изјави Андарак.
Во текот на состанокот, беше нагласено дека приоритетните потреби на Украина вклучуваат брзо обновување на оштетената инфраструктура, како и обезбедување на дополнителни количини гас, енергетска опрема за поправки и реконструкција, и унапредување на физичките и воздушните одбранбени системи на земјата.
Претставниците на Г7+ ја потврдија својата поддршка за Украина и се согласија да одржат дополнителен состанок во блиска иднина за понатамошна координација на заедничките активности.
Групата Г7+ за енергетика во Украина беше формирана во ноември 2022 година со цел координирање на меѓународната помош во обновата и заштитата на украинската енергетска инфраструктура. Нејзиниот состав вклучува земјите-членки на Г7, Европската унија, како и други меѓународни организации како Светската банка, ЕБОР и УНДП.
Свет
САД ќе им нудат на тинејџерите мигранти 2.500 долари за доброволно враќање дома

Владата на САД планира да понуди 2.500 долари парична помош за тинејџерите мигранти кои доброволно ќе одлучат да се вратат во своите матични земји, јавува Си-Би-Ес њуз.
Во известувањето испратено од Министерството за здравство и социјална заштита во петокот, се наведува дека Министерството за внатрешна безбедност на САД ќе обезбеди еднократна помош „заради реинтеграција“ на мигранти без придружба, постари од 14 години, кои ќе одлучат доброволно да се вратат во нивната земја на потекло.
Оваа понуда се однесува исклучиво на малолетници кои се под надлежност на Канцеларијата за бегалци при Министерството за здравство, која е законски обврзана да ги смести во прифатилишта, згрижувачки семејства и други институции додека не наполнат 18 години или не им се најде соодветен старател.
Децата од Мексико не се опфатени со оваа мерка.
Според американските власти, повеќето малолетници кои сами ја преминале границата доаѓаат од Централна Америка без родители или законски старатели.
Доброволното враќање е посебен правен процес што мора да го одобри судија за имиграција, а грантот од 2.500 долари се исплаќа дури откако апликацијата ќе биде одобрена и детето ќе пристигне во својата земја.
Службата за имиграција и царина (ICE) вели дека програмата првично ќе им биде понудена на 17-годишници.
Оваа мерка е дел од пошироката стратегија на администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, насочена кон намалување на бројот на мигранти во САД, и преку присилни и доброволни депортации.
Свет
Израел се согласи на почетната линија на повлекување, се чека потегот на Хамас, објави Трамп

По повеќенеделни преговори, Израел се согласи на почетната линија на повлекување, објави на социјалната мрежа “Truth” лидерот на САД Доналд Трамп. Како што истакна, се чека последниот потег од Хамас.
„По преговорите, Израел се согласи со почетната линија на повлекување, која ја покажавме и споделивме со Хамас. Штом Хамас потврди, прекинот на огнот ќе стапи на сила веднаш, ќе започне размена на заложници и затвореници и ќе создадеме услови за следната фаза на повлекување, приближувајќи нè до крајот на оваа катастрофа долга 3.000 години. Ви благодарам за вниманието посветено на ова прашање и останете со нас!“ – напиша Трамп.
Инаку, Трамп ги испрати специјалниот американски пратеник Стив Виткоф и неговиот зет Џаред Кушнер во Египет за да преговараат за ослободување на израелските заложници од Газа.
Палестинското милитантно движење Хамас објави дека се согласува да ги ослободи сите живи заложници, да ги врати телата на мртвите заложници и да ја предаде администрацијата на Газа на палестинското тело на независни технократи, пренесува Ројтерс.