Свет
Јужна Кореја за севернокорејската ракета: „Очигледно е нов вооружен систем“
Северна Кореја лансира можеби нов модел на балистичка ракета, што предизвика паника во северна Јапонија, каде што на жителите им беше кажано да одат во засолништа иако подоцна се покажа дека нема опасност.
Ракетата прелета околу 1.000 километри, објави јужнокорејската војска нарекувајќи го лансирањето тешка провокација.
Максималната височина на траекторијата на ракетата не е официјално објавена, но јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“ објави дека се чини оти е помала од 3.000 километри – далеку под висината на некои севернокорејски тестови минатата година, кои надминаа 6.000 километри.
Војската на Јужна Кореја соопшти дека е во состојба на висока готовност и дека тесно се координира со својот главен сојузник, Соединетите Американски Држави, кои остро го осудија она што Белата куќа во соопштението го наведе дека е тестирање балистичка ракета со долг дострел.
Јужнокорејски воен претставник објави дека тестот очигледно вклучува нов систем за оружје прикажан на неодамнешните севернокорејски воени паради. Војската ги анализира траекторијата и дострелот на ракетата, а Министерството за одбрана рече дека тоа можело да биде проектил со цврсто гориво.
Северна Кореја работи на развој на повеќе ракети со цврсто гориво, кои се полесни за складирање и транспорт, а може да се лансираат без речиси никакво предупредување или време за подготовка.
Иако Северна Кореја претходно тестирала ракети со краток дострел и со цврсто гориво, таа сè уште не тестирала ракета со долг дострел од тој тип, изјави Брус Бенет, висок одбранбен аналитичар во американската корпорација РАНД.
Ракетата била лансирана од близина на Пјонгјанг, соопшти јужнокорејската војска, што значи дека можела да биде лансирана од меѓународен аеродром во близина на главниот град, местото на ракетно тестирање во 2017 година.
Јапонскиот премиер Фумио Кишида свика состанок на Советот за национална безбедност како одговор на лансирањето.
Јапонската крајбрежна стража соопшти дека проектилот паднал во морето источно од Северна Кореја. Министерот за одбрана, Јасуказу Хамада, рече дека се чини оти проектилот бил лансиран кон исток под висок агол и дека не може да потврди дали проектилот ја преминал ексклузивната економска зона на Јапонија.
Јапонските власти го укинаа предупредувањето за островот Хокаидо кога утврдија дека ракетата нема да слета во близина. Таму еден студент изјави за јапонската телевизија NHK дека алармот предизвикал итна паника на железничката станица.
Северна Кореја ги критикува неодамнешните заеднички воени вежби меѓу американските и јужнокорејските сили како ескалација на тензиите откога ги засили своите тестови на оружје во последните месеци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

