Свет
Јужна Кореја објави рекорден број новозаразени од коронавирусот

Втор ден по ред Јужна Кореја пријавува рекорден број нови инфекции со коронавирус, а зголемениот број хоспитализирани и починати го зголемува притисокот врз здравствениот систем.
Властите објавија 5.266 нови инфекции со коронавирус, од кои 4.100 се регистрирани во Сеул и околните области, каде што е исполнет повеќе од 90 отсто од капацитетот на одделот за интензивна нега на ковид-пациенти.
Во тешка или критична состојба рекордни 733 пациенти се заразени од коронавирусот, најмногу од почетокот на пандемијата. Во последните 24 часа починале 47 пациенти.
Брзото ширење на коронавирусот благодарение на делта-сојот доаѓа во време кога се појавува нова омикрон-варијанта на коронавирусот, која се смета за потенцијално позаразна од претходните и предизвикува загриженост дека пандемијата ќе трае.
Вчера, Јужна Кореја ги пријави првите пет инфекции со омикрон-сојот, регистрирани кај лица поврзани со пристигнувања од Нигерија, поради што владата ја зајакна граничната контрола.
Сите патници што доаѓаат од странство во следните две недели, без разлика на нивното државјанство и без разлика дали се вакцинирани или не, ќе мора да одат во карантин најмалку десет дена.
Владата во неделата забрани влез за странски патници од осум јужноафрикански земји и сега ја додаде Нигерија на листата.
Јужнокорејските власти планираат да ги тестираат сите меѓународни патници позитивни на коронавирусот.
Секој што ќе дојде во близок контакт со лице заразено од сојот омикрон ќе мора да биде ставено во карантин најмалку две недели, дури и ако е целосно вакцинирано.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Невреме во Црна Гора: Сè беше забелено

Невремето што денес ја погоди околината на Колашин во Црна Гора донесе неочекувани сцени за првиот дел од август, сè е покриено како со бела покривка, пишуваат медиумите во регионот.
Сепак, според написите, не станува збор за снег, туку за град што падна низ целата област.
Според проценките, на некои места слојот на град достигнува и до 15 сантиметри.
Овој августовски пејзаж е вистинска реткост во овој дел и не се памети во поновата историја, пренесуваат медиумите.
Дел од скијачките патеки исто така беше покриен со град, а невремето предизвика значителни штети на планинските патишта, што претставува дополнителен предизвик за локалните жители и туристите.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан: Не ја признаваме пресудата против Додик

Унгарија не ја признава конечната пресуда на Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина, со која беше потврдена првостепената одлука од февруари оваа година, објави премиерот на таа земја, Виктор Орбан.
„Унгарија не ја признава судската пресуда против претседателот Милорад Додик. Обидите на супервизорите назначени од ЕУ да го отстранат поради спротивставување на нивната глобалистичка агенда се неприфатливи. Тој е легитимен, избран лидер на Република Српска – ние цврсто се спротивставуваме на мешањето на Брисел во суверените прашања. Ништо не може да биде над волјата на народот“, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс.
Медиумите во регионот потсетуваат дека Апелациониот оддел на Судот на Босна и Херцеговина во петокот ја потврди првостепената пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, со која тој беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност поради непочитување на одлуките на Кристијан Шмит.
Свет
(Видео) Пукање во Лос Анџелес: има загинати и повредени

Најмалку две лица се убиени, а шест се ранети денес во пукање за време на забава по музички фестивал во центарот на Лос Анџелес, објавија властите.
Полицијата изјави дека едно лице осомничено за пукањето е уапсено.
LOS ANGELES MASS SHOOTING: Mass shooting after Hard Summer Music Festival afterparty in Inglewood, LA. 2 killed, 6 injured. pic.twitter.com/Rgra9sY59O
— Breaking911 (@Breaking911) August 4, 2025
Забавата беше промовирана на социјалните мрежи како неофицијална забава по фестивалот „Hard Summer”, викенд фестивал на техно музика што се одржува во Холивуд Парк, објави АП.
Нема информации за мотивот на нападот.
Полицијата објави дека отворила истрага.