Свет
Јужна Кореја ќе го легализира абортусот по 66-годишна забрана
Јужна Кореја ќе го легализира абортусот по 66-годишна забрана. Јужнокорејската забрана за абортус мора да биде укината до крајот на 2020 година. Ваквата одлука ја донесе Уставниот суд на земјата во четвртокот.
Седум од девет судии одлучија дека забраната на абортусот е неуставна. Потребни беа гласови на шест судии за да се укине забраната. Пратениците сега имаат рок до 31 декември 2020 година да го ревидираат законот. Прекинот на бременоста по 20. недела ќе остане нелегален.
Претходно, жените што имаа абортуси во Јужна Кореја можеа да се соочат со една година затвор и да бидат казнети со глоба од 1.780 долари, а лекарите или здравствените работници што помогнале во прекинувањето на бременоста можеа да бидат затворени до две години. Обвиненијата биле ретки, не се случувале.
Три четвртини од жените на возраст од 15 до 44 години сметаат дека законот е неправеден, според резултатите од истражувањето што го објави Корејскиот институт за здравство и социјални прашања. Околу 20 отсто од испитаниците рекле дека имале абортус и покрај тоа што е нелегално.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.