Свет
„Њујорк тајмс“: Обвинителот ги испраша главните соработници на Бајден
Клучните соработници на Џо Бајден, вклучително и советникот за национална безбедност, Џејк Саливан, и поранешниот шеф на кабинетот на Белата куќа, Рон Клајн, биле испрашани од специјалниот советник Роберт Хур, кој го истражува начинот на кој претседателот постапувал со доверливи документи, објави вчера „Њујорк тајмс“.
Официјални лица работеа со него на крајот од неговиот мандат како потпретседател и сега беа испрашувани за тоа како се чувале владините документи во тинк-тенк канцеларијата што беше основана за Бајден откако тој ја заврши должноста потпретседател и во неговиот дом во Делавер, пишува весникот.
Покрај Саливан и Клајн, обвинителите разговарале и со Стив Рикети, врвен помошник во Белата куќа, државниот секретар Антони Блинкен и Мајкл Карпентер, поранешен извршен директор на центарот „Пен Бајден“, каде што биле пронајдени некои од документите, се додава во извештајот, повикувајќи се на луѓе запознаени со случајот. Разговорот на Блинкен беше објавен претходно оваа недела од „Еј-би-си њуз“.
Во јануари американскиот обвинител Мерик Гарланд го назначи Хур за специјален советник да го испита несоодветното складирање доверливи документи во домот и поранешната канцеларија на демократот Бајден.
Пошироката истрага за ракувањето со доверливите документи го таргетира и главниот потенцијален ривал на Бајден на изборите во 2024 година, поранешниот претседател Доналд Трамп, кој е обвинет во сопствен случај. Трамп, републиканец, исто така се соочува со три одделни обвиненија поврзани со тајни плаќања, наводно направени кон порноѕвезда, и обиди да се поништи исходот од изборите во 2020 година.
Претходно вчера, републиканците што ја водеа истрагата за импичмент против Бајден ги детализираа странските исплати на членовите на неговото семејство на нивното прво сослушување, но не дадоа докази дека демократскиот претседател лично имал корист.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви
Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз што доаѓаше од спротивната насока. Полицијата се сомнева во убиство и започна истрага, а според првичните информации, сторителот и жртвата не се познавале, пишува Шпигел.
Според досегашните сознанија на полицијата, жртвата е 18-годишна девојка која чекала на перонот воз во правец на центарот на градот.
Сторителот, 25-годишен маж по потекло од Јужен Судан, стоел одвоено од неа. Во еден момент, тој одеднаш ѝ се приближил, ја зграпчил и, од сè уште непознати причини, ја влечел на шините, точно пред возот што влегувал во станицата. Двајцата починале на местото на несреќата.
Свет
46 жртви во железничката несреќа во Шпанија
Смртта на 43-годишна жена која била на одделот за интензивна нега во болницата Реина Софија во Кордоба го зголеми бројот на жртви во железничката несреќа кај Адамуз, која се случи на 18 јануари, на 46, соопштија владини извори.
Дваесет и осум од вкупниот број жртви биле од провинцијата Уелва, пренесе „Паис“.
Жртвата, жителка на Ла Палма дел Кондадо, била меѓу патниците на возот Алвија од Мадрид. Во моментот на несреќата се враќала по полагање испит за затворски чувар. По несреќата била на интензивна нега поради сериозни проблеми со белите дробови.
Од вчера, 16 од 126-те повредени патници и понатаму се во болниците во Андалузија, од кои двајца се на интензивна нега. Андалузиската здравствена служба извести за уште едно отпуштање од болница и за еден пациент кој го напуштил одделот за интензивна нега.
Поради смртта на најновата жртва, шпанската влада одлучи да ја одложи државната комеморација закажана за денеска. Шпанскиот премиер Педро Санчез вети дека државата ќе продолжи со истрагата и ќе им дава поддршка на семејствата погодени од трагедијата.
Свет
Пак загинати во израелски напади во Газа
Најмалку 12 Палестинци утрово загинаа во израелски напади на јужниот и северниот дел на Појасот Газа, соопштија болниците во Газа.
Ова е еден од израелските напади со најголем број жртви откако стапи во сила примирјето во Појасот Газа на 10 октомври.
Во нападите се погодени локации на северот и југот на Појасот Газа, вклучувајќи станбена зграда во градот Газа и шатор во Кан Јунис, рекле официјални претставници на болниците. Тие навеле дека меѓу жртвите има две жени и шест деца.
Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500 Палестинци се убиени во израелски напади од почетокот на примирјето на 10 октомври.

