Свет
„Њујорк тајмс“: Трамп тргна по чекорите на Обама
Иако не постои, но ако постои барем некаква сличност меѓу политиката на сегашниот и поранешниот американски претседател, Доналд Трамп и Барак Обама тогаш тоа е стратегијата за повлекување на војниците од Блискиот Исток, пишува „Њујорк Тајмс“.
Оттаму додаваат дека токму таква е сега и ситуацијата со повлекувањето на војниците од Сирија, која веднаш по донесувањето на одлуката на претседателот Трамп тој и неговата одлука се најдоа на критика на меѓународната и домашната јавност.
„Тогашната стратегија на Обама, која на терен подразбираше слабеење на локалните партнери, со употреба на воздухопловните сили во одбрана на интересите на Вашингтон во тој дел од светот, а попатно и славењето поради враќањето на американските турпи дома за време на новогодишните празници звучи сосема слично на она што беше слушнато од Белата куќа во последниве денови“, тврди „Њујорк тајмс”.
САД пред неколку дена соопштија дека Исламската држава во Сирија е поразена и администрацијата на Трамп одлучила да ги повлече своите војници од Сирија. Вчера неофицијално тамошните медиуми објавија дека САД се подготвуваат и за повлекување на дел од своите војници и од Авганистан. Одлуката на америкаснкиот претседател во голема мера беше искритикувана од голем број светски лидери, но имаше и такви кои го поддржаа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмалку десет луѓе загинаа во автобуска несреќа во Мексико
Најмалку 10 лица загинаа, а 20 се повредени во синоќешната автобуска несреќа што се случи во западната мексиканска држава Мичоакан.
Несреќата, чија причина сè уште е непозната, се случила на патот помеѓу главниот град на државата Морелија и селото Пацкуаро. Спасувачките операции и медицинската помош се на местото на несреќата.
Сообраќајните несреќи во Мексико изминатите години бележат пораст, а главни причини се пребрзото возење и лошото одржување на возилата. Во септември, цистерна што превезувала речиси 50.000 литри бензин експлодираше под надвозник на автопат во главниот град Мексико, при што загинаа десетици луѓе.
Регион
Еден загинат во поплавите во Албанија по обилните дождови
Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес албанската полиција.
Полицијата објави дека тело на жена (76) е пронајдено откако нивото на водата се повлекло во поплавената југоисточна општина Девол.
Поплавите предизвикаа најголема штета во руралните региони на југот на Албанија, а во селото Душар 30 семејства беа отсечени, бидејќи патиштата беа непроодни поради поплавите.
Свет
Италијанскиот министер: Американскиот план за Украина содржи услови што никогаш не би можеле да бидат прифатени
Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави дека американскиот мировен план од 28 точки за Украина е премногу оштар и дека содржи елементи кои никогаш не можат да бидат прифатени. Во објава на мрежата Икс тој наведе дека е важно тоа што и Русија и Украина разговараат за планот, но дека предлогот претставува тешка понуда за Киев.
Крозето додаде дека документот може да послужи како почетна точка за преговори и за обновување на дијалогот. Според него, целта е итно запирање на конфликтот.
Украинскиот претседател претходно предупреди дека се соочува со тежок избор, а европските лидери изразија загриженост дека предложените ограничувања би ја оставиле Украина ранлива на идни напади.

