Свет
Ќерката на Трамп би можела да стане претседателка на Светската банка

Иванка Трамп, која е ќерка на американскиот претседател, Доналд Трамп, е една од кандидатите за претседателската фотелја во Светската банка. Како што пишува „Бизнис Инсајдер“, таа би можела да дојде на оваа позиција, по оставката на досегашниот претседател, Џим Јонг Ким.
Како други канидати за водење на Светската банка се споменуваат секретарот на Министерството за финансии на САД, Дејвид Малапс, директорот на УСАСИД, Марк Грин и поранешната амбасадорка на САД во ОН, Ники Хејли.
На 1 февруари актуелниот претседател на Светска банка си заминува од функцијата, а времен шеф е Кристалина Георгиева. Изборот на нов претседател ќе се случи на средината од април.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Жена во Велика Британија прва прими нов лек против дијабетес

Мајка на две деца е првата возрасна личност во Велика Британија што ќе прими револуционерен лек што може да ја одложи потребата од инсулин кај пациенти со дијабетес.
Хана Робинсон (36) прими „теплизумаб“ во Фондацијата за здравствена заштита на Универзитетот „Ројал Девон“ – NHS откога за време на нејзината бременост беше откриено дека е во раните фази на развој на дијабетес тип 1.
Кај дијабетес тип 1 имунолошкиот систем ги напаѓа клетките во панкреасот што произведуваат инсулин, што значи дека телото повеќе не може да го регулира нивото на шеќер во крвта и луѓето со оваа состојба треба да земаат инсулин секој ден. Ако шеќерот во крвта е превисок или пренизок, тоа може да предизвика сериозни здравствени проблеми, па дури и смрт.
„Теплизумаб“ веќе е одобрен во САД и дејствува така што му кажува на имунолошкиот систем да престане да ги напаѓа клетките на панкреасот одложувајќи ја потребата за инсулин за просечно три години. „Теплизумабот“ мора да се дава во најраната фаза од болеста за да биде ефикасен, објавува „Индипендент“.
„За мене, овој нов лек значи поголема слобода и можност да се фокусирам на моето здравје пред да морам да земам инсулин секој ден. Не станува збор само за тоа што јадам или како ја следам мојата гликоза, туку за можноста да имам поголема контрола и да не се чувствувам дефинирана од мојата состојба“, рече Робинсон додавајќи:
„Овој третман потенцијално би можел да го отвори патот за иден лек за дијабетес тип 1, што е неверојатно. Се чувствувам многу среќно што сум дел од ова“.
Фото: Royal Devon University Healthcare NHS Foundation Trust
Свет
Руските медиуми: Министерот се самоуби откога Путин го разреши; Кремљ: Шокирани сме

Кремљ денес објави дека е шокиран од ненадејната смрт на поранешниот руски министер за транспорт Роман Старовоит неколку часа откога претседателот Владимир Путин го разреши.
Старовоит беше пронајден мртов во својот автомобил надвор од Москва со прострелна рана, а водечката хипотеза е дека си го одзел животот, рекоа државните истражители.
Кога беше прашан за смртта на Старовоит, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Путин бил информиран за инцидентот и ја опиша веста како трагична и тажна. „Не може, а да не ги шокира обичните луѓе. Секако, и нас нè шокира. Во тек е истрага што ќе одговори на сите прашања“, рече Песков одбивајќи да шпекулира за причината за смртта на Старовоит.
Во претседателскиот декрет објавен вчера не е наведена причината за разрешувањето на Старовоит по нешто повеќе од една година на функцијата иако политичките аналитичари се сомневаат дека разрешувањето е поврзано со истрагата за корупција во Курскиот Регион, со кој тој некогаш управувал.
„Ројтерс“ не можеше независно да ги потврди овие сомневања, но извор од транспортната индустрија, кој сакаше да остане анонимен поради чувствителноста на случајот, рече дека позицијата на Старовоит била доведена во прашање со месеци поради скандалот со корупција.
Истрагата се фокусира на тоа дали 19,4 милијарди рубли (речиси 210 милиони евра), што беа наменети за зајакнување на границите на Русија со Украина во Курскиот Регион во 2022 година, биле правилно потрошени или дел од тие пари бил проневерен.
Свет
(Видео) Нови кинески авиони снимени во лет: ги споредуваат со најсмртоносниот американски „Ф-35“

Најновите снимки ги прикажуваат кинеските борбени авиони од петтата генерација „J-35A“ во служба на војската на Народна Република Кина бидејќи САД сè повеќе го фокусираат своето одбранбено внимание на Индо-пацифичкиот Регион и можните кинески воени планови кон Тајван.
Авионот е во развој во рамките на кинеската воена индустрија веќе некое време, а првпат беше јавно прикажан во ноември минатата година на голем аеро-саем откога претходно беше претставен неговиот поморски модел „J-35“ за носачи на авиони.
China’s 5th generation J-35A stealth jet officially entered service with the PLAAF’s 1st Air Brigade, joining J-20s. pic.twitter.com/Ct2EuTdyve
— Clash Report (@clashreport) July 7, 2025
Авионот „J-35A“ припаѓа на петтата генерација борбени авиони, опремен е со напредни сензори, авионика и е дизајниран да биде невидлив за непријателските радари и да ја пробива непријателската воздушна одбрана.
Кинеските државни медиуми го опишуваат како полесен и поразновиден од веќе постојните кинески стелт-авиони „J-20“, со можност за справување со копнени и морски цели.
A formation of Chinese J-16D Electronic Warfare (EW) aircraft, J-20 Stealth Air Superiority Fighters, and J-35A Stealth Multirole Fighters flying over Beijing. pic.twitter.com/pYuBXCxv14
— OSINTWarfare (@OSINTWarfare) July 7, 2025
Авионот често се споредува со американскиот „Ф-35“, кој производителот Lockheed Martin го опишува како „најсмртоносниот и најспособен борбен авион во светот“. „Ф-35“ се продава на сојузниците на САД во целиот свет, а САД го користат и „Ф-22 рапорт“, кој не се извезува.
Како и САД, и Кина сега управува со два стелт-борбени авиона – „J-20“ и „J-35“, а двете сили веќе работат на нова генерација уште понапредни авиони со подобрена автоматика, помала видливост и посилно оружје.