Свет
„Ќе активираме бомба ако лидерот на опозицијата не биде убиен до среда“ – функционерите во Јужна Кореја добија морничави пораки

Националното собрание на Јужна Кореја денеска беше евакуирано поради закана за бомба.
Наводно, голем број владини функционери добиле е-пошта, во која му се закануваат на јужнокорејскиот опозициски лидер, Ли Џае Мјунг, со бомба.
Според јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“, непознатите напаѓачи преку е-пошта се заканиле дека ќе активираат бомба во библиотека во Сеул доколку Ли не биде убиен до 15.34 часот в среда.
По евакуацијата на парламентот, полицијата испрати екипа за деактивирање бомби да трагаат по евентуален експлозив во собранието.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Ќе преговарам со Кина за „Тик-ток“, Кси и јас имаме одличен однос

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ќе започне разговори со Кина за можен договор за „Тик-ток“ во понеделник или вторник. Тој рече дека Соединетите Држави речиси имаат постигнатовдоговор за продажба на апликацијата за кратки видеа.
„Мислам дека ќе почнеме во понеделник или вторник… разговори со Кина, можеби со претседателот Ксии или еден од неговите претставници, но речиси имаме договор“, изјави Трамп пред новинарите на авионот „Ер Форс Уан“.
Минатиот месец, Трамп го продолжи рокот до 17 септември за кинеската компанија „Бајт денс“ да се ослободи од активностите на „Тик-ток“ во САД.
Оваа пролет беше во подготовка договор за одвојување на американските операции на „Тик-ток“ во нова компанија со седиште во САД, во мнозинска сопственост и управувана од американски инвеститори, но беше ставен на чекање откако Кина посочи дека нема да го одобри по најавите на Трамп за високи царини за кинески стоки.
Трамп рече дека Соединетите Држави веројатно ќе треба да добијат одобрение од Кина за договорот. На прашањето колку е уверен дека Кина ќе се согласи со договорот, тој рече: „Не сум сигурен, но мислам дека ќе се согласат. Претседателот Кси и јас имаме одличен однос и мислам дека е добар за нив. Мислам дека договорот е добар за Кина и е добар за нас.“
Свет
(Видео) Украина и Русија разменија заробеници

Украина и Русија денес одржаа нова размена на воени затвореници според јунскиот договор, без да го откријат нивниот број.
Двете земји неколку пати разменија воени затвореници во последните недели, што е единствената област на соработка меѓу двете завојувани страни кои не постигнуваат напредок во мировните преговори, според медиумите.
„На 4 јули, нова група руски војници се врати од територијата контролирана од режимот во Киев“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Објави видео на кое се прикажани околу петнаесет војници опкружени со знамиња и извикуваат „Русија“ во автобус.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, ја потврди размената, велејќи дека повеќето од затворениците биле во руско заробеништво од 2022 година, вклучувајќи и цивили.
„Размените мора да продолжат. Целта на Украина е да ги ослободи сите наши сонародници притворени во Русија“, напиша Зеленски на апликацијата Телеграм.
На 2 јуни, Киев и Москва се согласија да ги ослободат сите воени заробеници под 25 години и тешко ранетите, како и да ги вратат останките на паднатите борци, што беше единствениот позитивен исход од разговорите во Истанбул.
Двете страни неодамна престанаа да откриваат информации за ослободените затвореници.
Свет
(Видео) Трамп на митинг: Демократите ме мразат, но и јас ги мразам, не можам да ги поднесам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно предизвика бран реакции со шокантна изјава, пишуваат светските медиуми.
„Тие ме мразат, но и јас ги мразам“.
Зборувајќи на митинг во Ајова, Трамп коментираше за фактот дека демократите не го поддржаа неговиот закон, кој го нарекува „одличен, прекрасен закон“. Во таа пригода, тој рече: „Тие го мразат Трамп, но и јас ги мразам, знаете? Навистина не можам да ги поднесам. Бидејќи верувам дека ја мразат нашата земја“.
BREAKING: In a shocking moment, Trump declares that he is unable to be a President to ALL Americans, as he hates Democrats. "They hate Trump, but I hate them too. I really do, I hate them. I can’t stand them."
What a small, hateful man. pic.twitter.com/hUKIGMs9g5
— Really American 🇺🇸 (@ReallyAmerican1) July 4, 2025
Изјавата веднаш предизвика остри реакции, особено од демократската страна. Ова не е прв пат Трамп да користи слична реторика кон политичките противници. Така, неодамна го нарече демократскиот кандидат за градоначалник на Њујорк, Мамдани, „луд комунист“, според написите во медиумите.
Конгресот вчера го одобри законот на Трамп, кој демократите го нарекоа „одвратна гнасотија“. Трамп тврди дека ќе ја зајакне Америка со даночна реформа и инвестиции во војската и безбедноста, додека демократите предупредуваат на укинување на бројни социјални мерки, даночни олеснувања за најбогатите и дополнително зголемување на огромниот американски јавен долг.