Свет
Џонсон за Путин: Никогаш нема да може да ја избрише украинската крв од рацете

Борис Џонсон во моментот ѝ се обраќа на јавноста во долниот дом во врска со рускиот напад врз Украина.
Тој рече дека Путин денеска имал уште едно телевизиско обраќање во кое понудил апсурден изговор дека сака да ја демилитаризира и денационализира Украина.
„Тој, всушност, напаѓа мирен сосед прекршувајќи ги неговото имплицитно ветување и секој цивилизиран принцип на однесување меѓу државите.
Џонсон додаде дека Путин никогаш нема да може да ја избрише украинската крв од рацете.
„Сега го гледаме онаков каков што е, крвав агресор кој верува во империјализам“, рече Џонсон.
Тој додаде дека Велика Британија прави сѐ за да го зачува мирот и да ја поддржи Украина.
Тој најави и дека Велика Британија ќе ги воведе најголемите и најстроги пакет-санкции што некогаш биле видени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кина повика на итен прекин на огнот: „Ова особено важи за Израел“

Kина ги повика сите страни на Блискиот Исток, особено Израел, веднаш да престанат со борбите, пренесе АФП.
Изјавата доаѓа во време кога продолжува размената на оган меѓу Иран и Израел, а американскиот претседател Доналд Трамп размислува за можното учество на САД во конфликтот.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Гуо Џиакун рече: „Кина силно ги повикува сите страни вклучени во конфликтот, особено Израел, да ги стават интересите на народот во регионот на прво место, веднаш да го прекинат огнот и да го прекинат конфликтот“.
Тој додаде дека Пекинг се противи на секој чин кој го нарушува суверенитетот, безбедноста и територијалниот интегритет на другите земји, како и употребата или заканата со сила во меѓународните односи.
Свет
Иран им се заканува на САД: Ако се вмешате, ќе им одржиме лекција на агресорите

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, издаде предупредување до САД, додека американскиот претседател Доналд Трамп размислува дали САД ќе се приклучат на израелските напади врз нуклеарните постројки на Иран.
„Доколку САД активно се вклучат во поддршката на Израел, Иран нема да има избор и ќе мора да ги искористи своите капацитети за да им одржи лекција на агресорите за да се одбранат“, рече Гарибабади, според иранските државни медиуми.
Тој препорача Вашингтон, ако не сака да ги запре израелските напади, барем да не се меша. Додаде дека воените команданти на Иран ги имаат сите опции на маса.
Свет
„Гардијан“: Откриено е зошто Трамп се двоуми за напад врз Иран

Според „Гардијан“, Трамп сè уште размислува за можен американски напад врз Иран бидејќи не е убеден дека таканаречената бомба „разбивач на бункери“ всушност ќе го уништи клучниот нуклеарен објект на Иран, Фордоу.
Според „Гардијан“, Трамп им рекол на претставниците на Пентагон дека воениот напад би имал смисла само ако има гаранција дека GBU-57, бомба од 13,6 тони, може целосно да го уништи објектот, кој се наоѓа длабоко под земја. Иако му било кажано дека нападот најверојатно ќе го елиминира Фордоу, претседателот сè уште не дал зелено светло, надевајќи се дека заканата од вмешаност на САД ќе го принуди Техеран да преговара.
Клучниот нуклеарен комплекс на Иран
Фордоу се смета за критичен дел од нуклеарната програма на Иран, особено откако Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) утврди дека објектот збогатува ураниум до чистота од 83,7 проценти – многу блиску до границата од 90 проценти потребна за производство на нуклеарно оружје.
„Гардијан“ забележува дека уништувањето на Фордоу – или преку дипломатија или воздушен напад – во Вашингтон би се сметало за клучна цел во запирањето на нуклеарната програма на Иран.
За разлика од Соединетите Американски Држави, Израел нема капацитет да изврши таков удар: нема бомби со доволен потенцијал за пенетрација и нема авиони што би можеле безбедно да достават таков товар на таква длабочина. Затоа, евентуалниот напад врз Фордоу неизбежно би барал директна воена интервенција на САД.