Свет
Џо Бајден пристигнува во Полска
По самитот на лидерите во Брисел чија цел беше да се покаже дека Западот е обединет против Русија, претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, оди во Полска за да договори план за бегалците.
За време на посетата, американскиот претседател ќе се сретне со претседателот Анджеј Дуда за да му се заблагодари за се што прави полскиот народ и ќе разговара за координиран хуманитарен одговор, изјави за новинарите портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.
Бајден утрово ќе се сретне со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен и се очекува да објави план за испорака на огромни количини течен природен гас за да се намали зависноста на Европа од руската енергија. После тоа ќе замине за Полска.
Бајден вчера рече дека неговата амбиција е да обезбеди целосно единство на демократските земји кои се соочуваат со се помоќни автократии.
„Мојата амбиција е да се обезбеди целосно, целосно единство на демократиите против се помоќните автократии“, рече Бајден, присуствувајќи на самитот на лидерите на ЕУ на кој беше поканет како гостин.
Пред тоа, тој учествуваше на самитот на лидерите на НАТО и Г7.
Тој посочи дека крајната цел на рускиот претседател Владимир Путин „од самиот почеток беше распадот на НАТО“.
„Неговата главна цел е да покаже дека демократиите не можат да функционираат во 21 век и дека ќе владеат автократии“, рече тој.
На самитот Бајден разговараше со европските лидери за дополнителни санкции против Русија и односите со Кина, која одби да ја осуди руската агресија врз Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Земјотрес од 4,9 степени во Мексико
Мексико денес беше погодено од земјотрес со јачина од 4,9 степени по Рихтер, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според извештаите, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и на 45 километри од Акапулко. Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.
JUST IN: 4.9 magnitude earthquake struck Guerrero, Mexico, tremors felt across multiple cities pic.twitter.com/zTJzvWx0LC
— Rapid Report (@RapidReport2025) January 16, 2026
Според исказите на очевидци објавени на веб-страницата на ЕМСЦ потресот бил почувствуван силно, креветите се нишале, а луѓето се буделе, бидејќи земјотресот се случил кратко пред 1 часот наутро по локално време.
Свет
Автобус удри во зграда во центарот на Сеул
Патнички автобус удри во зграда во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, објави Ројтерс, повикувајќи се на локални извори.
Според јужнокорејската новинска агенција Јонхап, во инцидентот се повредени 11 лица, а двајца од повредените се во тешка состојба и се префрлени во болница.
Телевизиските снимки од местото на настанот покажаа голем автобус, а предниот дел заглавен во стаклената фасада на зграда. Се чини дека возилото поминало низ широк дел од пешачката зона пред да удри во зградата.
Полицијата соопшти дека во овој момент нема индикации дека возачот бил под дејство на алкохол, но дека планираат да спроведат тест за дрога додека трае истрагата за причината за несреќата.
Фото: ЕПА
Свет
Прекинот на интернетот во Иран трае веќе втора недела
Прекинот на интернетот во Иран влезе во втората недела, а според организацијата „Нет блокс“, режимот го блокирал пристапот до мрежата повеќе од 180 часа.
Иако можноста за повици во странство беше обновена претходно оваа недела, интернет услугите сè уште се недостапни.
Ваквата ситуација го отежнува, иако не и целосно невозможно, добивањето информации, слики и видеа од земјата во реално време. Во исто време, им помага на властите во Техеран во обидот да го контролираат наративот за протестите и немирите.
Фото: depositphotos

