Свет
(🔴Во живо) Лавата на Исланд гори сѐ пред себе, по улиците тече како река
Лавата изгоре неколку куќи во исландскиот град Гриндавик.
На видеата се гледа дека се излеало на градските улици и стигнало до куќите кои веднаш се запалиле.
Градоначалникот Фанар Јонасон ја нарече новата ерупција на вулканот „голем и сериозен шок“ за населението.
– Ситуацијата не изгледа добро бидејќи е релативно краток пат лавата да стигне до градот – рече Јонасон.
Шефот на цивилната заштита Видир Рејнисон рече дека лава течела кон водоводните цевки и доводите за струја, но не е јасно дали тие биле погодени.
Овде можете во живо да следите што се случува на Исланд и како лавата влегува во првите куќи:
Стравични видеа масовно се споделуваат на споцијалните мрежи:
❗🌋🇮🇸 – Iceland's volcano has erupted for the second time, now being dangerously close to the city of Grindavík. pic.twitter.com/0vIWk5fjrH
— 🔥🗞The Informant (@theinformantofc) January 14, 2024
NEW: A volcano has erupted in Iceland sending molten lava towards the town of Grindavík.
Molten rock is spewing out of fissures in the ground.
“Right now, a new fissure opened south of the first fissure from this morning. The new crack is just outside the town limits,” said… pic.twitter.com/OszYgsCWkx
— Collin Rugg (@CollinRugg) January 14, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.
Свет
Околу 130.000 домаќинства и компании во Сан Франциско останаа без струја
Околу 130.000 домаќинства и компании во американскиот град Сан Франциско вчера останаа без електрична енергија. Напојувањето со електрична енергија постепено се стабилизира и сега речиси 20.000 потрошувачи се без струја.
Електрична енергија немаше во северниот дел од градот, поради што беа затворени голем број продавници и ресторани, а нарушен беше и градскиот транспорт.
Компанијата „Пацифик гас енд електрик“ ((Pacific Gas and Electric, PG&E), соопшти дека се истражува причината за масовниот прекин на електричната енергија, додавајќи оти се стабилизира електричната мрежа и не се очекуваат нови прекини.
Според противпожарната служба, дел од прекините беа предизвикани од пожар што избувна во потстаница на ПГ&Е.
Свет
Зеленски бара уште една средба со европските сојузници
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека поддржува да се одржи нова средба со европските сојузници по состанокот на украинската делегација и американските претставници во Мајами, Флорида.
Постои општо чувство дека по работата на нашиот дипломатски тим во САД, сега треба да одржиме консултации со европските партнери во поширок формат, објави Зеленски на платформата Икс, по телефонскиот разговор со норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе.
Зеленски разговорите во Мајами ги опиша како конструктивни и оти е забележан брз напредок.
Тој обвини дека Русија не сака да ја заврши војната и за една недела руските сили употребиле речиси 1.300 борбени дронови, околу 1.200 бомби и девет крстосувачки и други ракети врз Украина.

