Свет
10 лица починаа на погреб во Перу, осум се наоѓаат во критична состојба

Најмалку десет лица го загубија животот, а десетици други се заболени откако јаделе заразена храна на погребот во перуанските Анди, соопштија властите.
Се чини дека храната бил заразена со пестициди, изјави министерката за здравство, Силвија Пехаш.
Од 50 пациенти заразени на погребот во селото Сан Хозе, десетмина починале, а осум се наоѓаат во критична состојба.
Властите ги пренеле пациентите од локалната болница во селото во јужниот дел на Андите.
Министерката за здравство додаде дека во последниве неколку месеци биле забележани уште два други случаи со заразена храна во таа област.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Захарова го нападна финскиот претседател: „Не знам како Финците сè уште го толерираат“

Изјавите на финскиот претседател Александар Стуб за „победата“ над СССР во 1944 година се опскурантизам, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, прашувајќи се како е можно „Финците сè уште да го трпат тоа“.
Захарова ги даде овие забелешки во интервју на маргините на Источниот економски форум, објави руската државна новинска агенција ТАСС.
Реакцијата на Москва дојде откако Стуб во интервју за „Економист“ изјави дека Финска ја добила војната со Советскиот Сојуз во 1944 година затоа што успеала да ја зачува својата независност.
„Погледнете ги изјавите на Стуб, претседателот на Финска. До што дојде тој? Дека тие, Финците, дури и не знам како Финците сè уште го толерираат, склучија договор со Русија, со Советскиот Сојуз, во 1944 година, а сега веќе дојде до точка дека Финска наводно извојувала победа над Советскиот Сојуз во 1944 година. Ова е генерално некаков опскурантизам, едноставно е исто како да се каже дека два пати два е четириесет и осум, разбирате ли?“ – рече таа.
Захарова додаде дека ваквите изјави се дозволени затоа што „денес тоа е посакувано“.
фото: принтскрин
Свет
Трамп кажа дека Путин и Кси се во заговор против САД, стигна одговор од Русија

Советникот на рускиот претседател Дмитриј Ушаков ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Владимир Путин, Ким Џонг Ун и Кси Џинпинг се во заговор против Америка.
Кога започна воената парада во Пекинг, Трамп напиша на неговата социјална мрежа: „Нека претседателот Кси и прекрасниот народ на Кина имаат голем и траен ден на прослава. Ве молам, пренесете ги моите топли поздрави до Владимир Путин и Ким Џонг Ун додека кроите заговор против Соединетите Американски Држави.“
На прашањето за овие изјави, Ушаков одговори: „Сакам да кажам дека не се планирани никакви заговори, никој не крои заговори, воопшто нема заговори, а згора на тоа, ниту еден од овие тројца лидери дури и не помислил на такво нешто.“
Тој додаде: „Можам да кажам дека сите ја разбираат улогата што ја играат Соединетите Американски Држави, сегашната администрација на претседателот Трамп и самиот претседател Трамп во денешната меѓународна динамика.“
фото: принтскрин
Свет
Самоубиствен бомбашки напад на политички митинг во Пакистан: најмалку 13 мртви

Најмалку 13 лица се убиени, а 35 се повредени по експлозија на политички митинг во југозападен Пакистан организиран од Националната партија на Белуџистан (БНП).
Адвокатот Саџид Тарин, вршител на должноста претседател на БНП, изјави дека според прелиминарните информации, загинале 13 работници на БНП. „Ова беше самоубиствен напад бидејќи полицијата ја пронајде главата на бомбашот“, им рече тој на новинарите во Квета.
Дневниот весник Dawn го цитираше д-р Васим Баиг од локалната болница во Квета како потврдува дека се примени 13 тела.
Сепак, полициската станица Саријаб соопшти дека досега има детали за 11 мртви и 35 повредени.
Провинцијата богата со минерали, вклучувајќи ја и Квета, долго време е жариште на насилство, а безбедносните сили се борат со бунт со низок интензитет.
фото: принтскрин