Свет
119 лица загинаа за еден ден во поплавите во Пакистан, земјата бара помош

Пакистан бара дополнителна меѓународна помош поради поплавите што ја пустошат земјата додека луѓето се обидуваат да стигнат до суви делови од земјата.
Бројот на загинати во монсунските дождови се искачи на 1.033 – 119 лица загинаа во последните 24 часа, соопшти Националната служба за катастрофи.
Америка, Велика Британија, Емиратите и други земји одговорија на повиците за помош, но потребни се повеќе средства, велат властите.
Официјалниот претставник на Министерството за внатрешни работи, Салман Суфи, изјави за Би-Би-Си дека на земјата и е очајна потребата од меѓународна помош.
„Пакистан се бори со економски проблеми, но сега кога требаше да ги надминеме, нѐ погоди монсунската катастрофа“, рече тој.
Средствата од многу развојни програми се пренасочени за луѓето погодени од поплавите, додаде тој.
Според извештаите на локалните медиуми, пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф најави 45 милиони долари помош за најтешко погодената провинција Хајбер Пахтунхва.
Секое семејство ќе добие 112 долари во рок од една недела, рече Шариф.
Во северозападниот дел на земјата, илјадници луѓе ги напуштија своите домови бидејќи реките се излеаја од коритата, предизвикувајќи сериозни поплави.
„Куќата за која работевме напорно да ја изградиме со години е потопена пред нашите очи“, изјави Хунајд Кан за новинската агенција АФП.
„Седевме покрај патот и гледавме како нашата куќа од соништата исчезнува.
Провинцијата Синд во југоисточниот дел на земјата исто така беше тешко погодена – илјадници луѓе мораа да ги напуштат своите домови.
Претседателот Шариф вели дека поплавите погодија 33 милиони луѓе – околу 15 отсто од населението во земјата.
Тој додаде дека штетите од поплавите може да се споредат со поплавите од 2010-2011 година, кои досега беа најлошите забележани досега.
Државните власти ги обвинуваат климатските промени за поплавите,пренесе Денес.рс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Фајненшл тајмс“: Зеленски можно е оваа недела да го посети Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп може да го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски оваа недела, објави новинарот на „Фајненшл тајмс“, Кристофер Милер, повикувајќи се на три извори.
Според Милер, средбата би можела да се одржи во петок, на 17 октомври, но други детали засега не се познати.
Двајцата лидери последен пат се сретнаа во септември за време на Генералното собрание на ОН во Њујорк, а во последните денови имале два телефонски разговора, меѓу другото и за можната испорака на американски крстосувачки ракети „Томахок“ на Украина.
Паралелно, украинската делегација предводена од премиерката Јулија Свириденко започнува недела на преговори со американските претставници во Вашингтон.
Свет
Скандал во Индија: Талибански министер не ги повикал новинарките на прес-конференција

Талибанскиот министер за надворешни работи на Авганистан, Амир Кан Мутаки, предизвика бурни реакции во Индија откако на својата прва прес-конференција во Делхи не ги повикал жените новинарки.
Настанот, на кој присуствувале околу 16 новинари, но ниту една жена, предизвика остри реакции од индиските медиумски организации и опозициски политичари. Тие го оценија инцидентот како „отворена родова дискриминација“.
Под притисок на јавноста, Мутаки следниот ден одржа нова, „инклузивна“ прес-конференција, каде изјави дека исклучувањето на жените било „техничка грешка“.
„Настанот беше организиран во краток рок и поканите беа испратени на ограничен список новинари, без никаква друга намера“, рече тој.
Мутаки моментално престојува во Индија на разговори со претставници од Русија и индиската влада, со цел јакнење на дипломатските врски.
Иако се обиде да ги оправда ограничувањата на жените во Авганистан, индиските новинари остро го прашаа зошто девојчињата таму веќе четири години немаат пристап до образование.
Свет
Лавров ги демантира гласините за труење на Башар ал-Асад

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ги отфрли наводите дека Москва наводно се обидела да го отруе поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад, кој доби политички азил во Русија.
Како што објави руското издание Info24, Лавров на средба со претставници на арапските медиуми изјавил дека поранешниот сириски лидер и неговото семејство се наоѓаат во Москва „исклучиво од хуманитарни причини“.
„Тие беа изложени на закани со физичко насилство, па руските власти им овозможија азил. Асад нема никакви здравствени проблеми во нашата престолнина. Труење не се случило, а сите што ги шират тие гласини – нека останат со својата совест,“ изјавил Лавров.
Башар ал-Асад беше претседател на Сирија од 2000 година, а земјата ја напушти откако минатиот декември сириските бунтовнички сили влегоа во главниот град Дамаск.