Контакт

Свет

18 мировници повредени во ракетни напади во Мали

Објавено пред

Речиси 20 луѓе, меѓу кои и 18 припадници на мировните сили на ОН, се повредени во ракетните напади на една воена база на северот од Мали, се наведува во соопштението на портпаролот на Мисијата на ОН, Оливе Салгадо, пренесува „Спутник“.

Ракетниот напад е извршен на воената база во која се сместени силите на ОН, како и војници на Франција и на Мали, а се наоѓа во градот Тесалит во регионот Кидал. Шест припадници на мировните сили на ОН се сериозно повредени. Извори од Мали сè уште не ги потврдиле потеклото и бројот на ракети, како ни бројот на жртви.

Мултидимензионалната интегрирана стабилизациска Мисија на ОН во Мали (МИНУСМА) е основана во 2013 година по сериозните протести против владата во таа земја. МИНУСМА има повеќе од 13.000 војници во Мали, кои се таму за спречување на насилствата што ги предизвикуваат разни вооружени групи вклучувајќи ги и џихадистите поврзани со Исламската држава и со Ал каеда.

Минатиот јануари 10 припадници на мировните сили на ОН беа убиени во терористички напад на камп на МИНУСМА во Агуелхок, исто така во регионот Кидал.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Во Србија рекордни 1.328 новозаразени од коронавирус, петмина починати

Објавено пред

Во последните 24 часа во Србија се тестирани 9.690 лица на коронавирус, од кои 1.328 биле позитивни.

За жал, починаа уште пет лица.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 39 пациенти се приклучени на респираторни машини во болниците во Србија.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Франција: Нападите на турските власти се полни со омраза

Објавено пред

Нападите на турските власти врз францускиот сатиричен весник „Шарли ебдо“ се полни со омраза, вели портпаролката на француската влада, Габриел Атал.

Тоа беше нејзиниот коментар на прес-конференцијата откако турските власти реагираа на карикатурата во која Реџеп Таип Ердоган е претставен во долна облека, држејќи конзерва пијалак и здолниште на жена во хиџаб, на која и се гледа задникот.

Турскиот гнев поради карикатурата додаде оган во масло во односите меѓу Турција и Франција, а сè започна поради цртаните филмови со пророкот Мухамед, поради што тинејџер му ја отсече главата на својот професор во Париз минатата недела, наведува „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Шведска рекорден број на новозаразени од почетокот на пандемијата

Објавено пред

Во Шведска, во последните 24 часа се регистрирани 1.980 нови случаи на коронавирус, што е најмногу од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на Министерството за здравство.

Здравствените експерти, сепак, посочуваат дека на врвот на епидемијата во текот на пролетта, веројатно, имало многу повеќе заразени лица, но тоа не било забележано поради недостаток на тестови во тоа време.

Уште девет лица починаа, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 5.927, пренесува „Ројтерс“.

Стапката на смртност од коронавирус во Шведска е неколку пати поголема од нејзините нордиски соседи, но сепак е пониска од поголемите европски земји како што се Шпанија и Велика Британија.

За разлика од другите земји, Шведска не воведе строги мерки во борбата против коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „Во...

Македонија1 час

Пауновски: Нови вработувања ќе има следната година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека следната година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија2 часа

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице што било во контакт со министерот за...

Македонија2 часа

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија3 часа

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија3 часа

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија4 часа

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Свет4 часа

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот

Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија5 часа

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет6 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Македонија7 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет7 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет7 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет7 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Европа8 часа

Ватикан најави божикна прослава на папата на интернет

Божикната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет18 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија19 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа20 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија21 час

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија22 часа

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Досие