Свет
4.000 камиони со хуманитарна помош се подготвени да влезат во Газа

Агенцијата на Обединетите Нации за палестинските бегалци соопшти дека 4.000 камиони со хуманитарна помош се подготвени да влезат во Газа денес, oткако стапи во сила прекинот на огнот.
Околу половина од нив носат храна и брашно.
Том Флечер, заменик-генерален секретар на ОН за хуманитарни прашања и координатор за итна помош (OCHA), напиша во објава на „Икс“ дека нема време за губење.
Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас стапи во сила по речиси тричасовно одложување.
Според договорот, хуманитарната помош во Газа ќе биде зголемена до 600 камиони дневно. Сепак, официјален претставник на ОН за хуманитарна помош претходно предупреди дека ова ќе биде само почеток во решавањето на хуманитарната криза во појасот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Објавена снимка од моментот кога подморницата во Египет почнува да тоне, загинаа шест лица

Неколку минути пред да нурне во морето, екипажот на туристичката подморница Синбад им признал на клиентите дека не знаат да пливаат. Овие зборови патниците ги сфатиле како шега додека не почнале да тонат, дознава руски „LIFE“.
Според очевидци, пред да заминат на туристичко патување со подморница, туристите биле однесени со брод на околу километар од брегот. По некое време почнале да се качуваат на „Синдбад“, но подморницата наеднаш почнала да тоне. Во тој момент отворите на подморницата биле отворени, а многу туристи немале време ниту да се симнат до одделот за набљудување.
Како што пишува „LIFE“, тоа им го спасило животот.
На социјалната мрежа Телеграм е објавено видео од моментот кога подморницата почнала да тоне.
Несреќата на туристичката подморница „Синбад“ се случи вчера во египетското летувалиште Хургада, при што загинаа шест лица, од кои две деца. Други 27 туристи се здобиле со повреди со различен степен на сериозност. Сите туристи на подморницата биле од Русија.
Европа
Судот ќе ја изрече пресудата за Депардје во мај

Кривичниот суд во Париз во четвртокот објави дека на 13 мај ќе ја изрече пресудата за актерот Жерар Депардје за сексуално вознемирување две жени за време на снимањето филм во 2021 година.
Француското Обвинителство во четвртокот побара 18-месечна условна казна и глоба од 20.000 евра за Депардје, објави весникот „Ле Паризиен“ и другите медиуми.
Седумдесет и шестгодишниот Депардје, истакната личност во француската кинематографија, е обвинет за сексуално вознемирување две жени за време на снимањето филм од 2021 година. Ова е првпат актерот, кој се соочува со многубројни обвинувања за сексуално вознемирување во текот на годините, да биде изведен пред суд.
Депардје призна дека ја фатил една од жените за бутот, но негира дека тоа е напад. Неговиот адвокат рече дека наводите против клиентот се лажни и дека истражителите биле пристрасни.
Свет
(Фото) Распукаа патиштата во Мјанмар по разорниот земјотрес

По двата разорни земјотреса што го погодија Мјанмар, распукаа патиштата.
Првиот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 17 километри западно од Мандалеј, на длабочина од 10 километри.
По 12 минути, регистриран е втор земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала. Беше на длабочина од 12 километри, 28 километри јужно од Мандалеј.