Свет
90 проценти од Израелците примиле барем една доза вакцина или го прележале коронавирусот
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денес објави дека Израел, Австрија и Данска ќе формираат заедничка основа за истражување, развој и евентуално производство на вакцини против Ковид-19.
„Ќе формираме заедничка фондација за истражување и развој и ќе разговараме за можноста за заеднички инвестиции во капацитети за производство на вакцини“, рече Нетанјаху на прес-конференција со данскиот премиер и австрискиот канцелар.
Австрија и Данска имаат спор со Европската Унија за доцнењето во набавката на вакцините, а владее и загриженост дека ќе бидат потребни нови вакцини за новите видови коронавирусот.
Нетанјаху објави дека 90 проценти од Израелците примиле барем една доза вакцина или го прележале вирусот.
Така, неговата земја стана лидер во вакцинацијата во светот, што ќе му користи на израелскиот лидер во кампањата пред парламентарните избори на 23 март, четврти избори за помалку од две години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

