Свет
Aјкула уби тинејџерка во Австралија

Тинејџерка загина во Квинсленд, Австралија, кога ајкула ја касна за раката на 100 метри од брегот.
Полицијата потврди дека девојчето се здобило со повреди опасни по животот и починало. Австралиските медиуми објавија дека таа имала 17 години.
Нападот се случил во близина на брегот на популарно место за сурфање на кое има мерки за заштита од ајкула.
„Познато е дека има многу ајкули околу Бриби, но оваа блиску до брегот сè уште е шок“, рече Кристофер Потер, кој пристигна на плажата веднаш по нападот.
Ова е втор фатален напад на ајкула во австралиските води оваа година, откако сурферот Ленс Еплби беше убиен во близина на брегот на Јужна Австралија на 2 јануари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кина го губи „Тик-ток“ во САД, „Бајт денс“ останува со мал удел

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша уредба со која се потврдува договорот за одвојување на „Тик-ток“ од кинеската компанија „Бајт денс“ и пренос на мнозинскиот удел во рацете на американски инвеститори.
Според планот, конзорциум предводен од софтверскиот гигант „Оракл“ ќе управува со американските операции на „Тик-ток“, ќе ги чува податоците во домашни сервери и ќе добие лиценца за алгоритмот што препорачува содржини. Очекувањата се американските инвеститори да држат околу 80 отсто од уделите, додека „Бајт денс“ ќе остане со минорен дел.
„Тик-ток“ во САД има околу 180 милиони корисници, а со овој договор платформата ќе продолжи да биде достапна под американска контрола и построг надзор. Од администрацијата на Трамп велат дека целта е заштита на националната безбедност и податоците на корисниците.
Свет
Трамп: Нема да дозволам Израел да го анектира Западниот Брег

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да дозволи Израел да го анектира Западен Брег, одбивајќи ги барањата на дел од крајно десните израелски политичари за проширување на израелскиот суверенитет врз оваа територија.
„Не, нема да дозволам. Тоа нема да се случи. Доста е, време е ова да запре“, рече Трамп во Белата куќа, објаснувајќи дека темата ја покренал по телефонскиот разговор со премиерот Бенјамин Нетанјаху за состојбата во Појасот Газа.
Притисокот за анексија доаѓа од дел од десното крило на коалицијата на Нетанјаху, кое бара формално воведување на израелскиот суверенитет врз Западен Брег. Овие барања предизвикуваат силна загриженост кај арапските лидери, од кои дел се сретнаа со Трамп на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Западен Брег е освоен од Израел во војната во 1967 година. Палестинците со децении го бараат како дел од својата идна држава, заедно со Источен Ерусалим и Појасот Газа. На оваа територија денес живеат околу 2,7 милиони Палестинци и околу 700.000 израелски доселеници. Повеќето земји во светот не ги признаваат израелските населби таму и ги сметаат за нелегални според меѓународното право.
Изјавата на Трамп доаѓа во чувствителен момент на засилени судири во Газа и зголемен дипломатски притисок за изнаоѓање долгорочно решение за израелско-палестинскиот конфликт.
Свет
Трамп најави нови царини на лекови, камиони и мебел

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека од 1 октомври ќе стапат на сила нови царини: 100 отсто на увоз на брендирани лекови, 25 на тешки камиони, 50 на кујнски ормари и 30 проценти на тапациран мебел.
Трамп изјави дека целта е заштита на домашното производство и националната безбедност, додека Американската стопанска комора и повеќе сојузници предупредија дека мерките ќе ги погодат блиските трговски партнери и голем дел од индустријата.