Свет
Mлада девојка почина во канцеларија во Букурешт: надредените не сакале да ја пуштат на лекар, додека не паднала
Дваесет и седумгодишна девојка починала во својата канцеларија во Букурешт како последица на срцев удар, а претходно газдите, иако се жалела дека и’ е многу тешко, не ја пуштале да оди на лекар.
Според медиумите, девојката изгубила свест на почетокот на работното време, пред десетина дена. Меѓутоа, претпоставените одбиле да повикаат брза помош, ниту пак ја пуштиле младата жена да си оди дома.
Дури откако се онесвестила по втор пат, биле повикани лекари, но веќе било доцна.
Според „Обсервер“, станува збор за компанија со околу 100 вработени, а до неодамна повеќето работеле од дома. Меѓутоа, неодамна сите добиле наредба да се вратат во канцеларијата, што довело до конфликт и бројни отпуштања.
„Тоа е издавачка куќа во Букурешт. На девојката првин и’ се слошило околу 11 часот. Ја изгубила свеста, но никој не сакал да повика брза помош и набрзо се опоравила. Никој не ја ни испратил дома“, изјавил очевидец на трагедијата за Обсервер.
Според извештаите, на девојката наводно и биле дадени таблети калциум, а околу 13 часот девојката повторно изгубила свест.
„Само што падна од столчето и почна да повраќа. Дури потоа колегите повикаа брза помош. Кога дојдоа лекарите почнаа со реанимација“, тврди сведокот.
Набрзо пристигнала уште една екипа за брза помош, но по еден час реанимација, лекарите можеле само да констатираат смрт. Телото било испратено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.
Колегите на трагично загинатата девојка велат дека таа била преоптоварена со работа и постојано под стрес. Како и околу 100 нејзини колеги, таа работела од дома во последните четири години. Управата пред околу еден месец наредила сите да се вратат во канцелариите.
Тогаш, според наводите, притисокот станал уште посилен.
„Од работниците бараа прекувремена работа, а за тоа не им беше платено“, тврди сведокот.
Издавачката куќа не била достапна за коментар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

