Контакт

Регион

Авионот на „Ер Србија“ удрил во антена, па почнало да тече гориво – кружел еден час над Белград

Објавено пред

Авионот на компанијата „Маратон ерлајнс“, која врши сообраќај за „Ер Србија“, при полетувањето од аеродромот „Никола Тесла“ удрил во инфраструктурата, најверојатно инструментацијата која служи за слетување на авионот во спротивна насока од пистата, објасни Петар Воиновиќ од „Танго сикс“, воздухопловниот портал на Србија, за „Н1“.

dobivaj vesti na viber

Авионот потоа летал над Белград еден час пред итно да слета на белградскиот аеродром.

„Со сигурност знаеме дека 60 минути летал над предградијата на Белград. Тоа е со цел да се искористи што повеќе гориво“, објасни Воиновиќ за „Н1“.

Рече дека делот од антената што го удрил се заглавил во левиот корен на крилото, но дека леталото било целосно контролирано, освен еден детаљ – а тоа е дека клапите на авионот откажале.

„Авионот слета само малку побргу“, нагласува Воиновиќ.

При слетувањето, авионот прелетал покрај контролната кула на мала висина од 120 метри, така што контролата визуелно потврдила дека тркалата се извлечени. Уредникот на порталот „Танго сикс“ објаснува дека и ова е дел од вообичаената процедура бидејќи дошло до удар.

„Веднаш почувствувале дека удриле во нешто. Имале индикација дека тркалата се извлечени, но тоа морала да го потврди кулата“, додава Војиновиќ.

Екипажот знаел дека удриле во нешто, но не и колкава е целата штета, па по принудното слетување, станало јасно дека тече гориво, вели соговорникот. Но, таму веќе ги чекала пожарникарско-спасувачка единица, која штом видела дека тече гориво, почнала да го полева авионот со пена за да спречи пожар.

Според неофицијални информации, до инцидентот дошло бидејќи леталото полетало од погрешен дел од пистата, иако контролата на летање утврдила поинаква позиција.

„Она што се случи е дека требаше да има редовно полетување, временските услови беа повеќе од добри.

„За време на полетувањето, авионот излетал од пистата неколку стотини метри и дури кога се одвоил од земјата, удрил во некоја конструкција, што најверојатно е инструментацијата, која служи за слетување на авионот во спротивна насока од пистата“, вели Воиновиќ.

Според неговите информации, контролата на летање му дала дозвола на екипажот да полета од соодветна позиција, но од необјасниви причини авионот се нашол на пократка позиција отколку што требало.

Контролата на летање го забележала тоа и го прашала екипажот дали се сигурни дека може да полетаат оттаму или да се вратат на претходно определениот дел.

„Контролорот на летање забележал дека авионот дошол на раскрсницата Д5 наместо на Д6, која има многу помалку мерачи за полетување. Тој го повикал екипажот и прашал ‘дали сте свесни дека сте влегле во Д5’ и им рекол да ја прекалкулираат изведбата или да се вратат. Екипажот рекол дека сè уште може да полета од Д5. Не е јасно зошто го смениле ставот. На овој авион им требаат околу 1.430 метри за да полета под разни услови, а најверојатно имале околу 1.200 метри“, вели Воиновиќ.

Тој посочува дека во целиот инцидент „барем дел од безбедносниот синџир бил правилно направен“, а тоа, според него, е контролата на летање.

Тој забележува дека на крајот секогаш е одговорноста на екипажот на летот бидејќи тие ги знаат перформансите во однос на бројот на патници, тежината на авионот и должината на пистата.

„Не можеме да знаеме што се случило во нивниот процес на размислување. Таму, пак, одговорноста е исклучиво на пилотот“, заклучува соговорникот за „Н1“.

Регион

Кипар го подигна нивото на тревога, училиштата се затворени

Објавено пред

Од

Кипар го подигна нивото на тревога по нападот со беспилотни летала врз британската воена база РАФ Акротири на островот. Властите ги затворија училиштата и спроведоа евакуации каде што е потребно, бидејќи земјата е вовлечена во ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.

dobivaj vesti na viber

Во утринското обраќање до нацијата, кипарскиот претседател Никос Христодулидес рече дека безбедноста на земјата е најголема грижа на неговата влада.

„Се наоѓаме во регион со исклучителна геополитичка нестабилност, со бројни предизвици и проблеми, кој во моментов поминува низ невидена криза. Правиме сè што е потребно, а безбедноста на нашата земја и граѓаните е наш врвен приоритет“, рече тој.

Тој нагласи дека Кипар, членката на ЕУ најблиску до Блискиот Исток и популарна туристичка дестинација, инсистира дека нема да се вклучи во никакви воени операции.

„Остануваме посветени на хуманитарната улога што ја имавме цело време – секогаш како дел од решението, а не како проблемот – и ќе продолжиме да дејствуваме со истото чувство на одговорност“, додаде Христодулидес.

Осврнувајќи се на нападот што се случи синоќа, ретседателот рече дека „дрон Шахед погодил воени објекти во британската база во Акротири и предизвикал мала материјална штета“.

Грчките медиуми објавија дека бил неутрализиран и втор борбен авион, кој Иран исто така го насочил кон британската база, оддалечена околу 960 километри.

 

фото/ЕПА

Прикажи повеќе...

Регион

Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран

Објавено пред

Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.

dobivaj vesti na viber

Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.

Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Регион

Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади

Објавено пред

Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.

dobivaj vesti na viber

Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.

Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.

Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија48 минути

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија1 час

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија1 час

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија2 часа

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија2 часа

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет5 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет6 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет6 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет7 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа7 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет7 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет13 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет13 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет14 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија16 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија16 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија17 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет18 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет19 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...