Контакт

Регион

Шверцери на дрога го фрлиле хероинот во Егејското Море кога ја виделе полицијата

Објавено пред

Грчката полиција во соработка со крајбрежната стража пресретна меѓународна мрежа од шверцери на наркотици во Егејското Море и притоа заплени повеќе тони канабис.

Осумничените се обиделе со глисери да ја пренесат дрогата во Турција кога ги пресретнале грчките власти, пренесе новинската агенција АНА.

Во операцијата уапсени се тројца државјани на Албанија, а четвртиот осомничен е фатен на островот Ангистри.

Полицијата заплени 1.172 килограма канабис, но осомничените успеале да фрлат во морето голема количина хероин, која уште не е пронајдена.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Грција ги заострува критериумите за добивање азил

Објавено пред

Грчката Влада вети дека ќе ја заостри постапката за добивање азил за мигранти и ќе ја забрза депортацијата.

Ова се случува во време кога во земјата пристигнуваат сè повеќе мигранти по морски пат, според АП.

Предлог-законот беше доставен до парламентот и во него се некои од новините и построги критериуми за пристап до апликациите за азил и продолжен рок на притвор.

Наглото пристигнување на мигранти и бегалци во текот на летото, наводно, ги оптоварило грчките острови во близина на турскиот брег, каде што се наоѓаат повеќе од 25 000 азиланти и мигранти, главно во преполни кампови.

Прикажи повеќе...

Регион

Хрватска доби зелено светло за Шенген

Објавено пред

Европската комисија ѝ даде на Хрватска зелено светло за влез во Шенген.

Одлуката би требала да биде објавена денеска, јави „Блумберг“, повикувајќи се на извори од Брисел.

За одлуката ќе расправа и Советот на Европа.

Претходно, хрватските европарламентарци ја повикаа ЕК да ја потврди подготвеноста на Хрватска за Шенген.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Хрват склопува авион во својот двор

Објавено пред

Хрватот Роберт Седлар од Забок купил авион и го пoставил на неговиот имот во Стрмец Стубички во Хрватско Загорје.

„Се работи за авион Фокер Ф-100 со 109 патнички места. Авионот го користеле авиокомпании од Индонезија, Бразил и Мексико, а веќе неколку години беше на аеродромот во Осиек“, истакнал Седлар за Загорје.ком.

Седлар признава дека неговата идеја се граничи со лудило.

„Јас го купив авионот и сега е на мојот имот. Мојата идеја се граничи со лудило, но бев подготвен на сè за да го купам авионот, да го расклопам и повторно да го составам“, објаснил Седлар.

Тој додава дека се заблагодарува и на Зденко Грабушиќ, кој бил одговорен за расклопување на авионот.

„Проектот е во тек, завршивме два од три чекори и имаше предлози да го напуштам проектот ако наидам на несовладливи бариери“, додаде Седлар.

Ако повторно го склопи леталото, Седлар вели дека ќе го изнајмува авионот за разни настани.

„Ќе може да се користи за разни снимања, момински и ергенски вечери, а во пилотската кабина ќе има и два симулатора за летање наменети за деца“, вели Седлар.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 минути

Момче од Швајцарија повредено при пад на Матка

Изутринава во 8.40 часот во СВР Скопје од Ургентен цетар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека вчера со...

Македонија3 часа

Одбиени барањата на Јанева и Боки 13 за укинување на притворот

Основниот кривичен суд Скопје ги одби барањата за укинување на мерката притвор на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и...

Македонија5 часа

Вучиќ: Дали за косовското прашање ќе добиеме гаранции од ЕУ какви што доби Северна Македонија?

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за австрискиот весник „Стандард“ ја исклучи можноста Белград да го признае Косово во актуелните...

Македонија6 часа

(Видео) Нови вработувања и подобри услови за истражувачка работа бараат од Институтот за хемија

Создаваме способни оформени кадри кои заминуваат во странство бидејќи со години не се овозможуваат вработувања на млади соработници, уловите за...

Македонија6 часа

Ѓоко Поповски повторно доби 9 години затвор за набавката на полициски возила

Судијката Добрила Кацарска попладнево повторно го осуди на казна затвор од 9 години поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, откако...

Македонија7 часа

Вебер: Од Скопје и Тирана баравме многу, а сега вратата им е затворена пред носот

Лидерите на најголемите политички групи во Европскиот парламент едногласно ја осудија одлуката за одложување на преговорите со Северна Македонија и...

Македонија7 часа

Заев: Не треба да го одложуваме пописот, ќе разговараме со директорот за термините

Пописот не треба да го одложиме, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање. Тој најави дека следната недела ќе...

Македонија8 часа

Туск пред пратениците во ЕП: Голема грешка е одлуката за Северна Македонија и Албанија

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск денеска пред пратениците во Европскиот парламент рече дека е голема грешка тоа што не...

Свет9 часа

Нарухито прогласен за јапонски цар, помилувани половина милион осуденици

Јапонската влада помилува околу 550.000 осуденици за помали кривични дела по повод востоличувањето на императорот Нарухито. Одлуката, одобрена од владата...

Свет10 часа

„Фејсбук“ ги објави новите мерки за претседателските избори во САД

„Фејсбук“ најави дека внимателно ќе ги следи „медиумите кои се контролирани од државата“ и се обидуваат да манипулираат со расположението...

Регион10 часа

Грчката полиција изнесе малолетници од кино на филмот „Џокер“

Во Грција изби широка полемика зошто полицијата минатиот викенд изнела малолетници од две кина во Атина, во кои се прикажувал...

Свет10 часа

Торнадо остави неколку илјади домаќинства без струја во Далас

Десетина илјади домаќинства и деловни објекти во Далас останаа без струја поради торнадо што го погоди овој американски град. Ударите...

Регион10 часа

Чавушоглу: Санкциите и заканите нема да нè спречат во офанзивата во Сирија

Меѓународните санкции или закани со санкции нема да ја присилат Турција да ја спречи својата афанзива во Северна Сирија, изјави...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски: Едногласно ја преименувавме коалицијата во „Обнова на Македонија“

По средбата со коалициските партнери, Мицкоски рече дека едногласно се договориле да го сменат името на коалицијата во „Обнова на...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски на средба со коалициските партнери

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во седиштето на партијата е на средба со своите коалициски партнери. Состанокот следува по...

Регион23 часа

Протест пред француската амбасада во Бугарија против одлуката на Макрон за Северна Македонија

Десетици интелектуалци, јавни личности и граѓани се собраа вечерва пред француската амбасада во Софија за да го искажат своето несогласување...

Свет24 часа

Претседателот на британскиот Парламент одби гласање за договорот за брегзит

Барањето на британската влада пратениците да гласаат со „да“ или „не“ за договорот за брегзит, што го постигна премиерот Борис...

Македонија1 ден

Конте: Преговорите за проширување на Балканот треба да почнат во ноември

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, порача дека Рим ќе предложи Европската Унија повторно во ноември да ги почне преговорите за проширување...

Топ1 ден

Млад скопјанец се фрлил од вториот кат на зграда

Во Полициската станица Центар во вечерните часови на 20 октомври било пријавено дека на скопскиот булевар Кирил и Методиј едно...

Македонија1 ден

(Видео) Симовски: Нема попис во април, ќе се пролонгира

Април е непогоден термин за пописот и треба да се пролонгира, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика,...

Досие