Контакт

Регион

Албанија испраќа тим лекари во Италија, Рама порача: „Денес сите сме Италијанци“

Објавено пред

Албанија испрати 30 лекари и медицински сестри денеска за да и помогнат на Италија, најтешко погодената земја во Европа во пандемијата на коронавирус.

Медицинскиот тим на аеродромот беше придружуван од премиерот Еди Рама.

„Медицинските лица ќе заминат во Ломбардија да ги помогнат своите италијански колеги“, порача Рама од аеродромот.

Во Италија живеат околу 400.000 Албанци, а медицинскиот тим ќе остане таму еден месец.

„Денес сите сме Италијанци. Италија ќе победи во оваа битка“, рече Рама на аеродромот.

Албанија, која сама се соочува со недостиг на лекари – има 1,2 лекари на 1000 жители, за разлика од Италија, која според Светската здравствена организација има 4,1.

Во Албанија досега 10 лица починаа од „Ковид-19“, а речиси 200 се заразени.

Регион

Австриски министер предупредува на борба меѓу два модела на живот во Западен Балкан

Објавено пред

Австрискиот министер за надворешни работи, Александар Шаленберг, вели дека односите на ЕУ со Западен Балкан не смеат да бидат сведени само на процесите на пристапните преговори, туку дека на регионот мора да му се даде опиплива перспектива на повеќе начини.

Пред стратешката дебата на министрите на ЕУ за Западен Балкан, Шаленберг предупредува на борба меѓу два модела на живот во регионот.

„Едниот е европски модел, а другиот може да дојде однадвор ако му свртиме грб на Западен Балкан и се создаде вакуум што ќе се почувствува бргу и кој нема да биде во наш стратешки интерес“, нагласува Шаленберг.

Неговиот словенечки колега, Анзе Логар, вели дека официјална Љубљана го поддржува ставот оти Западен Балкан има стратешка вредност за ЕУ.

Пред состанокот на Советот на ЕУ, Логар објави дека Словенија ќе организира неформален самит за Западен Балкан на почетокот на октомври.

Прикажи повеќе...

Регион

Масовна вакцинација на граѓани на возраст од 18 до 50 години во Словенија

Објавено пред

Во Словенија денес почнува масовна вакцинација против коронавирусот на граѓани на возраст од 18 до 50 години, најави словенечкиот премиер, Јанез Јанша.

Тој изјави дека масовната вакцинација е овозможена со поголеми количини испорачани вакцини и воведување централизирана платформа за регистрација и евиденција на вакцинирани. Јанша на „Твитер“ напиша дека во мај ќе има на располагање повеќе од 450.000 вакцини, а потоа и поголеми количини.

Во Словенија досега повеќе од 20 проценти од вкупното население примиле една доза вакцина.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Црна Гора 66 нови случаи на коронавирус

Објавено пред

Во Црна Гора четири лица починаа од коронавирус во последните 24 часа, а потврдени се 66 нови случаи, објави Институтот за јавно здравје.

Вкупниот број на смртни случаи поврзани со Ковид-19 во Црна Гора од почетокот на пандемијата е 1.540.

Вкупниот број на активни случаи на коронавирус е 1.804.

Од почетокот на пандемијата во март минатата година, вкупниот број на регистрирани случаи на коронавирус во Црна Гора е 98.303.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Потврдени 25 случаи на коронавирус во Македонија, 16 лица починаа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 1.016 тестирања, а...

Македонија26 минути

Филипче: Значајно се испразнети болниците, хируршките одделенија се вратени во функција

Eпидемиолошката крива е во опаѓање и бројот на хоспитализирани пациенти во континуитет се намалува во изминатите денови, изјави министерот за...

Македонија59 минути

Инспекторатот за животна средина: Рудникот „Казандол“ не претставува опасност

Рудникот „Казандол“ во моментот не претставува опасност за животната средина и локалното население, соопшти Државниот инспекторат за животна средина, кој...

Македонија3 часа

Средба Заев – Фон дер Лаен: Идентитетски прашања не смее да бидат на масата за разговори

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во рамките на посетата на Брисел, оствари средба и со претседателката...

Македонија5 часа

Заев од Брисел: Идентитетот не може да биде причина за блокада на европските интеграции

Премиерот Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот во Владата за европски прашања, Никола Димитров, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, и...

Македонија6 часа

Од 12 до 18 мај полициски час од 24 часот, дозволено да биде и организирање настани на затворено

Кризниот штаб предложи олеснување на рестриктивните мерки – полицискиот час да почнува од 24 часот, угостителските објекти да работат до...

Свет7 часа

(Видео) Застрашувачки снимки од Индија, пациенти оставени да умираат, лекарите се кријат

Во Индија се појавија застрашувачки снимки од пациенти заразени од коронавирус, кои, според тврдењата на нивните семејства, лекарите ги оставиле...

Свет7 часа

(Видео) Пет лица повредени при напад со нож на Нов Зеланд

Пет лица се повредени, а три се во критична состојба кога биле прободени со нож во супермаркет на Нов Зеланд,...

Свет8 часа

Состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, фокусот е Западен Балкан

Шефовите на дипломатиите на Европската Унија денеска во Брисел ќе одржат дискусија за посилен политички ангажман на ЕУ со партнерите...

Свет8 часа

(Видео) Седум лица убиени на роденденска забава во Колорадо

Седум лица, вклучително и напаѓачот, беа убиени синоќа во пукање на роденденска забава во Колорадо Спрингс во американската држава Колорадо,...

Македонија1 ден

Регистрирани нови 135 заболени и 14 починати од коронавирус во земјата

Во последните 24 часа се направени 1.993 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 74,...

Свет1 ден

(Видео) Илон Маск призна дека има Аспергеров синдром на телевизиско шоу

Елон Маск откри дека има Аспергеров синдром, за време на неговото гостување во американското ТВ-шоу „Saturday Night Live“. Тој откри...

Регион1 ден

(Видео) Хрватскиот министер за здравство вакцинираше граѓани

Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош заедно со лекарите на Хрватскиот институт за јавно здравје и Наставниот институт за јавно...

Топ1 ден

Се преврте автомобил кај клучката Коњари, загина 27 годишник

Во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на автопатот Скопје-Штип, во близина на клучката Коњари, загина 27 годишно лице...

Македонија1 ден

Во болниците во земјата од коронавирус се лекуваат 760 пациенти

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и...

Македонија1 ден

(Видео) Колариќ: Шилегов делел субвенции за инвертер клими на партиски луѓе

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Светлана Колариќ на денешната прес-конференција обвини за измама и злоупотреба во врска со најавените...

Македонија1 ден

Во земјава досега втора доза вакцина против Ковид-19 примиле 22.900 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 107.978 граѓани, а ревакцинирани се 22.900 граѓани. Прва доза...

Свет1 ден

(Видео) Путин: Секогаш ќе се сеќаваме дека величествената победа над нацизмот ја постигна советскиот народ

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на почетокот на традиционалната воена парада во Москва, им го честиташе на граѓаните Денот на...

Македонија1 ден

Заев за „Катимерини“: Во 21 век да ја одредуваш историјата на друга нација не е во согласност со европскиот дух

Премиерот Зоран Заев во нeделното издание за грчки „Катимерини“, во интервјуто со наслов „Заедно за Балкан од 21 век“, говори...

Свет1 ден

Делови од кинеската ракета паднаа во Индискиот океан

Остатоците од најголемата кинеска ракета паднаа денес во Индискиот Океан, а повеќето од нејзините компоненти беа уништени при влегувањето во...

Досие