Регион
Албанија од денеска претседава со Советот за безбедност на Обединетите нации

Албанија денеска за прв пат го презема едномесечното претседавање со Советот за безбедност на Обединетите нации.
Албанскиот премиер Еди Рама, кој ќе одржи говор на церемонијата во Њујорк, го опиша овој ден како историски за земјата во меѓународните односи.
Албанскиот премиер Еди Рама, кој во видеопорака објавена на Фејсбук изјави дека Албанија е веќе привилегирана што може да ги изрази своите верувања и „да го води Советот за безбедност на ОН“, пренесува АБЦ Албанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Обвинителството во Косово: Уапсените ќе одговараат за тероризам

Специјално обвинителство на Косово вечерва соопшти дека за нападот врз косовската полиција се приведени шест лица кои се осомничени за повеќе кривични дела, а едно од нив е тероризам.
„Станува збор за напад врз уставниот поредок на Косово, подготовка на терористички акти или криминални дејствија против уставниот поредок и безбедноста на Косово, поседување, контрола или неовластено поседување оружје“, соопшти обвинителството.
Исто така, обвинителството објави дека во денешната акција се запленети возила со значително количество оружје.
На приведените им е одреден притвор до 48 часа, соопшти обвинителството, пренесе Коха.
Регион
Ковачевски апелира на деескалација во Косово и уверува дека безбедносната состојба во Македонија е стабилна

Премиерот Димитар Ковачевски се огласи со коментар по денешните престрелки на северот на Косово апелирајќи на деескалација и осудувајќи ги настаните.
Ковачевски нагласи дека со голема загриженост се следи состојбата во Косово и се во постојана координација со сојузниците. Премиерот изрази целосна поддршка на КФОР за сите идни активности кои, како што вели, се во насока на гарантирање на мирот и стабилноста во Косово и регионот.
Во однос на безбедносната состојба во Македонија, Ковачевски уверува дека граѓаните може да се спокојни – таа е стабилна, без никакви индикации за можни нарушувања.
„Сите институции задолжени за безбедноста будно ја следат состојбата. Воедно согласно информациите споделени помеѓу безбедносно разузнавачките служби во земјата како и информациите добиени од службите на нашите сојузници во НАТО алијансата, не постојат индиции кои укажуваат на нарушување на безбедноста во Северна Македонија“, рече Ковачевски.
Премиерот повика на продолжување на дијалогот и решавање на сите отворени прашања на мирен и демократски начин. Клучно е, вели тој, забрзувањето на евроатлантските интеграции на Западен Балкан, како единствен начин за обезбедување напредок и стабилност во регионот, како и намалување на влијанието на дестабилизирачки трети страни.
Регион
Понеделник – ден на жалост во Косово поради смртта на полицаецот Африм Буњаку

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, одлучи утре, 25 септември да го прогласи за Ден на жалост, по повод смртта на полицаецот Африм Буњаку на северот на Косово.
Како што се наведува во соопштението на Претседателството, државниот протокол е задолжен да ги преземе сите потребни активности за спроведување на оваа одлука, пренесе „Косово онлајн“.
Во престрелка во Бањска, синоќа околу 03:00 часот, дојде до напад врз косовската полиција, пришто еден полицаец загина.