Регион
„Блиц“: Коста поставува две прашања и не бара да се види со родителите
Коста К. (13), кој со пиштолот на својот татко уби осум врсници и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“, ниту денеска, шест дена по монструозниот чин, не се кае. Тој е во изолација на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади кај д-р Суботиќ, сосема мирен и има само две прашања: „Кога ќе излезам одовде?“ и „Какви се реакциите на она што го направив?“
Kако што пишува „Блиц“, момчето убиец не побарало никаков контакт ниту, пак, побарало да се види со родителите.
„Нема барање, не прашал ни за родителите. Единствените интереси му се кога излегува и какви се реакциите на неговиот чин“, вели изворот на „Блиц“.
Опишувајќи ја моментната состојба на момчето, изворот наведува дека тоа размислува и се однесува како да е прашање на време кога ќе ја напушти Клиниката, односно кога ќе биде на слобода.
Го чека тој момент и очигледно е убеден дека треба да биде деновиве.
Второто прашање што го поставува е какво влијание остави, какви реакции има, што се случува надвор и тој очекува да биде популарен. Неговите очекувања се буквално дека ќе се соберат под неговиот прозорец и ќе му скандираат“, објаснува соговорникот за „Блиц“.
Како што дознава порталот, седмоодделенецот не добива ни седативи бидејќи е сосема мирен. Не му требаат.
Лекарски тим работи на утврдување на фактите и состојбата на момчето, што му претходело на монструозниот чин, но и за време на егзекуцијата.
Престанал да ги убива пријателите иако имал уште два куршума, односно 34 куршуми.
Како што пишува „Блиц“, тој прекинал бидејќи почувствувал дека останува без здив.
Во сета своја жестокост, децата што преживеале биле спасени поради нападот на паника што го имал Коста во еден момент. Влегол во дворот, го испразнил пиштолот и повикал полиција.
Невидена трагедија во Србија се случи на 3 мај во белградското основно училиште во Врачар кога ученик од седмо одделение влегол во училиштето со оружјето на својот татко. Првин ги убил училишниот чувар Драган Влаховиќ и дежурните ученици, а потоа продолжил со маршот низ училишната сала до кабинетот за историја. Таму убил пет свои врсници, ранил еден наставник и уште шест ученици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Кипар го подигна нивото на тревога, училиштата се затворени
Кипар го подигна нивото на тревога по нападот со беспилотни летала врз британската воена база РАФ Акротири на островот. Властите ги затворија училиштата и спроведоа евакуации каде што е потребно, бидејќи земјата е вовлечена во ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
Во утринското обраќање до нацијата, кипарскиот претседател Никос Христодулидес рече дека безбедноста на земјата е најголема грижа на неговата влада.
„Се наоѓаме во регион со исклучителна геополитичка нестабилност, со бројни предизвици и проблеми, кој во моментов поминува низ невидена криза. Правиме сè што е потребно, а безбедноста на нашата земја и граѓаните е наш врвен приоритет“, рече тој.
Тој нагласи дека Кипар, членката на ЕУ најблиску до Блискиот Исток и популарна туристичка дестинација, инсистира дека нема да се вклучи во никакви воени операции.
„Остануваме посветени на хуманитарната улога што ја имавме цело време – секогаш како дел од решението, а не како проблемот – и ќе продолжиме да дејствуваме со истото чувство на одговорност“, додаде Христодулидес.
Осврнувајќи се на нападот што се случи синоќа, ретседателот рече дека „дрон Шахед погодил воени објекти во британската база во Акротири и предизвикал мала материјална штета“.
Грчките медиуми објавија дека бил неутрализиран и втор борбен авион, кој Иран исто така го насочил кон британската база, оддалечена околу 960 километри.
фото/ЕПА
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.

