Регион
Вархељи: Имам голема надеж дека преговорите со Скопје и Тирана ќе почнат наредниве недели
Европската Унија би можела да ги отвори пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија за неколку недели бидејќи двете држави постигнаа добар напредок во подготовките, рече денеска еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељи.
Франција, која го блокира почнувањето на разговорите со Скопје и Тирана во октомври минатата година, месецов порача дека преговорите со тие земји би можеле да почнат доколку Европската комисија им даде позитивна оценка во март, потсетува хрватски „Индекс“.
Вархељи вели дека извештајот на Комисијата, кој треба да биде објавен следната недела, е охрабрувачки.
„Има сериозен напредок кај обете држави. Јас сум многу охрабрен од фактот дека двете земји избраа да забрзаат (во однос на нивните подготовки)“, рече тој по средбата на вишеградската група со земјите од Западен Балкан во Прага.
„Навистина се надевам дека извештајот ќе ги убеди земјите членки оти овие две држави се подготвени и дека и ние треба да бидеме подготвени за отворање на преговорите“, рече комесарот за проширување додавајќи дека многу се надева оти преговорите со Северна Македонија и Албанија ќе почант во наредните недели.
Париз се спротивстави на почнувањето на преговорите со Скопје и Тирана велејќи дека првин треба да се реформира процесот за проширување.
Затоа, Комисијата овој месец предложи реформи во преговарачкиот процес, кои на земјите членки им дава поголемо влијание врз процесот и го олеснува неговото запирање или приспособување, поточно замрзнувањето на европските фондови.
„Индекс“ потсетува дека преговорите со земјите што пристапуваат траат со години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Кипар го подигна нивото на тревога, училиштата се затворени
Кипар го подигна нивото на тревога по нападот со беспилотни летала врз британската воена база РАФ Акротири на островот. Властите ги затворија училиштата и спроведоа евакуации каде што е потребно, бидејќи земјата е вовлечена во ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
Во утринското обраќање до нацијата, кипарскиот претседател Никос Христодулидес рече дека безбедноста на земјата е најголема грижа на неговата влада.
„Се наоѓаме во регион со исклучителна геополитичка нестабилност, со бројни предизвици и проблеми, кој во моментов поминува низ невидена криза. Правиме сè што е потребно, а безбедноста на нашата земја и граѓаните е наш врвен приоритет“, рече тој.
Тој нагласи дека Кипар, членката на ЕУ најблиску до Блискиот Исток и популарна туристичка дестинација, инсистира дека нема да се вклучи во никакви воени операции.
„Остануваме посветени на хуманитарната улога што ја имавме цело време – секогаш како дел од решението, а не како проблемот – и ќе продолжиме да дејствуваме со истото чувство на одговорност“, додаде Христодулидес.
Осврнувајќи се на нападот што се случи синоќа, ретседателот рече дека „дрон Шахед погодил воени објекти во британската база во Акротири и предизвикал мала материјална штета“.
Грчките медиуми објавија дека бил неутрализиран и втор борбен авион, кој Иран исто така го насочил кон британската база, оддалечена околу 960 километри.
фото/ЕПА
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.

