Контакт

Регион

(Видео) Фрлена бомба на протест пред ВМРО во Софија, обвинувања дека зад него стојат струи што го поддржуваат македонизмот

Објавено пред

Искрен Веселинов, заменик-претседател на бугарското ВМРО, коментирајќи за протестите пред седиштето на ВМРО во Софија, во емисијата „Лице в лице“ рече дека ги оправдува постапките на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, кој фрли бомба кон демонстрантите за време на тензиите пред седиштето на партијата.

„Џамбаски, веројатно, бил во состојба на афект бидејќи е ненормално некој да оди и да направи ваков вандалски чин, самоволие на бугарштината во Македонија“, додаде Веселинов.

Тој вели дека во протестот се вклучени српско-скопски сили, кои сакаат да ја заштитат македонската позиција.

На видеото се гледа како ситуацијата ескалира и членови на ВМРО и демонстранти го кршат стаклото од оградата на седиштето, а од последниот кат биле фрлани водни балони и пиротехнички средства.

Според него, не е случајно присуството на протестот и на Волен Сидеров и рече дека има вмешаност на политички струи од надвор.

„Тоа се струи и сили што го поддржуваат македонизмот како идеологија, измислен во Москва“, рече Веселинов.

Група граѓани се појавија пред седиштето на ВМРО да протестираат против владата. Како резултат на тоа има скршена влезна врата, чад, расфрлани пиротехнички средства, црева, водни балони. Бидејќи ситуацијата ескалира, интервенира и бугарската полиција.

Регион

Кликс: БиХ ја надминува Кина по бројот на заболени со коронавирус

Објавено пред

Од вчера, Босна и Херцеговина официјално има поголем вкупен број на лица заразени со коронавирус отколку Кина, првата земја во која се појави оваа инфекција, пренесува Кликс. Порталот од Сараево наведува дека вкупно 86.706 лица заразени со коронавирус биле регистрирани во БиХ од март до сабота, од кои 52.650 лица се опоравиле.

Бројот на смртни случаи како последица на Ковид-19 во БиХ е 2.577. Според најновите податоци објавени на веб-страницата „Worldometers“, од почетокот на пандемијата во Кина се забележани 86.501 случаи на коронавирус.

Кина е една од ретките земји во која нема зголемување на бројот на новоинфицирани наесен, односно втор бран на пандемија на коронавирус, потсетува Кликс и додава дека Кинезите имаат пет до 20 нови случаи на ден.

Порталот додава дека треба да се нагласи дека повеќе од 1,4 милијарди луѓе живеат во Кина, а нешто повеќе од 3,5 милиони луѓе во БиХ.

Прикажи повеќе...

Регион

Грција: 1.747 новоинфицирани, починаа уште 121 заразен со Ковид-19

Објавено пред

Во Грција, коронавирусот е потврден кај уште 1.747 лица, додека 121 пациент починале како резултат на болеста, пренесува агенцијата АНА.

Во моментов има 606 пациенти на апарати за дишење.Меѓу новите случаи, двајца се потврдени на граничните премини.
Од почетокот на пандемијата, во Грција се регистрирани 103.034 случаи на Ковид-19, а досега починале 2.223 лица.

Прикажи повеќе...

Регион

Амбасадорот на Црна Гора прогласeн за персона нон грата во Србија

Објавено пред

Српското Министерство за надворешни работи објави дека го прогласи амбасадорот на Црна Гора во Србија, Тарзан Милошевиќ, за персона нон грата.

„По повод прогласувањето на амбасадорот на Република Србија во Црна Гора, Владимир Божовиќ, за персона нон грата, Министерството за надворешни работи на Србија постапи на реципрочен начин“, се вели во соопштението на Министерството.

Во дипломатската нота се наведува дека врз основа на членот 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, амбасадорот Милошевиќ е прогласен за персона нон грата.

„Амбасадорот Милошевиќ е должен да ја напушти територијата на Република Србија во следните 72 часа“, се вели во нотата.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа37 минути

(Видео) Протести и апсења низ Европа

Повеќе од 155 лица беа уапсени во Лондон за време на протестите организирани против рестриктивните мерки насочени кон спречување на...

Спорт1 час

Дуелот Тајсон – Џонс заврши нерешено, „челичниот“ побара реванш

Рано утринава, во егзибициски меч во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес 54-годишниот Мајк Тајсон се врати во рингот по пауза...

Македонија11 час

Нови подводни истражувања во Охридското Езеро

Кон крајот на октомври успешно беше реализиран проектот „Подводно археолошко рекогносцирање на делови од источниот брег од Охридското Езеро“ чиј...

Свет12 часа

Една крвна група е поотпорна на Ковид-19 од другите

Голема студија направена во Канада нуди докази дека луѓето кои имаат нулта крвна група или се Rh-негативни, имаат помал ризик...

Македонија12 часа

Заев: Доста беше омраза, јас сум Македонец кој зборува македонски јазик

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од...

Македонија13 часа

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на...

Регион14 часа

Ковачев: Мицкоски ја уништува европската иднина на македонските граѓани

Со своите лаги, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја уништува европската иднина на македонските граѓани. Ова за БГНЕС го изјави...

Европа15 часа

(Видео) Поплави во Сардинија, има жртви и исчезнати

Најмалку три лица починаа во поплавите во Сардинија предизвикани од силниот дожд, јавија италијанските медиуми. Две лица се водат како...

Регион16 часа

Црна Гора го протера српскиот амбасадор

Српскиот амбасадор во Црна Гора, Владимир Божовиќ e прогласен за персона нон грата и e замолен да ја напушти Црна...

Македонија17 часа

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 811 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 811 пациенти позитивни...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски: Навестувам дека Зоран Заев подготвува нов национален пораз

Заев станува изолиран со тесна клика на платеници и клиентелисти и во лична битка за задржување на фотелјата, наместо во...

Спорт19 часа

ФИБА го одложи натпреварот Македонија-Италија

Македонската кошаркарска репрезентација нема да го одигра првиот натпревар, во „балонот“ во Талин, против Италија. Дуелот кој требаше да започне...

Европа21 час

Англија бесплатно ќе дели витамин Д како превентивна мерка против Ковид-19

Англиските власти објавија дека ќе понудат бесплатна испорака на витамин Д за околу 2,7 милиони граѓани кои припаѓаат на ризичните...

Македонија22 часа

Во Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат на сила мерки за заштита поради загадениот воздух

Во Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат на сила препораките и мерките во случај на неколкудневен надминат праг на ПМ10 честички...

Свет23 часа

Во Хонгконг запленети дијаманти со вредност од 700.000 евра

Царината во Хонгконг заплени повеќе од 160 дијаманти во вредност од околу 700.000 евра. Дијамантите се запленети од камион на...

Свет24 часа

Фаучи: Вакцинирајте се дури и ако сте се опoравиле од Ковид-19

Водечкиот американски експерт за инфективни болести Ентони Фаучи ги советуваше Американците кои веќе имале коронавирус, или претпоставуваат дека го имале,...

Македонија24 часа

Охридскиот градоначалник со осуда за оштетувањето на споменикот во чест на загинатите бугарски туристи

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати јавна осуда поради оштетувањето на споменикот поставен во спомен на бугарските туристи кои ги...

Свет2 дена

СЗО: До 70 отсто од светската популација треба да биде вакцинирана за да се запре коронавирусот

Околу 60-70 проценти од светската популација треба да бидат вакцинирани или да стекнат имунитет, за да се спречи ширењето на...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ на протести во повеќе градови: „Време е Заев да поднесе оставка“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва со автомобили одржа протести во неколку градови во државата поради ставовите на премиерот Зоран Заев, изнесени во...

Македонија2 дена

(Видео) Димитров: Не отстапуваме од македонскиот јазик и идентитет

Бугарија поради македонскиот јазик и македонската историја одлучи да ги блокира преговорите на Македонија со ЕУ. Во интервју за сараевската...

Досие