Контакт

Регион

(Видео) Вучиќ се сретна со Макрон во Париз

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Париз се сретна со претседателот на Франција, Емануел Макрон, кој му приреди свечен пречек пред Елисејската палата. Претседателот на Франција му се заблагодари на претседателот на Србија за посетата и истакна дека има убаво сеќавање од посетата на Белград во 2019 година.

„Дијалогот што го водиме повеќе од три години е многу важен. Би сакал да му се заблагодарам на претседателот Вучиќ што ја прифати новата методологија за влез во Европската Унија. Се надевам дека Франција и ЕУ ќе бидат поприсутни во полето на културата и образованието“, рече Емануел Макрон.

Макрон особено ја истакна важноста на разговорите за Косово. Тој посочи дека Франција ќе ѝ даде поддршка на Србија во патот кон мир.

„Ќе сториме сè што можеме за да бидеме со народот на Србија“, рече претседателот на Франција.

Макрон посочи дека цела Европа мора да стори повеќе во борбата против коронавирусот и посочи дека тоа е став и на германската канцеларка Ангела Меркел.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Во Србија речиси 3.500 новозаразени од коронавирус, 16 починати

Објавено пред

Во последните 24 часа на коронавирус во Србија биле тестирани вкупно 13.286 граѓани, од кои 3.469 биле новозаразени, а 16 пациенти починале.

Во моментот има 164 пациенти на апарати за дишење во болниците во Србија.

Вчера биле тестирани 10.368 граѓани, од кои 2.809 биле новозаразени, а 14 пациенти починале.

Бројот на новоинфицирани лица е сè уште на високо ниво, така што сè повеќе се зборува за ново засилување на епидемиолошките мерки.

Инаку, според последните податоци, на Србија досега ѝ се дадени 1.436.682 дози вакцина против коронавирусот, а 511.999 лица ја примиле втората доза од вакцината.

Денес, во Србија пристигна нов контингент од 58.500 дози вакцина против коронавирус од „Фајзер-Бионтек“.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Албанија пристигнуваат 15.000 вакцини на „Фајзер“

Објавено пред

Уште 15.000 вакцини против коронавирусот на компанијата „Фајзер“ треба да пристигнат денес во Албанија, потврди министерката за здравство, Огерта Манастирулиу.

Таа додаде дека се очекуваат 14.400 вакцини на „Астра зенека“, кои треба да пристигнат во следните 10 дена преку програмата „Ковакс“, објавија албанските медиуми.

„Ние сакаме да ја завршиме вакцинацијата на здравствените работници за кратко време, до втората недела од март, како и приоритетните групи од населението, како што се оние над 80 години, по што ќе продолжиме со вакцинирање на други групи луѓе“, рече албанската министерка за здравство.

Прикажи повеќе...

Регион

Босна и Херцеговина го одбележува денот на независноста, Република Српска бојкотира

Објавено пред

Во Босна и Херцеговина, денеска, 1 Март, се одбележува Денот на независноста, но овој ден се слави како празник само во Федерацијата БиХ, а во Република Српска се третира како незаконски и непостоен.

„Жртви сме на политика што одлучи да го јакне ентитетот со слабеење на државата, но ќе сториме сè за да ги отстраниме овие блокади и БиХ да тргне по вистинскиот пат“, рече во Сараево, Бакир Изетбеговиќ, претседател на Домот на народите на парламентот во БиХ, откако претходно беше положен венец на споменикот на партизанските ослободители од Втората светска војна, каде што присуствуваа членовите на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ.

Изетбеговиќ рече дека пред 29 години БиХ ја презела контролата над својата судбина во свои раце и тој е убеден дека ќе дојде време кога сите што живеат во неа ќе ја сакаат својата земја и ќе ја ценат нејзината независност.

Претседателот на Федерацијата на БиХ, Маринко Чавара (ХДЗ БиХ), по повод одбележувањето на 1 Март, рече дека овој датум е важен затоа што БиХ го напуштила југословенскиот државен сојуз во 1992 година, со што на сите народи и граѓани во БиХ им била дадена можност демократски и слободно ја изразат својата волја за иднината.

„Народите во БиХ ја изразија својата определба за независна БиХ, држава на еднакви народи и еднакви граѓани“, нагласи тој.

Честитки по повод Денот на независноста пристигнаа и од американската амбасада во Сараево.

„Соединетите Американски Држави остануваат посветени на силно партнерство и пријателство со БиХ и нејзините граѓани, со поддршка на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет и со нетрпение очекуваме да ги зајакнеме односите меѓу нашите две земји во наредните години“, се вели во честитката објавена на социјалните мрежи.

БиХ стана меѓународно призната држава откога мнозинството нејзини граѓани гласаа на референдум на 28 февруари и 1 март 1992 година за воспоставување „суверена и независна БиХ, држава на рамноправни граѓани и народи, муслимани, Срби, Хрвати и припадници на други народи што живеат во неа“, што беше формулацијата и на референдумското прашање.

Референдумот беше организиран по експлицитно барање на тогашната европска заедница, која го постави како услов за признавање самостојна БиХ, а одговорот „да“ тогаш го заокружиле нешто повеќе од два милиона граѓани, односно над 60 проценти од тогашната популација.

Властите во Република Српска, пак, упорно одбиваат да го признаат 1 март како празник и сметаат дека датумот е провокација тврдејќи дека токму референдумот е главната причина што довела до војна.

Пред прославата оваа година, сегашниот претседател во Претседателството на БиХ, Милорад Додик, рече дека тој никогаш нема да го слави 1 март во РС.

Во 2016 година некои српски членови на парламентот на РС побараа од Уставниот суд на БиХ да го поништи 1 март како празник што ги дискриминира Србите, но судот го одби таквото барање како неосновано.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет20 минути

Навални, Грета Тунберг, СЗО и Трамп номинирани за Нобелова награда за мир

Приближно 329 номинации пристигнаа за Нобеловата награда за мир оваа година, како одраз на бројни горливи прашања низ целиот свет...

Свет3 часа

ОН: Русија е одговорна за труењето на Навални

Според меѓународното право, Русија е одговорна за труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, наведуваат во прелиминарните наоди експертите за...

Македонија5 часа

234 нови случаи на Ковид-19 и седуммина починати

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа регистрирани се 234 нови случаи на Ковид-19 од направени...

Македонија7 часа

(Видео) Oрганизаторите на настани протестираа пред Владата: Наместо да пуштаме гласна музика, една година сме тивки

Со мотото „ПОМЕН – една година тишина“, со транспаренти во рацете „Спасете ја ивент-индустријата“, вработените во продукциските компании за организирање...

Македонија7 часа

Од мај почнува реконструкцијата на Универзалната сала, идејното решение е донација од архитектот

Универзалната сала во Скопје ќе биде реконструирана во постојниот облик и габарит задржувајќи го својот автентичен изглед со цел и...

Регион9 часа

Во Хрватска помалку од 100 новозаразени од коронавирус, од денес попуштање на мерките

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 91 нов случај на зараза со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни...

Македонија10 часа

Шекеринска: Можевме да не кажеме дека ни е вратен капарот за кинеската вакцина

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, вели дека, доколку сакале, можеле да скријат дека кинеската компанија за производство на вакцини ни...

Европа11 час

Германија ги попушта мерките, се отвораат фризерските салони

Фризерите во Германија од денес ги отвораат салоните по двомесечна забрана, што е уште еден претпазлив чекор кон отворање на...

Свет11 час

„Модерна“ почнува да ја испитува вакцината против јужноафриканскиот вид коронавирус

Испитувањата на вакцината што ја разви лабораторијата на „Модерна“ против јужноафриканскиот вид ќе почнат во средината на март во САД,...

Топ12 часа

Во Струмичко растурена свадба со 300 гости, МВР подготвува кривични пријави

Струмичката полиција на 28 февруари добила дојава по што службеници извршиле контрола во селото Банско, каде што била организирана свадба,...

Свет12 часа

Нетанјаху: Иран е нашиот најголем непријател, јас сум решен да го запрам и ќе удриме во целиот регион

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денес го обвини Иран дека стои зад експлозијата што се случи минатата недела во израелски...

Македонија14 часа

Почнува попишувањето на иселениците, дипломатите, затворениците и бездомниците

Од денеска почнува првата фаза на пописот, со која ќе бидат опфатени дијаспората, армијата, дипломатските претставништва, бездомниците и затворениците. Попишувањето...

Свет23 часа

(Видео) Израел повторно ја гранатира Сирија

Израел повторно ја гранатира Сирија, соопшти сириската државна агенција. Израел ги гранатира иранските позиции во близина на Дамаск. Како што...

Регион24 часа

Карантин за Подгорица и уште неколку градови во Црна Гора 

Комисијата за заштита на населението од Ковид-19 на предлог на Институтот за јавно здравје, денеска донесе нови мерки. Според нив,...

Македонија1 ден

Пратеник направил скандал на Блаце: „Никаде не чекам ред, нема ни тука да чекам“

Пратеникот Абдула Салиу од Алијансата на Албанците, на враќање од Косово направил скандал на граничниот премин Блаце. Тој бил со...

Македонија1 ден

Повлечен e авансот за кинеските вакцини, од Министерството за здравство велат дека договорот не е откажан

Министерството за здравство потврди дека го повлекло авансот што беше уплатен за набавка на кинеските вакцини од „Синофарм“. Оттука сепак...

Македонија1 ден

Регистрирани 305 нови случаи на Ковид-19, починаа 11 лицa

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 305 нови...

Топ1 ден

Девојка загина во сообраќајна несреќа кај Пониква

Триесет и едногодишна девојка од селото Прибачево, Кочанско, загина во сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на регионалниот пат Кочани-Пониква....

Македонија1 ден

Георгиевски објави план во пет чекори за решавање на спорот со Бугарија

Експремиерот и претседател на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски, на социјалните мрежи објави акциски план за излез од, како што вели, ќориот-сокак...

Регион1 ден

Во Србија денеска ќе пристигнат уште 100.000 дози од руската вакцина

Вечерва 100.000 нови руски вакцини „Спутник В“ ќе пристигнат во Србија и тие ќе бидат пренесени од аеродромот „Никола Тесла“...

Досие