Контакт

Регион

(Видео) Демонстрант во Белград: Тато, ова е за тебе затоа што почина бидејќи немаше респиратор

Објавено пред

Новинарка на телевизијата „Н1“ пред српскиот парламент ја сними шокантната исповед на Петар Ѓуриќ, син на познатиот уметник Љубиша Ѓуриќ, кој почина од коронавирус. Одговарајќи на нејзиното прашање зошто не се откажува од протестот, тој рече дека тој е тука поради татко му, кој починал во болницата во Земун затоа што немало респиратор.

Новинарката на „Н1“, Јелена Зориќ, ги интервјуира учесниците на протестот пред српскиот парламент прашувајќи ги околу полноќ зошто не се откажале од протестот, кога Ѓуриќ ѝ пришол и ѝ одговорил во преносот во живо дека е тука поради татко му, кој неодамна почина, пренесува „Нова.рс“.

„Солзавец, бојна муниција, палки, сè против голораката младина. Тато, ова е заради тебе бидејќи почина затоа што немаше респиратор, тато, многу те сакам. И за мојот син што се роди“, ѝ рече младиот човек на новинарката.

На прашањето зошто татко му починал, младиот човек одговорил:

„Немаше респиратор и до денес не добив тестови дека тој починал од коронавирус. Значи, немаше респиратори во болницата во Земун, а тие зборуваа дека подаруваат респиратори. Знам дека тој би бил горд на мене“, изјави младиот човек за „Н1“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Судир на грчки и турски воен брод во Медитеранот

Објавено пред

Грчки и турски воен брод се судрија во источен Медитеран, соопшти грчкото Министерство за одбрана опишувајќи го настанот како несреќен случај.

Турскиот истражувачки брод се движел во водите помеѓу Кипар и грчкиот остров Крит, а бил набљудуван од грчките воени бродови.

Во еден момент дошло до судир помеѓу грчки и турски воен брод.

„Тоа беше несреќа“, изјави извор од Грција за „Ројтерс“.

Турција не го коментира инцидентот во Медитеранот.

Тензиите помеѓу Атина и Анкара растат откако Турција испрати бродови за мапирање на делот од медитеранското дно, каде што се верува дека се наоѓаат наоѓалишта на нафта и бензин.

И двете држави го бараат правото на тој дел од Медитеранот поради што за денеска е закажан состанок на шефовите на дипломатијата на земјите членки на ЕУ.

Прикажи повеќе...

Регион

Рекордни 208 случаи на новозаразени со Ковид-19 во Хрватска

Објавено пред

Во последните 24 часа во Хрватска има 208 нови случаи на заразени со коронавирус, што го надмина вчерашниот рекорден број на нови случаи за еден ден, а две лица починаа, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

„Во изминатите 24 часа беа регистрирани 208 нови случаи на зараза со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на заразени (активни случаи) во Хрватска денес е вкупно 961“, рече на прес-конференција Крунослав Чапак, директор на хрватскиот Институт за јавно здравје.

Ова е втор ден по ред како во Хрватска е регистриран рекорден број пациенти за еден ден. Само вчера се регистрирани 180 случаи. Во болница има 106 пациенти, од кои 10 се на респиратор. Две лица починале, едно лице родено 1960 година во Сплит, кое било на респиратор, и лице родено 1934 година во Клиничката болница во Осиек со коморбидитет.

Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 6.258 лица заразени со коронавирус, од кои 163 починале, а 5.134 закрепнале. Во моментот има 3.158 лица во самоизолација. До денес тестирани се вкупно 134.742 лица, од кои 1.249 во последните 24 часа.

„Округот Сплит-Далмација и градот Загреб се водечки по бројот на нови пациенти. Ситуацијата покажува дека просечната возраст на новозаразените е 31 година, а нивните клинички слики во моментот се благи“, вели Чапак.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Словенија 37 новозаразени во последните 24 часа

Објавено пред

Во Словенија во последните 24 часа биле тестирани на коронавирус 937 лица, а потврдени се и 37 новозаразени, осум повеќе од претходниот ден, објави словенечката влада.

Ова е најголем број на заразени регистриран во Словенија во еден ден по 3 април кога беа откриени 43 нови случаи. Нема нови смртни случаи, така што вкупниот број смртни случаи од почетокот на епидемијата останува 129 од вкупно 2.369 луѓе што се заразиле.

Во моментот 18 пациенти се хоспитализирани поради Ковид-19, од кои тројца имаат потреба од интензивно лекување и 213 се активни случаи на инфекција, соопшти Министерството за здравство.

Четири лица се отпуштени од болниците во последните 24 часа на домашна нега по закрепнувањето.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија56 минути

Регистрирани 160 нови случаи на коронавирус, оздравени се 368 пациенти, а починаа 3 лица

Во последните 24 часа се направени 2.172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија1 час

Според ДУИ албанската опозиција ги поткопува позициите оти не се појавиле на средбата со Ахмети

ДУИ ја обвини опозицијата дека го напуштила Сојузот на албанските парламентарни партии кој бил основан по парламентарните избори од 11...

Македонија3 часа

Aлијансата и Алтернативата: Сѐ уште не сме во преговори со Заев

Коалицијата „Алијанса за Албанците – Алтернатива“ на прес-конференција рече дека засега немале средби со СДСМ и лидерот Заев за евентуалното коалирање....

Македонија4 часа

Србија воведе задолжителен ПЦР-тест за македонските граѓани

Странците што доаѓаат во Србија од одредени земји ќе мора да имаат негативен ПЦР-тест не постар од 48 часа, одлучи...

Топ5 часа

Воз удри во „ситроен“ во Тетово, две лица се повредени

Две лица се тешко повредени кога воз удрил во „ситроен“ пред влезот на железничката станица во Тетово. Како што информира...

Топ6 часа

Убиство во Инџиково – му барале пари, па го застрелале пред сопругата

Четириесет и деветгодишен жител на скопското село Инџиково синоќа бил убиен во својот дом. Според информациите на полицијата, зад убиството...

Македонија7 часа

Апасиев најавува предлог-мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието

Пратеникот од Левицата, Димитар Апасиев, најави дека партијата набгру ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор по случувањата со...

Македонија7 часа

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ7 часа

Уапсен тетовец, кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата „ЕВН Македонија“, на две одвоени...

Свет8 часа

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати глоба од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена со 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет8 часа

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет11 час

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет19 часа

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет20 часа

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа21 час

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Македонија22 часа

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија23 часа

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита...

Топ1 ден

Женско тело извадено од водите на Пчиња

Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња. Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под...

Македонија1 ден

Американската амбасадорка му го честита мандатот на Заев

Американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, му го честита мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за состав на нова влада....

Досие