Регион
(Видео) Морничави снимки од местото каде загинаа малолетните Црногорци

Автомобилот кој синоќа слета во реката Ибар на патот Рожае-Бач е извлечен од реката, а при оваа страшна сообраќајна несреќа загинале тројца малолетници А.М., С.М. и И.Д., додека лекарите се борат за животот на Ф.Д..
На Фејсбук страницата на „Радио Телевизија Рожае“ е објавено видео од местото на несреќата, откако автомобилот бил извлечен од реката.
Трагедијата се случила на место каде што автопатот не е обложен со банкина и е познато по слични несреќи со смртни последици.
Екипата на противпожарната служба ги извлекувала телата на загинатите тинејџери и повредениот млад човек од згмечениот автомобил.
Денеска и утре во градот е прогласен ден на жалост, по повод смртта на тројцата млади луѓе.
„Срцата на сите граѓани на Рожае денес чукаат како едно. Ја споделуваме огромната болка и длабоко сочувствуваме со семејствата на загинатите млади луѓе. Нашата заедница се соочи со огромна загуба“, напиша градоначалникот Рахман Хусовиќ, пренесува Вијести.
Страотната сообраќајна несреќа се случи синоќа околу 22:30 часот. Автомобилот во кој во тој момент имало четворица малолетници паднал во реката Ибар, а во тој момент настрадале три млади момчиња.
Четвртиот млад човек кој е тешко повреден е пренесен во болница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Вучиќ до синот на Трамп: Можете ли да замислите дека организаторите на протестите биле платени однадвор?

Доналд Трамп Јуниор, најстариот син на американскиот претседател, синоќа објави поткаст на платформата Rumble, на кој го угости Александар Вучиќ. Српскиот претседател зборуваше за протестите, кои со месеци траат во Србија. Тој посочи дека зад нив стојат невладини организации, кои се финансирани од странство.
„Можете ли да замислите дека сите невладини организации, кои учествуваа во организирањето на овие настани во Србија, беа платени однадвор, од САД, од УСАИД, Националната фондација за демократија и некои други организации“, рече тој.
„И не велам дека ги користеа овие пари само за тоа. Тие ги користеа парите за сè. Но и за тоа“, додаде тој. Тој предупреди дека САД трошат стотици милиони долари на работи што немаат никаква корист за американските граѓани.
Синот на Трамп рече дека УСАИД потрошила 14 милиони долари за јавни набавки, а Вучиќ одговори дека Агенцијата потрошила уште повеќе пари за финансирање невладини организации, кои станале инструменти во секаков вид политичка криза.
„И тие секогаш ја избираа страната што беше анархолиберална, која беше таканаречена зелена, но само таканаречена, и секогаш против лидерите што ќе ги зачуваат суверенитетот и независноста на земјата и нацијата“, се пожали тој. На прашањето дали српската влада се обидела да открие каде одат парите, Вучиќ рече дека тие сакаат да го сторат тоа, но дека се соочуваат со „лавина критики, дури и од некои извори во американската држава“.
„Можете да прашате сè, сите во светот, освен невладините организации кои се благословени од некого и заштитени од либералниот свет, затоа што, ако ги допрете, ако ги прашате – дождлив или сончев ден, сте ја направиле најстрашната грешка и ќе бидете распнати од нив. И тоа е нешто што ни се случува сега, но ние ќе си ја завршиме работата“, рече тој.
На синот на Трамп му порача дека ќе биде многу изненаден од резултатите од истрагата.
Регион
Унгарскиот министер за надворешни работи: Украина се турка во ЕУ, додека Западен Балкан чека 15 години

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ги критикуваше двојните стандарди на Европската унија, посочувајќи дека таа инсистира на членство на Украина, додека земјите од Западен Балкан чекаат повеќе од 14,5 години.
„Додека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен инсистира на членство на Украина до 2030 година, земјите од Западен Балкан чекаат повеќе од 14,5 години“, рече Сијарто на прес-конференција по средбата со црногорскиот вицепремиер за надворешни и европски прашања Филип Ивановиќ.
Сијарто истакна дека „интеграцијата на овој регион ќе ја зајакне ЕУ, додека членството на Украина би претставувало економски и земјоделски ризици“.
Тој истакна дека е горд на напредокот на Црна Гора кон членството во ЕУ за време на унгарското претседателство со Советот на ЕУ, истакнувајќи ја неговата поддршка за понатамошни преговори под полското претседателство.
Сијарто најави и зајакнување на економската соработка меѓу Унгарија и Црна Гора, нагласувајќи дека унгарскиот извоз во Црна Гора лани надмина 100 милиони евра, со значителни инвестиции во ИТ, телекомуникациите и финансискиот сектор.
Регион
Адвокатот на лидерот на босанските Срби: Не знаеме дали ќе се жалиме, Додик немаше правично судење

Адвокатскиот тим на лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, сѐ уште не е сигурен дали тој ќе поднесе жалба на првостепената пресуда со која беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност, потврди денеска адвокатот на Додик, Горан Бубиќ.
Во првостепениот процес, судот на БиХ на 26 февруари го прогласи Додик за виновен за неприменување на одлуките на високиот претставник за БиХ, а Бубиќ рече дека одбраната сè уште не добила писмен примерок од оваа пресуда, па рокот за поднесување жалба не е ни почнат.
„Дали ќе се жалиме или не, ќе видиме откога ќе ни биде доставена копијата од пресудата“, изјави Бубиќ за „Евроњуз“ додавајќи дека сѐ уште тврди оти Додик немал правично судење бидејќи не му судел непристрасен, туку политички суд.
Веднаш по изрекувањето на пресудата, самиот Додик изјави дека не планира да се жали бидејќи и онака не го признава судот на БиХ, но додаде дека ќе им остави на адвокатите да постапат како што им одговара.
Доколку не поднесе жалба и пресудата автоматски стане правосилна или потврдена во второстепената постапка, Додик најави дека нема да го оствари правото да бара замена на затворската казна со глоба бидејќи, според законот, сѐ уште има можност да ја откупи за цена од 100 конвертибилни марки (50 евра) за секој ден или на крајот за речиси 18 илјади евра.
„Никогаш нема да дадам ниту фенинг за да ја откупам казната“, рече Додик пред пратениците во парламентот на Република Српска на денот на изрекувањето на пресудата.
Замената на затворската казна со глоба не е автоматска, туку оваа опција ја разгледува и одобрува судот на барање на осуденото лице, коj може, но не мора ја одобри таквата опција.
Меѓутоа, Додик и неговите најблиски соработници, премиерот на Република Српска (РС), Радован Вишковиќ, и претседателот на ентитетскиот парламент,. Ненад Стевандиќ, потоа се соочија со можност за ново кривично гонење, овој пат под сомнение дека сториле кривично дело загрозување на уставниот поредок на БиХ за кое се соочуваат со долги затворски казни.