Регион
(Видео) Експлозијата пред РТС ја прекина утринската емисија што се емитуваше во живо

Силната експлозија што утринава се случи пред зградата на српската државна телевизија РТС ја прекина утринската програма што се емитуваше во живо.
Во експлозијата што се случи на паркингот на РТС загина еден градежен работник, а две лица се повредени.
Најверојатно, експлодирала боца со гас, која се наоѓала во возилото на работниците што требало да отстранат дефект на системот за климатизација во телевизијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора одбила донација од 10.000 кинески вакцини

Црногорската влада одбила донација од 10.000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“, а опозицијата ја нарече владината одлука политички мотивирана.
Во Црна Гора сè уште не е започната вакцинација против коронавирус.
Владата, како што беше соопштено, ја одбила донацијата затоа што веќе било договорено секоја набавка на вакцини да минува низ директен контакт со производителите, односно со земјите од каде доаѓаат вакцините.
„Секој друг вид набавка на вакцина или донација или кој било друг вид на снабдување, бара дополнителна проверка, односно посебна претпазливост“, рече министерката за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ.
Инаку, како што пренесуваат регионалните медиуми, донацијата била понудена од сопственикот на „Адриатик пропертис“ и „Универзал капитал банк“, Петрос Статис.
Регион
Во Хрватска 23 починати и 448 новозаболени од Ковид-19

Во последните 24 часа во Хрватска се пријавени 23 смртни случаи и 448 новозаразени со коронавирус, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.
Во моментов има 2.510 активни случаи, меѓу кои 1.491 пациент се во болница, од кои 139 се на апарати за дишење.
Од почетокот на епидемијата во февруари минатата година, во Хрватска се евидентирани вкупно 229.502 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 4.882 починале, а вкупно закрепнале 222.110 лица, од кои 434 во последните 24 часа.
Во моментов има 14.793 лица во самоизолација.
До денес се тестирани вкупно 1.162.664 лица, од кои 6.208 во последните 24 часа.
Регион
Вучиќ: Пристигнаа уште 10.000 вакцини во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека утрово во Србија пристигнале уште 10.000 вакцини против коронавирус, додавајќи дека борбата за вакцините продолжува и дека светот денес е како Титаник, каде што „богатите се обидувајќи се да обезбедат чамци само за себе”.
„Сакам да ве известам дека примивме уште 10.000 нови вакцини утрово“, рече Вучиќ во видеообјавата на својот инстаграм-профил. Тој изјави дека борбата за секоја вакцина продолжува, со многу состаноци и тешки разговори.
„Ние сме жилав народ, ќе се бориме за опстанок, ќе се бориме за животот на Србија и ќе успееме во тоа. Ќе успееме и ќе победиме заедно“, изјави Вучиќ.
Претседателот на Србија не прецизираше за кои вакцини станува збор, ниту од каде се набавени.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот