Регион
(Видео) Редок циклон пристигна во Грција, јахти летаат на сите страни

Исклучително редок медитерански циклон, „медикејн“, кого Грците го нарекоа Јанис, погоди делови oд Грција. Медиумите јавуваат дека јахтите се удираат од карпите.
Метеоролозите претходно најавија дека делови од Грција ќе се соочат со многу редок метеоролошки феномен што ќе го погоди грчкото крајбрежје, со многу силни налети на ветер и огромна количина врнежи.
„Танјуг“ објави дека под ударот на циклонот јахтата што пловела под знамето на Швајцарија, носена од силни ветрови и од струјата, одлетала на карпите на полуостровот Итака.
Како што се наведува, лицата што биле на јахтата успеале без помош да стигнат до брегот, пренесе агенцијата АНА.
Dangerous Medicane Cassilda (Ianos) forecast to strike western Greece https://t.co/CpF7hL6mQL
— Christiane Philipp (@Iesuschristus) September 18, 2020
Најновите прогностички модели покажуваат дека овој многу редок ураган може да биде најсилниот во историјата на овие простори.
Во Грција е издадено предупредување на високо ниво, а жителите се повикани да се засолнат.
Le #medicane/#médigan (?) (Mediterranean #hurricane) #Ianos frappe les îles Ioniennes… https://t.co/Reim03KvDg
— Jerome OLLIER (@JeromeOLLIER) September 18, 2020
Грчките метеоролози очекуваат огромни количини дожд, поплави и ветрови со над 200 километри на час.
Исто така, издадено е предупредување од највисок степен, а жителите беа повикани да се засолнат.
An impression from the #medicane #Ianos on the Greek island #Kefalonia. This storm made landfall a few hours ago. #Cassilda #Udine pic.twitter.com/gTYrDcWf72
— Klaus Jäger (@the_solartube) September 18, 2020
Пристигнаа и снимки од невремето на Закинтос, инаку популарно туристичко одморалиште.
Грчките власти соопштија дека засега има материјални штети, но, за среќа, нема жртви.
El pas del Cassilda a Grècia ?? https://t.co/uDd4mfd40S
— Méteo Palamós (@meteopalamos_) September 18, 2020
Властите соопштија дека се забележани прекини на електричната енергија на островите Закинтос, Кефалонија и Итака.
Засега нема точни податоци за количината врнежи што ги донесе циклонот со себе, како и за јачината на ветерот, бидејќи во оние делови каде што Јанис удри најсилно, всушност нема електрична енергија, па и мерењето на податоците е оневозможено, објави грчкиот весник „Катимерини“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трагедија на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград: маж почина штом слета од Тунис

Вистинска драма се одвивала синоќа, еден час по полноќ, на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, кога на патникот Н. Л. (64) му се слошило штом неговиот авион слетал од Тунис.
Според информациите објавени од „Блиц“, лекарите на аеродромот „Никола Тесла“ веднаш му укажале помош, но човекот не можел да се спаси.
Неговата сопруга била до него цело време. Таа, неофицијално, изјавила дека на нејзиниот сопруг му се слошило штом излегол од авионот. Лекарите итно реагирале, но и покрај нивните напори, немало начин да се спаси.
За случајот било известено Вишото јавно обвинителство, кое нареди обдукција на телото на мажот, објавија српските медиуми.
Регион
Фон дер Лајен: Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека само обединета Европа може да биде независна Европа, дека поголема и посилна Унија е гаранција за безбедноста на сите и дека иднината на Западен Балкан, Украина и на Молдавија е во ЕУ.
Во својот годишен говор до нацијата пред Европскиот парламент таа повика на следно обединување на Европа.
„Кога зборуваме за независност, зборуваме за избор на нашата судбина. Тоа е она за што се бори Украина. И тоа е она што го заслужуваат сите Европејци. Бидејќи Европа е идеја – идејата за слобода и заемна сила. Тоа беше идејата што ја водеше генерацијата по 1989 година кога Истокот и Западот се обединија. Сега е исто толку моќна како што беше и тогаш. Затоа ги доближуваме идните земји членки до нашата Унија. Треба да го одржиме темпото на овој процес базиран на заслуги“, рече Фон дер Лајен, пренесува „Танјуг“.
Фото: принтскрин
Регион
(Видео) Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди грчкиот остров Евија во текот на ноќта и беше силно почувствуван во Атина, соопшти Институтот за геодинамика на Националната опсерваторија во Атина. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) ја процени јачината на 5,2 степени.
Земјотресот се случил околу 30 минути по полноќ по локално време, а епицентарот бил во морето 45 километри североисточно од грчката престолнина и 4 километри од брегот на Неа Стира на југозапад од Евија, вториот по големина остров во Грција.
2/#Greece #σεισμός #sismo #deprem https://t.co/UkYhUkNJG3
— GeoTechWar (@geotechwar) September 9, 2025
Според грчките медиуми, засега нема вести за евентуални жртви или штети. Градоначалникот на Маратон, Стергиос Циркас, изјави за телевизијата ЕРТ дека земјотресот бил многу силен и додаде дека засега нема вести за штети.
Грција се наоѓа на неколку геолошки раседи и често е погодена од земјотреси. Во мај, земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди островот Крит и беше почувствуван дури до Египет и грчкиот главен град, додека во јануари и февруари беше регистрирана силна сеизмичка активност во областа на островот Санторини во Егејското Море.