Контакт

Регион

Во април во Љубљана се одржала само една свадба

Објавено пред

Минатата година во Словенија се венчале 6.672 двојки, но поради епидемиолошките мерки, тој број годинава ќе биде значително помал, така што само во Љубљана во првите шест месеци имало 200 свадби помалку во однос на ланските 418.

dobivaj vesti na viber

Најкритичен бил април, во екот на епидемијата, кога во Љубљана се одржала само една свадба во споредба со ланските 60.

„Се проценува дека просечна свадба во Словенија чини помеѓу 8.000 и 10.000 евра, така што може да се процени дека со 200 свадби помалку останале ’неискористени’ речиси два милиона евра“, објави љубљанско „Дело“.

Поради Ковид-19, најмногу 10 лица може да бидат присутни на граѓанска свадба, а до 50 на свадба со забава, при што организаторот мора да има список со телефонските броеви на сватовите и да го чува еден месец. Поради коронавирусот, свадбените прослави се претежно на отворено, но сè повеќе свадби се одложуваат поради што работата на организаторите на свадбите стагнира.

На тоа се жалат и фризерите, козметичките салони, снимателите, превозниците и сите што се потребни за вакви настани.

„Некои двојки веќе имаа сè што е подготвено за свадбата, но одложија сè. Меѓу нив се и оние што го имаа врежано датумот на свадбата на прстените, па го тргнаа. Има многу непријатности кај двојките што планираа свадба затоа што сега се во неизвесност за тоа што ќе се случи во наредните месеци“, изјавил за „Дело“ фотограф специјализиран за свадби.

Подготовките за вакви настани траат од десет месеци до една година, рече тој.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Видео) Лекарите и студентите по медицина протестираат во Нови Сад: „Ние преврзуваме, вие претепувате“

Објавено пред

Српската полиција во опрема за разбивање на демонстрации, поради чие присуство и грубо постапување неодамна беа организирани големи протести во Нови Сад, денес ја напушти зградата на Филозофскиот факултет за да се префрли во зградата на Универзитетскиот ректорат, како што објавија српските медиуми.

dobivaj vesti na viber

„Полицијата не го напушти студентскиот кампус, туку отишла во канцеларијата на ректоратот, која ја „окупирала“ по големиот студентски протест во саботата навечер, а на покана на ректорот“, објави порталот 021.рс.

Полицијата била на универзитетот 13 дена затоа што деканот повикал на интервенција, по што се заклучил во зградата и ги избркал студентите, според регионалниот медиум Н1, додавајќи дека по тоа започнале студентски и граѓански протести, за кои полицијата остро интервенирала за да ги смири.

Студентите веќе немаат пристап ниту до канцеларијата на ректоратот, во која влегла интервентната полиција на покана на деканот Дејан Мадиќ, па се заедно со некои незадоволни професори пред администрацијата на Универзитетот. Министерот за образование Дејан Вук Станковиќ изјави дека состојбата на Филозофскиот факултет во Нови Сад се „нормализира“ и додаде дека тоа е очигледно и од фактот дека 1.300 студенти се пријавиле за полагање на испитот и дека во зградата повеќе нема студенти во блокада, кои ги нарече блокатори.

„Никој не ме информираше за тоа, но фактот дека 1.300 студенти сакаат да влезат и дека повеќе нема блокади во самата зграда е доволен показател дека работите се нормализираат“, рече Станковиќ на телевизијата К1. Во Нови Сад, медицинските работници и студентите на Медицинскиот факултет денес протестираа пред Клиничкиот центар на Војводина (КЦВ).

Протестот „Ние преврзуваме, вие претепувате“ беше организиран поради полициската бруталност што кулминираше пред три дена, за време на големиот митинг во Нови Сад, каде што полицајците не ги поштедија ниту медицинските лица кои им пружаа помош на повредените граѓани, па дури и приведоа лекар додека им пружаше помош, објави Н1.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

Полјак се изгубил на 20 метри од автопат во Црна Гора: „Мислевме дека локацијата е грешка“

Објавено пред

Службата за заштита и спасување на Котор интервенираше синоќа поради млад Полјак кој се изгубил на 20 метри од главниот пат.

dobivaj vesti na viber

„Во 19:10 часот, Службата за заштита и спасување беше известена од оперативно-комуникацискиот центар 112 дека едно лице, странски државјанин, бара помош, или дека е изгубено во подножјето на планината Врмац.

Локацијата што ја добивме ја сметавме за грешка, бидејќи стануваше збор за позиција на 20 метри од главниот пат. Да, добро прочитавте. Лицето беше изгубено на 20 метри од главниот пат. Со користење на дрон со термичко снимање и двајца пожарникари, лицето беше „спасено“. Овој пат, не беше потребен хеликоптер.

Што мислите, дали толерирањето на ова однесување на странците сè уште е оправдано? Мислиме дека одамна не е. А стануваше збор за младо машко лице (20 години) од полска националност“, рекоа пожарникарите од Котор.

фото: фејсбук

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Демонстрантите во Србија фрлаа јајца врз автобуси со поддржувачи на Вучиќ

Објавено пред

Вчера во Чачак се случи инцидент кога граѓаните запреа автобуси со поддржувачи на Српската напредна партија (СНС) кои пристигнаа од други градови за да учествуваат во протест против блокадите и студентските демонстрации.

dobivaj vesti na viber

Според извештајот на Н1, собраните граѓани на Чачак успеаја да ја сопрат колоната автобуси, по што ги гаѓаа со јајца.

Протести против блокадите се одржаа во Србија и минатата недела. Директорот на полицијата Драган Васиљевиќ изјави дека околу 126.000 луѓе учествувале на 111 собири. Паралелно се одржаа и контрасобири во неколку градови, од кои најголемите беа во Шабац, Ниш и Чачак.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

(Видео) Расте бројот на жртви во судирот на воз и автобус во Мексико: десетици повредени

Најмалку десет лица загинаа, а 61 се повредени откако товарен воз удри во двокатен автобус северозападно од Мексико Сити, соопштија...

Свет5 часа

Израел: Моќен ураган ќе ја погоди Газа, а покривите на терористичките облакодери ќе се тресат

Израел им порача на жителите на Газа веднаш да го напуштат градот откако предупреди дека ќе ги интензивира воздушните напади...

Европа9 часа

(Видео) Падна француската влада

Францускиот премиер Франсоа Бајру го изгуби гласањето за доверба што самиот го побара за својата влада. Француското национално собрание гласаше...

Македонија9 часа

(Видео) Полицискиот хеликоптер денеска фрли повеќе од 30 тони вода врз дел од пожарите

Денеска полицискиот хеликоптер Бел 412 беше ангажиран во два наврати за гасење пожар во реон на село Русиново и во...

Свет10 часа

Шпанскиот премиер: Едно е да ја браниш својата земја, а друго е да бомбардираш болници и да ги изгладнуваш децата

Шпанскиот премиер Педро Санчез денес објави девет мерки против Израел, вклучувајќи ембарго за оружје, со цел „запирање на геноцидот“ што...

Македонија11 часа

Се судрија четири возила и четири мотоцикли, петмина повредени: прекинат сообраќајот на патот Мавровска крстосница-Гостивар

Денеска во ОВР Гостивар во 15:56 часот пријавена е сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар, во...

Топ14 часа

Едно и полгодишно дете од Радовиш пренесено во Клиничката болница Штип, според таткото испило таблета

Вчера во 18:22 часот во Полициската станица Радовиш од Итната медицинска помош Радовиш е пријавено дека кај нив бил донесено...

Македонија15 часа

Мицкоски за прислушуваните материјали: Ме следеле мене, но и моите деца, речиси исти луѓе блиски до некоја мината власт, оперираат со системот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во своето обраќање по повод 8 Септември – Денот на независноста...

Македонија15 часа

Шест активни пожари во државата, еден е под контрола

Денеска, до 12:00 часот, на територијата на Македонија регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои активни се...

Македонија16 часа

Ахмети: Никаква опасност, на ниту еден Македонец, а уште помалку на нашата држава, не и се заканува од еднаквоста со Албанците

„Годишнината од прогласувањето на независноста на Северна Македонија е секогаш повод да рефлектираме за тоа како беше, како е и...

Македонија16 часа

(Фото) Започна увидот во опожарената фабрика во Виница

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го започна увидот по настанатиот пожар во фабриката „Макпрогрес-Винчини“ во Виница. Увидните дејствија...

Македонија19 часа

(Видео) Филипче: Ова е држава на сите, мора да се бориме за нашиот дом

„Државата не е ничија сопственост. Не е сопственост на партиите, ниту на владата. Државата е на граѓаните. Таа е нашиот...

Македонија19 часа

Сиљановска-Давкова по повод 8 Септември: Денес, 34 години потоа, сè уште водиме битка за суверена, рамноправна, модерна, стандардна, европска, правна држава, членка на Европската Унија

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста. „На 8 Септември 1991 година,...

Македонија20 часа

Министерот Мисајловски со честитка до македонските граѓани по повод 8. Септември – Денот на независноста

Министерот за одбрана Владо Мисајловски им упатува честитки на македонските граѓани, по повод 8. Септември, Денот на независноста. Во честитката,...

Македонија20 часа

Гаши: Време е секој од нас да придонесе во зајакнувањето на мирот, стабилноста и соживотот

Претседателот на Собранието на РС Македонија, Африм Гаши на сите граѓани им ја честита 34-годишнината од независноста на државата. „Денот...

Свет1 ден

(Фото) Вечерашниот небесен спектакл нема да се повтори сè до 2029 година

Љубителите на астрономијата и набљудувачите на ноќното небо вечерва имаа можност да уживаат во небесен феномен. Во ноќта помеѓу 7...

Македонија1 ден

Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од...

Топ2 дена

28-годишен струмичанец сексуално злоставувал малолетна роднина

Дваесет и осумгодишен струмичанец е приведен под сомнение дека се обидел да изврши обљуба врз малолетничка со која бил во...

Македонија2 дена

Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во...

Свет2 дена

Се урна покрив на супермаркет во Германија, двајца се тешко повредени

Две лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во...