Контакт

Регион

Во БиХ убиен мигрант

Објавено пред

Едно лице за кое постои сомнеж дека е мигрант починало утрово во село во близина на градот Билеќа, пренесе порталот „Кликс“.

Како што изјавила за порталот портпаролката на полициската станица во Билеќа, полицијата околу 9:30 часот утрово добила пријава дека едно лице е убиено.

„Како што сме информирани, имало инцидент меѓу мештаните и едно лице за кое се смета дека е мигрант. Истрагата на местото на настанот е во тек и истата треба да ги утврди причините“, рекла портпаролката.

Некои регионални медиуми пренесоа дека еден од мештаните од околните села веќе го признал убиството, за кое што рекол дека го извршил откако мигрантот го нападал.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Бутан ја призна Хрватска

Објавено пред

Од

Кралството Бутан формално ја призна Хрватска, што ќе ја зајакне соработката меѓу двете земји посветени на стабилност, мир и одржлив развој, објави Министерството за надворешни и европски работи, пренесува Индекс.хр.

„Признавањето е резултат на работата на владата, Министерството за надворешни и европски работи, Постојаната мисија на Хрватска во ОН и Амбасадата во Њу Делхи во согласност со принципите на меѓународното право и целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации“, се вели во соопштението на министерството.

„Овој чин дополнително ги зајакнува предусловите за понатамошен развој на пријателски односи и соработка меѓу двете земји, врз основа на меѓусебно почитување и суверена еднаквост“, се додава во соопштението.

Хрватска веќе одржува односи со оваа хималајска нација од околу 800.000 луѓе во рамките на Обединетите нации, но ова формално признавање е важен поттик за билатерална соработка, во согласност со интересите на двете земји.

„Како членка на ЕУ и НАТО, Република Хрватска останува посветена на промовирање на одржлив развој, меѓународна соработка, мир и стабилност, вклучително и преку зајакнување на односите со партнерите во Азија.“

Откако беше признаена од оваа будистичка нација, Република Хрватска сè уште не е признаена од Нигер во Африка и Тонга во Полинезија.

Хрватска го одбележува денот на меѓународното признавање на 15 јануари, бидејќи на тој датум во 1992 година, сите членки на тогашната Европска Унија и други значајни земји во светот ја признаа.

Прикажи повеќе...

Регион

Претседателот на Црна Гора: Наша амбиција е да се приклучиме кон ЕУ во 2028 година

Објавено пред

Од

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска се обрати пред Европскиот парламент во Стразбур, каде што го повтори амбициозниот план на Подгорица да стане членка на ЕУ во 2028 година, што, како што рече, би било „заедничка победа“ за неговата земја и Европската Унија.

„Црна Гора ќе донесе во Унијата искуство на општество кое ја зачува мултиетничката хармонија во регионот со товарот на тешката историја, медитеранската отвореност и балканската отпорност“, рече 39-годишниот црногорски претседател на пленарна седница во францускиот град.

Во согласност со името на партијата од која доаѓа, Движењето „Европа сега!“, Милатовиќ им ја повтори на европратениците својата амбиција Црна Гора да се приклучи кон Европската Унија уште во 2028 година.

Милатовиќ зборуваше во Стразбур еден ден откако неговата земја затвори уште две поглавја од преговорите, со што нивниот број достигна 16, речиси половина од вкупно 33 поглавја.

Тој го прогласи членството на својата земја 20 години по враќањето на независноста за едно од најзначајните достигнувања во нејзината модерна историја, но и за „клучен момент за политиката на проширување“.

„Црна Гора е подготвена за ова“, нагласи Милатовиќ. Додаде дека неговата земја веќе е стратешки усогласена со ЕУ на голем број нивоа. Таа веќе го користи еврото и е членка на НАТО усогласена со европската надворешна и безбедносна политика.

„Задачите што претстојат се зајакнување на владеењето на правото, формирање независни институции и ефикасна јавна администрација“, рече црногорскиот претседател.

„Претстојното можно пристапување на Црна Гора ќе биде заедничка победа за земјата и Европската Унија, како и охрабрување за другите земји од Западен Балкан, доказ дека реформите водат кон целта“, додаде тој.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Регион

Еден од загинатите управувал со едрилицата во моментот на судирот, јавуваат хрватските медиум

Објавено пред

Во истрагата за тешката поморска несреќа кај Сплит, во која загинаа четворица чешки државјани, се појавија нови неофицијални информации според кои во моментот на судирот со катамаранот, на кормилото на едрилицата наводно не бил скиперот, туку еден од загинатите патници.

Според хрватските медиуми, полицијата ќе ги испита сите преживеани од едрилицата, како и членовите на екипажот и патниците од катамаранот кои би можеле да имаат информации за околностите на несреќата.

Неофицијално, француски државјани кои се наоѓале на блиска едрилица го снимиле моментот на судирот, а снимката би можела да биде важен доказ во истрагата.

Според досегашните информации, двете пловила се движеле во правец кон Хвар, а едрилицата непосредно пред несреќата наводно го сменила правецот на движење.

Наредени се токсиколошки анализи за скиперот на едрилицата, како и за командантот и првиот офицер на катамаранот. Исто така, ќе биде извршена обдукција на загинатите и дополнителни вештачења за утврдување на причините за несреќата.

Потонатата едрилица, која се наоѓа на длабочина поголема од 50 метри, ќе биде извлечена за детална техничка проверка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Муцунски во Лондон на средба со шефицата на британската дипломатија, Ивет Купер

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Лондон оствари средба со државната секретарка за надворешни работи,...

Свет18 минути

Руски дрон се урна врз цивили во Никопол, три лица загинаа

Руските сили извршија напад врз цивили кои одеа по патот во Никопол, при што загинаа три лица, објавува „Украинска правда“....

Регион21 минута

Бутан ја призна Хрватска

Кралството Бутан формално ја призна Хрватска, што ќе ја зајакне соработката меѓу двете земји посветени на стабилност, мир и одржлив...

Спорт33 минути

Вардар против КУПС во Лигата на шампионите

Македонскиот шампион Вардар го доби противникот во првото коло во Лигата на шампионите. Црвено-црните пласман во втората рунда ќе бркаат...

Регион51 минута

Претседателот на Црна Гора: Наша амбиција е да се приклучиме кон ЕУ во 2028 година

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска се обрати пред Европскиот парламент во Стразбур, каде што го повтори амбициозниот план...

Економија1 час

Божиновска: Со поддршка од Светска банка започнува подготовката на новата когенеративна централа во РЕК Битола

Во Владата на Република Македонија, свечено потпишан Договорот за грант во вредност од 2,4 милиони американски долари помеѓу АД ЕСМ...

Соопштенија1 час

Потпишана Декларација за намери за превенција на насилство кај младите

Денес беше потпишана Декларација за намери за превенција на насилство кај младите од страна на пратеничката Драгана Бојковска како координаторка...

Македонија1 час

Владата го изгласа пуштањето во употреба на „One Stop Shop“ со Албанија

Владата денеска го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Албанија. Со ова...

Македонија2 часа

Граѓаните ќе се изјаснуваат кај матичен лекар дали сакаат да бидат дарители на органи по нивната смрт

Владата на предлог на Министерството за здравство денес го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и...