Регион
Во Словенија наплатени 100.000 евра за кршење на мерките и карантинот
Словенечките власти издале речиси 14.000 налози за карантин за време на првиот бран на коронавирусот од 12 до 31 мај, а казните за кршење на правилата за затворање и карантин надминале 100.000 евра, покажува владиниот извештај.
Извештајот, усвоен од владата за периодот на епидемијата на „Ковид-19“, кој формално завршил на 31 мај, покажува дека здравствените инспектори имаат процесуирано повеќе од 1.500 пријавени случаи на прекршувања на владините правила за заклучување и наредби од министерот за здравство.
Инспекторите спровеле повеќе од 4.800 инспекции на самото место, издавајќи повеќе од 100 налози со кои се забранува продажба на стоки и услуги. Тие изрекле повеќе од 850 казни во вкупна вредност од над 100.000 евра, објави СТА.
Полицијата испратила вкупно 13.992 барања за карантин до Националниот институт за јавно здравје (NIJZ), од кои повеќето биле државјани на Босна и Херцеговина (6.439) и Словенија (4.731). Под водство на НИJЗ, цивилната заштита ставила 50 лица во карантините на хотел.
Полицијата извршила 189.475 инспекции под забрана за собирање и движење, постапувајќи по 2.534 пријавени случаи и утврдила прекршувања во 8.458 случаи.
Тие упатиле до 6.957 случаи на здравствени инспектори, издале 5.500 предупредувања и налози и откриле 88 случаи на нарушувања на јавниот ред.
Сепак, полицијата не утврдила ниту еден случај на кривично дело пренесување на заразна болест, пренесе агенцијата
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

