Регион
Во Србија стигна првиот контигент лекови против коронавирус

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави денеска дека еден контингент од најновите лекови против коронавирусот веќе пристигнал во земјата. Таа додаде дека лекот сега ќе се тестира и не откри за кој лек станува збор.
Во гостување на РТС, Брнабиќ рече дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се борел за тие лекови за време на неговата посета на Обединетите Арапски Емирати, дека за тоа разговарал со шеикот Мохамед бин Зајед, бидејќи, како што додаде, ОАЕ ги има сите најнови лекови.
„Разговараме и со Европската Унија и со фармацевтски компании од САД, Кина и Јапонија, и знам дека во овој момент веќе имаме контингент од најновите лекови и сега се тестира, и знам дека доаѓаат и дополнително нови лекови, но подобро е докторите да зборуваат за тоа бидејќи тоа што јас го знам е само дека пристигнале и дека се катастрофално скапи“, рече Брнабиќ.
Таа додаде дека државата ги платила, бидејќи, како што посочи, работа на државата е да најде пари, а лекарите да кажат кои лекови се најдобри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Граѓанин на Србија застрелан во кафуле во Загреб

Загрепската полиција соопшти дека 36-годишен државјанин на Република Србија бил застрелан во кафуле во Загреб и дека му била укажана лекарска помош во Клиничката болница во Дубрава.
Како што се наведува, пукањето се случило во средата околу 22.30 часот во ресторан во Дубрава на авенијата Дубрава, пренесува порталот „Индекс“.
Според полицијата, државјанинот на Република Србија најпрвин вербално се пресметал со непознатиот сторител, кој потоа испукал неколку истрели од огнено оружје.
Еден од истрелите го погодил 36-годишниот маж во ногата и му била укажана лекарска помош во Клиничката болница во Дубрава.
Од полицијата посочуваат дека во тек е кривична истрага по што ќе се знаат деталите за случајот.
Регион
Додик: На ЛГБТ-активистите да им се забрани влезот до училиштата

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, најави дека во Република Српска ќе се донесе закон со кој на припадниците на ЛГБТ-заедницата ќе им се забрани влез во образовните институции.
„Значи, во градинките, училиштата и на факултетите нема да може да пристапат, нема да може да вршат пропаганда“, изјави синоќа Додик во интервју за телевизијата „К3“.
Тој рече дека тоа е „институционална одговорност на властите во Република Српска, кои на овој начин сакаат да ги зачуваат, како што рече, традиционалните и семејните вредности“ на луѓето.
Причина за ова е неодамнешниот напад на хулигани врз активисти на ЛГБТ-заедницата и новинари во Бања Лука за што ги обвинија Додик и градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, дека со своите ставови и изјави го предизвикале нападот.
Нападнатите членови на ЛГБТ-заедницата и новинарите биле принудени да ги напуштат Бања Лука и Република Српска бидејќи полицијата не можела да им гарантира безбедност, пренесува „Неделник“.
Регион
Патарините во Србија поскапеа 14 отсто

Србија ги зголеми цените на патарините за 14 отсто.
Во споредба со актуелните цени на патарините, поскапувањето на најдолгите делници ќе биде речиси 200 динари, а кај најфреквентните од 60 до 100 динари.
Според одлуката на владата, возачите што патарината ја плаќаат преку електронски уред ќе добијат попуст од 6 отсто.
Новите цени на патарините ќе почнат да важат 8 дена по објавата на одлуката во српскиот „Службен весник“.