Контакт

Регион

Во Србија уапсен двоен убиец од Црна Гора, го барале со недели

Објавено пред

Потпретседателот на српската влада и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека припадниците на специјалната антитерористичка единица, во соработка со сите други полициски сили, утринава околу 3 часот и 5 минути во селото Прибојска Голеша го уапсиле Алија Балијагиќ.

dobivaj vesti na viber

„Тој беше пронајден во куќа каде што имавме информации дека повремено доаѓа. Го фатија на спиење, не даваше отпор“, изјави Дачиќ.

Тој додаде дека Балијагиќ имал две пушки.

„Приведувањето е извршено на многу непристапен терен со снег од 40 сантиметри. Лицето е донесено во полициската управа во Пријепоље“, рече Дачиќ.

Полицијата трага по Балијагиќ од октомври откако уби две лица во селото Соколац.

Регион

Во повеќе градови во Бугарија големи протести против злоставувачите на животни: „Сакаме затвор, а не парични казни“

Објавено пред

Во повеќе градови во Бугарија и денес се одржа сенароден протест за одбрана на животните.

dobivaj vesti na viber

Во Софија незадоволните граѓани кренаа плакати: „Доживотен затвор за изродите“, Стоп за злоупотреба на животни, Затвор за убијци на животни“.

Демонстрантите повторно побараа затвор за злоставувачите на животни, а не парични казни. Тие носеа и натписи: „Нема оправдување за оваа тортура“.

Во Бургас се одржа втор протест против насилството во сите негови форми. Пред зградата на судот, стотици граѓани, заедно со нивните миленици, се собраа да побараат правда, пренесе „БГНЕС“.

„Ова мора да престане! 360 случаи, 9 обвинети, смешни казни! Потребна ни е контрола, регистар на продадени животни, вистинска превенција и буџет за обука на специјализирани служби. Но што е најважно – треба да знаеме кој ги одложува овие промени ма цивилизирано општество!“, изјави организаторот на протестот Николај Ќучуков.

Во Благоевград десетици луѓе со своите миленици се собраа пред Судската палата со барања да не се игнорираат инцидентите на злоупотреба на животни и сторителите да добијат правична казна.

Во Варна, демонстрантите се собраа пред зградата на општината, а потоа мирно маршираа до Плоштадот на независноста во градот. Луѓето скандираа и држеа плакати со натписи: „Не за агресијата кон бездомните животни“ и „Тие умираат без своја вина“.

Демонстрантите се надеваат дека реакцијата на јавноста ќе донесе правични казни за насилниците, законски измени во корист на животните и нетолеранција кон агресија и насилство во која било форма.

„БГНЕС“ потсетува дека 26-годишната Габриела Сашова и 35-годишниот Красимир Георгиев се обвинети дека за пари снимиле страшни видеа на злоставување животни. Окружниот суд Перник ги стави двајцата обвинети во притвор.

Сашова и Георгиев ги снимале бруталните видеа во име на „клиенти“ од целиот свет и примале плаќање во криптовалути и преку разни онлајн платформи.

Прикажи повеќе...

Регион

Драма на небото над Хрватска: авион полета за Фанкфурт, па се врати назад за 20 минути

Објавено пред

Авион на „Кроација ерлајнс“ кој утринава полета од Загреб за Франкфурт се врати на аеродромот „Фрањо Туѓман“ по само 20 минути лет, јавуваат патниците.

dobivaj vesti na viber

Авионот морал да се врати поради технички проблеми.

„Мала техничка неисправност. Сега седиме во авион во Загреб“, вели патникот, пренесе „Вечерњи“.

Како што се додава станува збор за авион „Даш 8“, кој е дел од националниот превозник од 2008 година, што значи дека лета веќе 17 години.

За таков модел, тоа е приближно две третини од работниот век, што во Европа е во просек 25 години.

Авионот е еден од петте вакви турбопромотори што ги има Хрватска во својата флота, 9A-CQA е најстар. Во последните седум дена имаше во просек по седум лета дневно.

Прикажи повеќе...

Регион

Додик: Вучиќ уште еднаш потврди дека тој е изворот на стабилноста и силата на Западен Балкан

Објавено пред

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, им се заблагодари на Србија и нејзиниот претседател за денешната поддршка и рече дека кога политиката ја засновате на принципи, вистина, право и правда, кога сакате добро за својот народ и не сакате ништо лошо за другите – тогаш сте лидер, како Александар Вучиќ.

dobivaj vesti na viber

Вучиќ потврдува дека е човек кој е извор на стабилност и сила на Западен Балкан, човек кој реално ги гледа работите и ја отвора вратата за компромиси, разбирајќи ги легитимните интереси на сите – не наметнувајќи ништо никому“, напиша Додик на платформата Икс.

Тој посочи дека Србија, изградена со несебичните напори на Вучиќ, е столб на мирот и стабилноста.

„Таква Србија е исто така симбол на економскиот напредок и развој. Моќна и силна под негово водство, таа е и силна поддршка за Република Српска“, рече Додик.

Претседателот на Република Српска истакна дека таква Србија им пречи на оние кои би сакале да го видат српскиот народ на колена, но таква слика нема да видат.

„Србија на чело со Вучиќ оди со крената глава, горда и свесна за својата историја и својата иднина. Затоа блокадите треба да престанат и Србија да се собере и да го избере Александар Вучиќ“, вели Додик и посочува:

„Ние сме им благодарни на претседателот Александар Вучиќ и на Србија за нивната поддршка, што и овојпат се одразува во јасна и принципиелна комуникација со Интерпол, во однос на обидот од Сараево да ги ограничи меѓународните контакти на врвот на Република Српска.

Тој изјави дека притисоците и злоупотребите на меѓународните институции не смеат да бидат средство за политичка борба во Босна и Херцеговина.

„Александар Вучиќ останува рационален глас на стабилноста, дијалогот и мирот во регионот. Неговата формула – дијалог, договор и почитување за сите без наметнување – е единствениот можен пат до решение и излез од кризата“, јасен е Додик.

Претпоставувам, вели претседателот на Република Српска, досега им станало јасно, а ако не – доволно ќе биде, дека никого нема да исплашат и ништо да постигнат со притисоци и уцени.

„Само околностите ќе го направат дијалогот уште покомплексен и отежнат. Затоа избираме одговорност и разум, а не уцени и авантуризам“, изјави Додик, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Пиротехниката во затворен простор ќе се најде пред пратениците, се менува Законот

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка го менува Законот за јавен ред и мир, со што се става ред...

Македонија3 часа

Случајот со Фросина Кулакова не’ собра, а причина е системот, велат од „Кој е следен“ по обвинувањата дека ја злоупотребиле трагедијата

Точно е дека движењето „Кој е следен?“ настана по сообраќајната несреќа на Партизанска кога загина Фросина Кулакова. Тоа не’ собра...

Македонија4 часа

(Видео) Шукова: Можеби храната што ја јадеме е под ризик порди излевањето во Крива Река

Се’ што се продава на пазарите во Скопје, Куманово, Паланка, Велес и другите градови, се наводнува од Вардар, Пчиња, Крива...

Македонија5 часа

ДУИ го повика Советот на Европа да испрати експерти кои ќе ја проценат истрагата за Кочани

Пратеничката група на Европски фронт, на чело со ДУИ во Собранието, испрати формално писмо до четири клучни тела на Советот...

Култура7 часа

Филип беше ураган од љубов – во Штип се одржа комеморација за музичарот Стевановски кој загина во пожарот

Во Штип се одржа комеморацијата за директорот на штипскиот центар за култура „Ацо Шопов“, Филип Стевановски, кој тагично го загуби...

Македонија8 часа

Утре еден час помалку спиење – во два по полноќ почнува летното сметање на времето

Вечерва, сабота кон недела, почнува летното сметање на времето. Тоа значи дека стрелките на часовникот во два часот наутро на...

Свет8 часа

Зеленски: Американците целосно го сменија договорот, чекаме правна анализа

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека Украина нема да прифати никаков договор за минералните суровини што ќе ја загрози нејзината...

Македонија1 ден

OJO: Поднесено обвинение за тешката сообраќајна несреќа со смртни последици на „Партизанска“

По целосно спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице што се товари за тешки...

Македонија1 ден

Четворицата лидери на „Влен“ вечерва ќе одат на ифтарска вечера кај Аљбин Курти, Таравари вели дека ќе разговараат и за локалните избори

За претстојните локални избори, како и за сите актуелни теми во земјата и во регионот, вечерва, на ифтарска вечера кај...

Македонија1 ден

Денес, осум пациенти од Скопје се пуштаат дома, од странство се враќаат уште девет

Министерот за здравство, Арбен Таравари, информира дека во моментот во установите во Скопје се хоспитализирани 22 пациенти, сите стабилни и...

Топ1 ден

Измамници оштетија струшко семејство: им понудиле донации за болниот син, па подигале брзи кредити

Двајца измамници излажале сопружници од Струга дека ќе собираат пари за лекување на нивниот болен син и им ги зеле...

Македонија1 ден

Крива Река е опасна за животот на луѓето, загадени и земјоделските насади – градоначалникот бара кривична одговорност

Во согласност со извештајот на акредитирана лабораторија „Техно лаб“ во Скопје, водата во Крива Река, по земените примероци, еден ден...

Македонија1 ден

Македонците и годинава ќе може да патуваат во ЕУ како досега: системот ЕТИАС одложен

Системот ЕТИАС, кој ќе се применува за влез во земјите од Европската Унија, повторно е одложен и ќе почне на...

Македонија1 ден

Сестрата на прегазената Фросина Кулакова: „На движењето ‘Кој е следен?’ не му е важна жртвата, туку агендата“

Росица Кулакова, сестрата на трагично прегазената Фросина Кулакова, првпат јавно зборуваше за случувањата по загубата на сестра си, но и...

Топ1 ден

Уапсени двајцата возачи што удрија пешаци во Скопје, автомобилите одземени

Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 45-годишниот И.С. од Скопје, затоа што на 27.03.2025 околу 21.50 часот...

Свет1 ден

(Видео) Први снимки по разорниот земјотрес во Мјанмар: се тресеше и на Тајланд на 1.000 километри од епицентарот

Застрашувачки снимки излегуваат од Тајланд откако утринава два разорни земјотреси го погодија Мјанмар. Првиот земјотрес со јачина од 7,7 степени...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет1 ден

Снимка од подморницата на смртта пред трагедијата во Египет: „Почна да тоне додека сè уште беа отворени челичните врати“

Шест туристи трагично загинаа откако подморница потона крај брегот на Египет додека беа на обиколка на подводните корални гребени. Вкупно...

Регион1 ден

Авионот на Додик полетал од Израел и среде ноќ слетал во Белград

Авионот на Владата на Република Српска полетал синоќа во 21 часот и 32 минути од аеродромот Бен Гурион во Тел...

Свет1 ден

Белата куќа му одговори на Путин: Украинците одредуваат кој управува со Украина

Управувањето на Украина го одредува нејзиниот Устав и народот на таа земја, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на...