Регион
Во Србија 1.331 новозаразен од коронавирус, 14 починати

Во последните 24 часа 5.550 лица биле тестирани на коронавирус во Србија, од кои 1.331 бил позитивен, а починале 14 лица.
Според најновите податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, на апарати за дишење се приклучени 142 пациенти. Во моментот има 3.891 лице во болниците.
Во Србија со недели има околу 2.000 заразени лица на ден.
Дисциплината е попуштена, граѓаните се опуштија, а медицинскиот дел од кризниот штаб изразува загриженост и вели дека ќе има заострување на мерките доколку бројот на позитивни и хоспитализирани лица продолжи да расте.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Мирослав Шкоро се кандидира за градоначалник на Загреб

Хрватскиот музичар и пејач Мирослав Шкоро официјално потврди дека се кандидирал за градоначалник на Загреб.
„Претседателот на ‘Татковинско движење’, како и разгранокот на ‘Татковинското движење“ на Град Загреб, д-р Мирослав Шкоро, кој освои 465.704 гласа на претседателските избори во 2019 година и под чие раководство партијата освои 16 места на парламентарните избори во 2020 година, ќе биде кандидат на ‘Татковинското движење’ за градоначалник на град Загреб на претстојните локални избори во мај 2021 година“, велат од партијата.
Тој ќе ја претстави својата кандидатура в сабота, 6 март, на Цветниот плоштад во Загреб.
Регион
Опсада во Загреб, антитерористички единици во зградата во која живее Колинда Грабар-Китаровиќ

Загрепската полиција добила дојава дека лице што сака да се убие се наоѓа во зградата во која живее поранешната хрватска претседателка, пренесуваат локалните медиуми.
Две антитерористички единици, тешко вооружени и со кучиња, влегле во зградата, пишува „24 сата.хр“ и додава дека на терен се најмалку 10 возила, односно дека местото е полно со полиција.
Според еден читател, по другите околни згради биле распоредени и снајперисти.
Хрватските медиуми дошле и до сознанија дека поранешната хрватска претседателка во моментот не е во зградата бидејќи волонтира во Петриња, град што изминатиов период беше погоден од серија земјотреси. Во станот не е ни нејзиното семејство.
Регион
Пописот на населението во Хрватска одложен за наесен

Пописот на населението најавен за април е одложен, а во зависност од ситуацијата се надеваме дека ќе почне наесен, изјави Дамир Плесац од Централното биро за статистика во емисија на ХРТ.
Пробниот попис почна во 5 жупании и ќе трае од 1 до 15 март во две фази. Во првата луѓето може да бидат попишани преку интернет, а во втората попишувачите ќе излезат на терен, рече Плесац.
Регистарот на населението е важен за Хрватска затоа што само со квалитетни податоци може да се усвојат јавни политики од кои може да се очекуваат ефекти, рече Сања Клемпиќ-Богади, демограф од Институтот за миграција и етнички студии, додавајќи дека пред регистар на населението, потребен е регистар на станбените единици.
Како што рече таа, регистарот на населението е важен поради миграциите, кои се важни за идните планови.
Регистарот на населението не е обврска, туку препорака што дојде од ЕУ и владата работи на тоа, нагласи Мислав Рубиќ од Централниот државен завод за демографија и млади.
„Регистарот на населението ќе го донесе фактот дека ќе имаме реални бројки од година на година и така ќе може поквалитетно да се креираат демографските политики“, рече тој.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“