Контакт

Регион

Во Србија 2.267 новозаразени со коронавирус, 25 починати

Објавено пред

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 12.889 лица на Ковид-19, од кои 2.267 биле позитивни, додека починале 25 лица.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 189 пациенти се приклучени на респиратори во болници низ цела Србија.

Досегашните корона-рекорди се: најмногу позитивни за еден ден – 7.999, најмногу луѓе на апарати за дишење – 353, најмногу тестирани – 22 837 и најмногу починати – 69.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Досега во Србија вакцинирани 100.511 лица

Објавено пред

До денес во Србија се вакцинирани 100.511 лица, пишува „Блиц“.

Граѓаните на Србија во моментот може да изберат помеѓу три достапни вакцини – руската „спутник В“, потоа на „Фајзер-Бионтек“ и кинеската на „Синофарм“. А набргу ќе може да изберат помеѓу четири вакцини против коронавирусот бидејќи се очекува пристигнувањето на вакцината развиена од Универзитетот „Оксфорд“ и британско-шведската компанија „Астра зенека“.

Масовната вакцинација во Србија почна пред три дена со вакцинирање припадници на армијата и полицијата на саемот во Белград, каде што беа поставени 11 пункта за вакцинација.

„Многу е важно што повеќе граѓани да се вакцинираат, со цел да се создаде колективен имунитет, да надмине 60 или 70 проценти и на тој начин да се запре оваа сериозна болест“, изјави епидемиологот и член на кризниот штаб, Бранислав Тиодоровиќ, кој исто така прими вакцина.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Словенија 1.439 новозаразени со коронавирус, 27 починати

Објавено пред

Во последните 24 часа во Словенија се регистрирани 1.439 нови случаи на коронавирус, а 27 лица починаа, објавено е на специјализираната веб-страница на владата. Вкупно се извршени 11.149 ПЦР и брзи тестови.

Во моментов, активни се 19.008 случаи, што е за 628 помалку од претходниот ден. Во моментов има 1.159 пациенти во болница, од кои 182 се на интензивна нега.

Од почетокот на пандемијата, во Словенија починале 3.248 лица. На крајот на декември во Словенија започна вакцинацијата против коронавирус, а досега се вакцинирани 47.931 лице.

Прикажи повеќе...

Регион

Албанија протера руски дипломат поради кршење на мерките против коронавирусот

Објавено пред

Албанија го протера рускиот дипломат Алексеј Кривошеев поради наводно непочитување на мерките против ширењето на коронавирусот.

Во соопштението на албанското Министерство за надворешни работи се вели дека Кривошеев е прогласен за персона нон грата и го замолува да ја напушти земјата во рок од 72 часа.

Министерството соопшти дека од април минатата година споменатиот дипломат постојано ги кршел мерките.

Се наведува дека албанските власти најпрвин контактирале со амбасадорот, но дипломатот продолжил упорно да ги крши ограничувањата наметнати поради пандемијата.

„Повторените оспорувања на правилата и чекорите за заштита за време на пандемијата и игнорирањето на загриженоста на албанските државни институции во врска со ова повеќе не може да бидат оправдани и толерирани“, се вели во соопштението.

Министерството не даде детали за наводните кршења, ниту за позицијата на дипломатот.

Во Албанија полицискиот час е во сила ноќе, употребата на маски во затворени простории и на отворено и социјалното дистанцирање се задолжителни.

„Се надеваме дека оваа одлука… во таков предизвикувачки момент за светот, ќе биде разбрана од руската страна како неопходен чекор за заштита на здравјето и безбедноста на сите во Албанија“, се вели во соопштението на Министерството.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Филипче: Спремни сме да ги примиме вакцините од Србија

Министерот за здравство, Венко Филипче, пред денешниот разговор за вакцините со Србија вели дека не постојат пречки ковид-вакцините да пристигнат...

Топ2 часа

(Видео) Пресечен меѓународен канал за дрога, запленети 40 килограми марихуана

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, заедно со Одделот за специјални полициски...

Македонија2 часа

Општина Центар додели 400.000 денари помош за Петриња и Сисак

Советот на Општина Центар додели парична помош во висина од 400.000 денари на градовите Петриња и Сисак во Хрватска. „По...

Македонија2 часа

Заев и Спасовски земаат највисоки плати во Владата

Премиерот Зоран Заев зема највисока плата од 87.813 денари, а министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е втор на списокот...

Македонија2 часа

Царовска на средба со МАНУ: Реформите во образованието се неопходни ако сакаме подобри резултати

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и членовите на работната група денес ги продолжуваат дебатите за предложените...

Регион3 часа

Мира Фурлан починала од западнонилска треска

Познатата актерка Мира Фурлан починала од вирусот на западнонилската треска, пишуваат хрватските медиуми. Актерката неколку месеци се борела со болеста...

Европа3 часа

Урсула фон дер Лаен: ЕУ ќе мора што побргу да обезбеди вакцини за Западен Балкан

Европската Унија со посебен механизам ќе обезбеди вакцини против коронавирусот за Западен Балкан што е можно побргу, рече претседателката на...

Свет4 часа

Уапсени двајца соработници на Навални затоа што повикувале на протести

Русија уапси двајца соработници на затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, и се закани дека ќе ги тужи другите поради...

Европа4 часа

ЕУ воведува темноцрвени зони на епидемиолошката карта на Европа

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, најави воведување нова ознака на епидемиолошката карта на Европа, темноцрвена зона, од...

Свет5 часа

Бајден бара петгодишно продолжување на договорот за контрола на нуклеарното оружје со Русија

Претседателот на САД, Џо Бајден, ќе побара петгодишно продолжување на договорот за контрола на нуклеарното оружје „Нов СТАРТ“ со Русија,...

Свет15 часа

(Видео) Бајден: Ќе ги поместиме небото и земјата за да вакцинираме што е можно повеќе луѓе

Новиот американски претседател Џо Бајден ѝ се обрати на американската јавност по повод презентацијата на планот за борба против пандемијата...

Европа17 часа

Холандија воведува полициски час, луѓето веќе смислуваат начини како да го избегнат

Предлогот на холандската влада да воведе полициски час, прв по Втората светска војна, помина во парламентот, пренесува АФП. #BREAKING Dutch...

Македонија18 часа

Филипче: Попис во време на пандемија е голем предизвик, но може да се спроведе

Спроведувањето на пописот во време на пандемија е голем предизвик, но процесот може да се спроведе и заврши по сите...

Македонија20 часа

15 починати и 356 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.906 тестирања, а регистрирани се 356 нови случаи на...

Свет20 часа

(Видео) Најмалку петмина мртви во пожарот што ја зафати зградата на најголемиот светски производител на вакцини

Голем пожар избувна денес во Индискиот институт за серуми (SII), фабрика за производство на вакцини во градот Пуна. Пожарот го...

Македонија22 часа

Фетаи: Oд доказите произлегува дека изборот на жртвите е да се Македонци

Обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ да бидат осудени на доживатна казна затвор, на Фејзи Азири да му биде...

Македонија24 часа

Собранието го изгласа законот за попис

По 19 години, во април ќе се одржи попис на населението во земјата. Собрането денеска со 62 гласа „за“, без...

Македонија1 ден

Брнабиќ: Ќе помогнеме вакцините на „Фајзер“ да се регистрираат во Северна Македонија

Српската премиерка Ана Брнабиќ за ТВ „Хепи“ изјави дека земјата е подготвена да испрати 8.000 вакцини во Северна Македонија и...

Македонија1 ден

Фетаи за „Монструм“: Овој чин не заслужува ништо помалку од доживотен затвор

Обвинителката Фатиме Фетаи, која го застапува случајот „Монструм“, преку анализа на доказите, односно вештачењата и сведочењата, му докажуваше на судот...

Македонија1 ден

Матурантите ја бојкотираат наставата

Матурантите го бојкотираат почетокот на второто поллугодие. Тие бараат да полагаат два наместо четири предмети од државната матура. „Сојузот на...

Досие