Регион
Во Хрватска речиси 4.000 новозаразени, следните 6 месеци не се очекува попуштање на мерките
Бројот на нови инфекции и смртни случаи од коронавирус во Хрватска е сè уште многу голем, изјави денеска премиерот Андреј Пленковиќ.
Toj за утре најави пакет нови мерки за спречување на ширењетo на коронавирусoт и предупреди дека ниту една мерка не може да биде успешна без соработка на сите граѓани.
„Да го одложиме дружењето за неколку недели и покрај празниците. Вирусот не е она што би сакале да им го подариме на нашите најблиски“, рече премиерот на отворениот дел од владината седница.
Тој процени дека ќе бидат потребни уште шест месеци за да се олеснат мерките, сè додека не пристигне вакцината и не биде вакцинирано мнозинството од населението.
Хрватскиот премиер како охрабрувачки го оцени фактот што во последните седум дена биле заразени 6,5 отсто помалку луѓе.
Сепак, според денешните бројки кои ги пренесоа хрватските медиуми, по сè изгледа дека нема многу охрабрувачки вести.
Имено, како што пишува „Индекс“, во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 3.918 случаи на коронавирус, на преку 12.000 тестови. Починати се 85 лица, што е намалување во споредба со вчерашните 92 смртни случаи, рекордни од почетокот на пандемијата.
Според хрватските медиуми, по ваквите високи дневни бројки властите размислуваат за одлука да го забранат движењето меѓу жупаниите. Таа мерка би била, како што се наведува, на сила од вторник, 22 декември и се очекува официјално да биде објавена утре.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

