Контакт

Регион

Во Хрватска 56 нови случаи, Загреб е жариште на вирусот

Објавено пред

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 56 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на пациенти од почетокот на епидемијата се зголеми на 2.539.

Меѓу новозаразените, 23 лица се од главниот град Загреб и неговата околина.

Бројот на новозаразени произлегува од 780 направени тестови за Ковид-19, соопштија здравствените власти.

Регион

Грција повторно им забрани влез на српските туристи, метеж на границата со Бугарија

Објавено пред

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот на заболени од коронавирус.

Сепак, метежот на граничниот премин Кулата – Промахонас ги натера грчките власти утринава да ја отворат границата за српските државјани кои чекале со часови за влез во земјата.

Грчкиот портал Newsit објави дека српските државјани кои утринава пристигнале на границата ќе може да влезат во Грција.

На граничниот премин од раните утрински часови чекале стотина српски државјани, кои со часови биле заробени на границата меѓу Грција и Бугарија, пренесуваат српските медиуми.

Државјаните на Србија го блокирале преминот кој е отворен за државјани на ЕУ, па царинските службеници поради метежот одлучиле пред седум часот наутро, сепак, да ги пуштат да влезат во Грција, пишува порталот.

Грција повторно им забрани влез на српските туристи, а ваквата одлука ќе важи до 15 јули.

Прикажи повеќе...

Регион

Загрижувачка епидемиолошка состојба во Подгорица, 118 активни случаи

Објавено пред

Членот на медицинскиот штаб и директор на здравствениот центар во Подгорица, Небојша Кавариќ, не ја исклучи можноста за затворање на главниот град на Црна Гора, каде што во моментов се активни 118 случаи на инфекција со коронавирус.

„Загрижувачка е епидемиолошката состојба и растот на бројот на пациенти во Подгорица. Доколку граѓаните не се одговорни и не ги намалат нивните дневни обврски, ние ќе и предложиме на НКТ да воведе дополнителни мерки за подрачјето на Подгорица“, рече Кавариќ за Радио Црна Гора.

„Ќе го предложиме тоа за да се спречи понатамошна ескалација на бројот на заболени, што може да ја загрози функционалноста на здравствениот систем“, рече Кавариќ, потенцирајќи дека тој не ја исклучува опцијата за затворање на главниот град, иако тоа е во доменот на епидемиолошката служба, пренесуваат „Вијести“

Тој препорачува услугите на угостителските објекти граѓаните да ги користат само кога е апсолутно неопходно, со препораки што важат за сите други затворени објекти, како на пример носење маска, растојание и миење раце.

Во последните 24 часа, во Црна Гора се регистрирани уште 61 случај на вирус ковид-19, од кои повеќето се од Рожаје, објави црногорскиот Институт за јавно здравје.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) ХДЗ слави, освои 70 мандати на изборите во Хрватска

Објавено пред

Објавени се првите неофицијални резултати од изборите во Хрватска по затварањето на гласачките места во 19 часот. Според 43,91 отсто од обработените гласачки ливчиња, ХДЗ на Андреј Пленковиќ има освоено 70 мандати.

Коалицијата „Рестарт“ има 42, Домовински покрет – 15 мандати, Мост – 6, платформата „Можеме“ – 5, реформистите – 2, коалицијата „Паметно/Фокус/ССиП“ – 2 мандатА и ХНС – едно пратеничко место.

Од Домовински покрет на Мирослав Шкоро велат дека освоиле 16 мандати и испратија јасна порака на ХДЗ дека нема да има влада без нив.

Во хрватскиот Сабор има 151 пратеничко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион39 минути

Грција повторно им забрани влез на српските туристи, метеж на границата со Бугарија

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот...

Свет50 минути

Австралија ќе ја изолира една од најнаселените држави поради коронавирусот

Австралија ќе ја изолира државата Викторија од останатиот дел од земјата и ќе воведе мерки без преседан како дел од...

Топ1 час

Притвор за двајцата скопјани кои киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани кои киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Свет1 час

Индија стана трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус

Индија стана трета најпогодена земја во светот од пандемијата на коронавирус, со скоро 700.000 случаи, покажуваат најновите податоци. Министерството за...

Култура1 час

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Македонија1 час

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјава

Бројот на заразени од коронавирус во земјава надмина 7.000 лица, откако вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментов активни се...

Регион16 часа

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион17 часа

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава18 часа

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет19 часа

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт20 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија20 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ21 час

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија23 часа

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија24 часа

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ1 ден

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа1 ден

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет1 ден

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет2 дена

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија2 дена

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Досие