Регион
Во Хрватска 69 нови случаи на коронавирус
Во изминатите 24 часа во Хрватска се регистрирани 69 нови случаи на коронавирус, што е нешто помал број отколку во последните денови.
Во моментов има 897 активни случаи. Меѓу нив, 90 пациенти се во болница, од кои пет се на респиратор.
Министерот за здравство, Вили Берош, за РТЛ изјави дека најголем проблем биле семејните собири од каде најмногу се шири вирусот.
„Во моментов имаме евидентирано дека семејните собири се проблем, како што беа ноќните клубови пред десетина дена и потоа презедовме мерки кои дадоа резултати. На маса има многу мерки, ќе ги примениме како и досега во моментот кога мислиме дека е време“, рекол Берош.
Тој додал дека кога сите би се придржувале до мерките – физичка дистанца и одржување хигиена, не би се разговарало за мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Легендарниот рокер Бора Чорба погребан со хитот “Погледај дом свој анџеле“
Легендарниот рокер, фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ (72) денес е погребан. Семејството, колегите, но и бројни пријатели и обожаватели се собраа на Градските гробишта во Чачак за да го кажат последното збогум и да се простат од него.
Хорот на гимназијата од Чачак по црковниот обред го испеа најголемиот хит на Бора „Погледај дом свој анџеле“, а овој момент расплака многумина и тоа беше најтажната сцена од гробиштата.
Рокерот Бора Ѓорѓевиќ (72) почина во средата на 4 септември во Љубљана по тешко боледување.Легендарниот рокер ќе почива во родниот Чачак, што му беше и последна желба.
Роден е на 1 ноември 1952 година.
Регион
Маж од Албнија вооружен со мачета се заканувал на полицајци во западна Германија, извикувал „Алах акбар“
Маж од Албанија вооружен со мачета бил совладан и уапсен откако рано утринава се заканил дека ќе убие полицајци во полициска станица во западна Германија, соопшти обвинителството.
Инспекторите рекоа дека веруваат дека тој имал исламистички, екстремистички мотив, пренесе АП.
Албанскиот државјанин (29) околу 02.40 часот пристигнал во полициската станица во гратчето Линц на Рајна, меѓу Кобленц и Бон.
Обвинителите рекоа дека тој извикувал „Алаху акбар“ – „Господ е голем“ на арапски – и рекол дека сакал да ги убие полицајците.
Дежурните полицајци ја заклучиле вратата од полициската станица и влезот во внатрешниот двор.
Осомничениот се обидел, но не успеал да ги натера да го отворат влезот, се вели во соопштението на обвинителот.
На местото на настанот биле повикани специјалци кои го совладале со пиштол за шокирање.
Инцидентотследи по нападот со нож на 23 август во западниот град Солинген, во кој осомничен екстремист од Сирија беше обвинет за убиство на три лица.
Регион
Сопругата на Бора Чорба се прости од рокерот со трогателни зборови: „Твоето срце ќе чука со нас засекогаш“
Легендата на рокот, Бора Ѓорѓевиќ, почина на 72 години, на 4 септември, а последен поздрав преку некролог во весник денеска му испратија сопругата Дубравка и другите членови на семејството.
Во Чачак, денеска, 6 септември, беше прогласен ден на жалост, а во Центарот за култура беше отворена книга на жалоста.
„Погребот ќе се изврши в сабота, 7.9.2024 година, во 14.30 часот, на градските гробишта во Чачак. Црковниот обред е во 14 часот. Сочувство ќе се прима од 13 часот. Драг наш, твоето срце ќе чука засекогаш со нас. Твоите песни засекогаш ќе бидат дел од нас… Ни подари грст спомени преку кои ќе те паметиме“, пишува во последниот поздрав на сопругата на Бора и семејството.