Регион
Во Хрватска 828 новозаразени, починаа 15 лица
Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 828 нови случаи на инфекција со коронавирус, а 15 лица починале, објави Националниот штаб за цивилна заштита.
Бројот на активни случаи во Хрватска во моментот е 10.919, а меѓу нив 864 пациенти се во болница.
Има 65 пациенти на респиратор.
Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се 37.208 лица заразени со коронавирус, од кои 452 починале. Вкупно оздравеле 25.837 лица, од кои 1.038 во последните 24 часа. Во моментот има 26.730 лица во самоизолација. До денеска се тестирани вкупно 449.541 лице, од кои 3.973 во последните 24 часа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пумпата за базен го повлекла момчето на дното: детали за трагедијата на Златибор
Момче (6) од Белград вчера се удавило во базен на познат хотел на Златибор, а според неофицијални информации, смртта ја предизвикала пумпата од базенот. Кога момчето нурнало, наводно пумпата го повлекла на дното.
Очевидците на оваа трагедија со сите сили се обиделе да го извлечат детето, но не успеале поради вакуумот, а момчето починало.
По наредба на Основното јавно обвинителство во Ужице, на телото на момчето е наредена обдукција.
Полицијата го уапсила сопственикот на фирмата за одржување на базените. На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа. Тој беше обвинет за тешко дело против општата безбедност.
Повреденото момче било придружувано од жена за која постои сомневање дека е баба му, пишува „Блиц.рс“.
Екипата на „Блиц“ стапила во контакт со хотелот во кој се случила трагедијата, но од вработените велат дека не сакаат да даваат изјави за медиумите.
Регион
Работник за одржување базен уапсен поради смртта на момче на Златибор
Полицијата му одредила притвор до 48 часа на одговорниот за одржување на базенот на Златибор, каде што се удави момче (6).
Како што соопштија за „Танјуг“ во Основното јавно обвинителство во Ужице, уапсениот се сомничи за сторено тешко кривично дело против општата безбедност.
Шестгодишно момче на 1 октомври се удави во базен на хотел на Златибор.
На телото на момчето е наредена обдукција.
Регион
Средношколец загина во судир на автобус и автомобил во Србија, 36 повредени
Средношколец загина при судир на автомобилот што го возел и автобус на стариот пат меѓу Нови Сад и Инџија. Повредени се 36 лица, од кои четворица потешко.
Несреќата се случила утринава околу 7.30 часот на патот меѓу Инџија и Нови Сад.
Станува збор за автобус на редовна градска релација, кој, сепак, превезува и многу деца. Според неофицијални информации, младиот човек, кој го управувал автомобилот, е средношколецот Н. Ш.. Повредени се вкупно 36 лица, од кои 27 се згрижени во болниците во Нови Сад, Белград и во Сремска Митровица.
Во Клиничкиот центар во Војводина згрижени се 16 пациенти, од кои двајца се задржани на болничко лекување, седум се отпуштени на домашно лекување, а на уште седуммина им е дадена понатамошна дијагностика.