Контакт

Регион

Вучиќ најави речиси два милиона дози од вакцината на американскиот „Фајзер“

Објавено пред

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави денеска дека ќе ги слуша предлозите на кризниот штаб за тоа што треба да се стори во врска со епидемијата на коронавирусот, иако, како што рече, тој бил за полициски час, а не за половични решенија.

„Бев за полициски час, затворање од 6 до 6, тоа се половични решенија, кои нанесуваат поголема штета на економијата, а корист нема да донесат, но ќе ги почитуваме“, рече Вучиќ на прашањето дали кризниот штаб денеска би предложил некои нови мерки.

Вучиќ во обраќањето до јавноста во врска со моментната епидемиолошка состојба изјави и дека е почната потрага по вакцини.

„Најважно е здравјето. Заедно со владата тргнавме во потрага по вакцини, да обезбедиме вакцини на најлесен начин, за првин да ги намалиме, а потоа да ги запреме катастрофалните ефекти што ги има короната“, рече тој додавајќи дека Србија досега обезбедила 1.800.000 дози вакцина, кои, најверојатно, ќе бидат од американскиот производител „Фајзер“.

Српскиот претседател објасни кои групи се приоритетни за примање на вакцината.

„До крајот на јануари ќе се обидеме да обезбедиме доволно вакцини за здравствениот систем, армијата и полицијата, кои се најпогодени. Веднаш по нив ќе бидат оние што се веќе болни, како и постарите лица. На крајот, средовечните и младите“, рече Вучиќ.

„Многу важна порака е дека првите вакцини ќе ги имаме пред крајот на декември“, нагласи тој.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

ЕУ и Грција ќе формираат нов прифатен центар на Лезбос

Објавено пред

Европската комисија потпиша меморандум во кој се опишува деталниот план договорен меѓу грчките власти и агенциите на Европската унија за формирање на нов прифатен центар на Лезбос до почетокот на септември 2021 година.

Овој чекор е клучен за решавање на ситуацијата што се појави на островот откако во септември изгоре мигрантскиот камп Морија, пренесува Танјуг, повикувајќи се на агенцијата АНА.

Меморандумот е резултат на работата на европската работна група формирана за решавање на проблемот на островот.

Потпретседателот на ЕК, Маргаритис Схинас рече дека договорот претставува исполнување на заложбата за изнаоѓање одржливи решенија и практична солидарност на ЕУ со Грција.

Договорот значи дека Европа и Грција ќе работат заедно за луѓето на островот, рече претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Таа вети дека ЕУ и Грција ќе обезбедат пристојни услови за мигрантите кои доаѓаат на грчките острови, како и поддршка за локалното население.

Фон дер Лајен истакна дека е исто така важно да се обезбедат брзи и фер процедури, така што прифатните центри ќе ја исполнат улогата наменета за нив, а тоа е да бидат само привремена станица за мигрантите пред нивното враќање или интеграција.

„Управувањето со миграцијата е предизвик за ЕУ ​​и ние ја спроведуваме европската солидарност во пракса“, рече таа.

Меморандумот предвидува поделба на одговорностите помеѓу ЕК, агенциите на ЕУ и грчките власти, како и нивна соработка.

Покрај тоа, меморандумот ја регулира распределбата на средствата за решавање на состојбата со мигрантите на Лезбос. Повеќе од 121 милиони евра беа издвоени минатиот месец за изградба на помали прифатни центри на Самос, Кос и Лерос, што исто така треба да се завршат во септември 2021 година.

Се предвидува и подобрено управување со приемот на мигранти, подобрени процедури за добивање азил и интеграција или враќање на мигрантите, како и подобрена обука на персоналот.

Прикажи повеќе...

Регион

Србија воведе нови строги мерки

Објавено пред

Српската влада објави нови епидемиолошки мерки и ограничувања на денот кога бројот на новозаболени од коронавирус и бројот на хоспитализирани пациенти речиси се изедначени.

Денес, српските здравствени власти пријавија 7.802 новозаразени и 7.726 пациенти во болница, од кои 288 на апарати за дишење. Како резултат на инфекцијата, во последните 24 часа починале 61 лице.

Владата на Србија на денешната седница ги усвои последните препораки на Кризниот штаб, кои ќе стапат во сила в петок и подразбираат ново намалување на работното време на угостителските објекти.

Кафулињата, рестораните, баровите, ноќните клубови и сплавовите ќе бидат затворени од петок во 17 часот до понеделник во 5 часот наутро, без исклучок, а работното време од понеделник до петок ќе биде од 5 до 17 часот.

Испораката на храна ќе биде можна 24 часа на ден, а трговските центри, продавниците за облека, обложувачнците, казината, игротеките, исто така ќе бидат затворени од петок во 17 часот до понеделник во 5 часот наутро.

Фризерските и салоните за убавина, салоните за нега, спортските сали, фитнес-центрите, базените, бањите, балоните за фудбал, кошарка и тенис, како и просториите за кој било друг рекреативен спорт, нема да работат за време на викендот.

Продавниците за храна, малопродажните објекти и трафиките во кои не се влегува при купување, односно работат со шалтерски принцип, може да бидат отворени за време на викендите, но само до 21 часот.

Покрај аптеките, исклучок за работење се и бензинските пумпи, кои ќе работат нонстоп, секој ден, без ограничувања.

Рестораните и баровите во рамките на хотелите и приватното сместување може да даваат услуги само и исклучиво на регистрирани и пријавени гости до 21 часот секој ден.

Ординациите и лабораториите што обезбедуваат медицински услуги ќе бидат отворени цел ден, вклучително и за време на викендите.

Српската влада наведе дека мерките се донесени со цел да се сведат социјалните контакти на апсолутен минимум, а спроведувањето на мерките ќе биде контролирано од инспекциите и полицијата.

Прикажи повеќе...

Регион

Словенија го објави планот за отворање на економијата

Објавено пред

Словенечката влада денеска одреди критериуми според кои одредени дејности постепено ќе се отвораат по најстрогите мерки за заштита од вирусот воведени пред пет недели, кои сè уште не го даваат посакуваниот резултат.

Станува збор за еден вид семафор, кој го поврзува ублажувањето на мерките со просечниот број дневни инфекции во последната недела, односно со бројот на лица заразени од Ковид-19.

Според семафорот, кој го дели развојот на вториот бран на епидемијата во фази, до првото релаксирање на мерките може да дојде во т.н. црвена фаза кога неделниот просек на дневно потврдени инфекции со коронавирус ќе падне под 1.350, а бројот на хоспитализирани пациенти на помалку од 1.200.

Во таа фаза, според планот на владата објавен на „Твитер“ од премиерот Јанез Јанша, повторно ќе бидат отворени музеите, библиотеките, галериите, фризерските и салоните за убавина, како и студијата за маникир и педикир, а јавниот превоз ќе биде отворен во ограничена мерка.

Моментната состојба во Словенија е дека неделниот просек на дневни инфекции е 1.461 новозаразен, а во болниците има 1.289 пациенти, соопшти Јанша додавајќи дека Словенија во моментот е во т.н. црна фаза и сè уште е далеку од зелената, во која ќе има целосно олабавување на мерките и ограничувањата.

Како што јавуваат словенечките медиуми, меѓу владата и епидемиолозите последниве денови имало мал консензус во врска со можните попуштања бидејќи се најавуваше дека следната недела училиштата ќе бидат повторно отворени и дека ќе завршат онлајн-предавањата, но сега е јасно дека тоа нема да се случи. Како што се наведува, не е јасно ниту што ќе се случи со евентуалното отворање на ски-центрите за што исто така се дискутира, но целата ситуација е под голем знак прашалник.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

(Видео) Пендаровски: Здравствените производи треба да бидат достапни за сите

Здравствените производи со сертифициран квалитет треба да бидат достапни за сите, истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќање на специјалнатата сесија на...

Македонија40 минути

Градоначалниците на Битола и Гостивар се позитивни на коронавирус

Градоначалниците на општините Битола и Гостивар – Наташа Петровска и Арбен Таравари, преку социјалните мрежи известија дека се заразени со...

Регион51 минута

ЕУ и Грција ќе формираат нов прифатен центар на Лезбос

Европската комисија потпиша меморандум во кој се опишува деталниот план договорен меѓу грчките власти и агенциите на Европската унија за...

Свет1 час

„Модерна“: Околу 100 милиони вакцини против корона ќе бидат достапни на почетокот на годината

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека очекува да може да испорача меѓу 100 и 125 милиони дози на експерименталната вакцина...

Европа14 часа

Шведска ги отфрла препораките на СЗО, тамошните експерти велат дека маски не се потребни

Сè уште нема потреба да се носат маски во Шведска, изјави денес водечкиот здравствен службеник во оваа скандинавска земја со...

Македонија15 часа

Заев: Да профитираме од извоз на сушен цвет од канабис, а дома да ја легализираме марихуаната

Ако успее парламентот до крајот на годината да го донесе законот за измени и дополнување на Законот за опојнит дроги...

Македонија16 часа

1.342 новозаразени од Ковид-19, починаа 22 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.399 тестирања, а регистрирани се 1.342 нови случаја на...

Македонија17 часа

МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА бараат во преговорите со Бугарија да не се погази достоинството на народот

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) истапија со...

Македонија20 часа

Се спушта возрасната граница за лична асистенција од 18 на шест години за деца со попреченост

На барање на семејствата на децата со попреченост ја намалуваме возраста кога личната асистенција станува законско право – од сегашните...

Домашен20 часа

Град Скопје го награди младиот боксер Ардијан Аземи со 100.000 денари

Град Скопје го награди со 100.000 денари младиот Ардијан Аземи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во бокс за...

Топ20 часа

Сандаци со куршуми од Втората светска војна пронајдени кај Машката плажа во Струга

Четири лимени сандаци со куршуми биле пронајдени при ископ во близина на Машката плажа во Струга. СВР Охрид соопшти дека...

Свет21 час

Обама, Буш и Клинтон пред камера ќе се вакцинираат против коронавирус

Поранешните претседатели на САД, Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон, ќе примат вакцина против коронавирус пред камера за...

Свет22 часа

Чешка го укина полицискиот час, се отвораат сите продавници и ресторани

По повеќе од еден месец строги мерки поради пандемијата на коронавирус, Чешка го укина полицискиот час. Од денеска се отворени...

Македонија22 часа

„Политико“: Вархеји и ЕПП не се доволно остри кон Борисов и Софија за блокадата за Македонија

Еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји беше премногу мек кон Софија, а Европската народна партија (ЕПП) не беше доволно...

Свет22 часа

Генералниот директор на „Бајонтек“: Веруваме дека ова е почеток на крајот на пандемијата

Угур Сахин, генералниот директор на компанијата „Бајонтек“, која заедно со „Фајзер“ ја разви единствената вакцина што е пуштена на пазарот,...

Регион23 часа

Руската вакцина „Спутник 5“ на проверка во Србија

Русија денеска ќе достави 20 дози од својата вакцина против коронавирус „Спутник 5“ до Српската агенција за лекови и медицински...

Топ23 часа

Притвор за скопјанец кој крадел oд викендички во Гази Баба

Триесет и седумгодишен скопјанец со иницијали А.Ф., за кого е распишана потерница од Одделението за криминалистички работи Гази Баба, е...

Европа24 часа

Германски експерти: Вакцинацијата може да потрае некое време

Експертите од германскиот државен епидемиолошки институт „Роберт Кох“ предупредија на прекумерна еуфорија поради вакцината за коронавирус, наведувајќи дека поради различни...

Свет1 ден

Пандемијата ќе има негативно влијание на фертилитетот во Европа, предупредуваат експертите

„Време е да станете мајка“, гласи пораката што стотици Португалки ја добија на своите мобилни телефони минатиот месец. Пораката испратена...

Свет1 ден

Франција ќе проверува џамии поради екстремизам

Француската влада во борбата против верскиот екстремизам ќе преземе низа акции, масовни и без преседан, меѓу кои и проверка на...

Досие