Контакт

Регион

Вучиќ следната недела ќе се сретне со Меркел

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ на 13-ти април ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел, потврди Танјуг. Средбата е на покана на Меркел и е втора по ред средба за месец и половина, пренесуваат српските медиуми.

Веста за состанокот меѓу Вучиќ и канцеларката е соопштена и во Берлин.

„Во рамки на заедничкиот ручек ќе бидат разгледани билатералните односи, регионалните прашања, како и европски и економски теми“ рекла заменичката на портпаролот на германската влада, Улрике Демер.

Вучиќ последен пат се сретна со Меркел во Берлин на 27-ми февруари, исто на нејзина покана. На средбата, Вучиќ побара од Меркел да каже како ги гледа односите меѓу Белград и Приштина, севкупните регионални однсои, но и побара поддршка во потрагата за компромис меѓу Србија и Косово.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Обвинителството во Албанија гони 17 лица по земјотресот – се градело без почитување на стандардите

Објавено пред

Албанското обвинителство издаде 17 налози за апсење под обвинение за убиство и злоупотреба на службената положба поради смртта на 51 лице во земјотресот со јачина од 6,4 степени минатиот месец кога се срушија десетици згради, соопшти полицијата, додавајќи дека денеска девет лица се уапсени.

Полицијата и обвинителите наведуваат дека првичните истраги покажале оти една од причините за жртвите во срушените згради е тоа што градителите, инженерите и инвеститорите не се придржувале кон безбедносните правила, норми и стандарди за градење, пренесува „Ројтерс“.

Од деветте уапсени лица, двајца се сопственици на два хотели кои се срушија во Драч кога загинаа четири лица, а третиот е менаџер на хотели кој бил наменет за одмор на полицијата и во којшто загина високо рангиран полициски службеник.

Од полицијата велат дека и двата хотели крај брегот на Јадранското Море биле изградени нелегално.

Се наведува и дека дел од 17-те лица што ги бара обвинителството избегале по земјотресот на 26 ноември.

Прикажи повеќе...

Регион

ЕУ најави донаторски собир за обнова на Албанија по земјотресот

Објавено пред

Европската комисија објави дека членките на ЕУ се согласиле да одржат донаторски собир во Албанија во јануари, со цел да се соберат парични средства за реконструкција на земјата по земјотресот во кој загина 51 лице.

Претседателот на ЕК, Урсула фон дер Лајзен рече дека членките на ЕУ ветиле дека ќе помогнат во долгорочната реконструкција, пренесува АП.

Во земјотрес со јачина од 6,4 степени што се случи минатиот месец, повеќе од 13.000 луѓе останаа без покрив над главата, а над 14.000 згради беа оштетени.

Албанија побара меѓународна финансиска помош за реконструкција, која треба да биде завршена до крајот на 2020 година. Владата на Тирана одвои 117 милиони американски долари за таа цел.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Грција спасени 125 мигранти од морето

Објавено пред

Грчката крајбрежна стража спаси 125 мигранти и бегалци од морето во последните 24 часа, соопштија властите.

Мигрантите, како што се наведува, биле пронајдени во регионите на Александрополис, Лезбос и Кос.

Исто така, 247 други мигранти се распоредени на пет грчки острови, но не се наведени детали, пренесува агенцијата АНА.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион4 часа

Обвинителството во Албанија гони 17 лица по земјотресот – се градело без почитување на стандардите

Албанското обвинителство издаде 17 налози за апсење под обвинение за убиство и злоупотреба на службената положба поради смртта на 51...

Македонија8 часа

Заев за ДУИ ќе се консултира во СДСМ и со малите партии

Премиерот Зоран Заев најави внатрепартиски консултации како и разговори со помалите партии на кои ќе се одлучува за поднесувањето на...

Топ9 часа

Пожар во стан во Тетово – еден тешко повреден, десетина затруени

Еден маж е потешко повреден со изгореници, а 10 лица се затруени од чад, во пожарот што се случи денеска...

Македонија9 часа

Врховните судии потврдија дека Јован Врaнишковски перел пари

Врховниот суд го отфрли како неосновано барањето за вонредно преиспитување на пресудата против расчинетиот владика на МПЦ-ОА, Јован Вранишковски. Тројцата...

Македонија10 часа

(Видео) Русковска: На почетокот на јануари се надевам на второ обвинение за „Рекет“

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска рече дека втората истрага за случајот „Рекет“ е при...

Македонија11 час

Николоски тврди дека со СДСМ имале договор: За изборниот модел требаше да преговараме по изборите

Преговорите за Изборниот законик практично влегоа во ќор сокак, по вина на власта којашто на подмолен и недемократски начин, сака...

Македонија12 часа

(Видео) Дескоска, Здравев и Џолев на примопредавање на златната метла

Министерката за правда, пред почетокот на денешната акција за чистење на претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев му ја подари...

Македонија13 часа

Коце Трајановски нема да биде гонет за конкурсот за Водовод, застарело делото

Ексградоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и уште три други лица нема кривично да одговараат за злоупотреба на службената положба...

Топ14 часа

Патнички воз удри во автомобил, жена со повреди заврши во болница

Вчера напладне на железничка пруга Велес-Кочани, на патен премин кај селото Лозово, се случи железничка незгода во која патничкиот воз...

Европа14 часа

Џонсон: Нема втор референдум за независност на Шкотска

Британскиот премиер Борис Џонсон и порача на шкотската лидерка Никола Старџен дека нема да има нов рефердендум за независност на...

Свет14 часа

Северна Кореја изведе нова нуклеарна проба

Северна Кореја ја инофмрира светската јавност за нов „важен тест“, направен на космодромот Сохе во земјата, пренесоа руските медиуми. „На...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева го злоупотребила буџетот на СЈО за роднини и пријатели

Катица Јанева , под заштита на Зоран Заев, била дел од милионска рекет шема, но и го злоупотребувала буџетот на...

Македонија1 ден

(Видео) Морачанин: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да не се вадат дека не биле информирани, од септември зборуваме за една изборна единица

По тензичниот ден во Собранието каде што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со поднесување на илјадници амандмани ја блокираа расправата за измени...

Топ1 ден

Кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Скопје

Управата за финансиска полиција  поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Е.А., поранешна директорка на средното училиште „Браќа...

Македонија1 ден

Поднесено обвинение против Јанакиески и уште 10 лица за предметот „Шпански скали“

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција  достави обвинение до кривичниот суд против 11 лица за предметот популарно наречен „Шпански...

Топ1 ден

Ексамбасадорот Томислав Димитровски репетирал пушка и ја вперил кон соседот додека се расправале во зградата

Поранешниот амбасадор во Љубљана, Томислав Димитровски вчера репетирал пушка и ја вперил кон сосед, за време на расправија во зграда...

Македонија1 ден

(Видео) Поповска: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да ги повлечат амандманите за да се откочи можноста за една изборна единица

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, една од 17-те иницијатори за законот за една изборна едниница од собраниската прес-сала, рече дека...

Македонија2 дена

Пендаровски за „Шпигел“: Стравуваме дека ќе станеме втора Турција

Макрон ми рече дека помалку станува збор за нас, а повеќе за ЕУ, на која ѝ треба време за реформа на...

Македонија2 дена

Илија Димовски бара одлагање на „Талир“, две поротнички имаат по 60 години

Обвинетиот Илија Димивски во предметот „Талир“ на почетокот на судењето рече дека две од поротничките навршувале 60 години старост и...

Свет2 дена

Американскиот Сенат одобри резолуција, убиствата на Турците врз Ерменците ги призна за геноцид

Американскиот Сенат денеска одобри резолуција со која убиствата на Ерменците извршени од османлиските Турци пред повеќе од еден век ги...

Досие