Контакт

Регион

Германската полиција шокирана од состојбата на српски автобус кој стигнал до Берлин

Објавено пред

Германската полиција објави дека запрела автобус што одел кон Србија и останала во шок поради состојбата на возилото што го исклучиле од сообраќај.

За’рѓана каросерија, неисправни сопирачки и управувачки систем – автобусот бил подготвен за отпад, јавуваат германските медиуми.

Возилото било запрено на централната автобуска станица во Берлин.

Медиумите исто така објавиле дека автобусот патувал 1,3 милион километри и дека дупките во возилото биле пополнети со градежна пена.

Регион

Портпаролoт на ЕУ: Вечера во Брисел во знак на поширок политички ангажман на ЕУ и Западен Балкан

Објавено пред

Портпаролот на ЕУ, Пeтер Стано, вели дека целта на утрешната вечера, што се организира за лидерите од Западен Балкан во Брисел, е да се започне и прошири меѓусебниот политички ангажман.

„Проширувањето е приоритет и за регионот и за ЕУ, но сега сакаме да видиме поголема слика. Целта на оваа средба е да се слушне од лидерите од Западен Балкан како тие го гледаат политичкиот контекст и ситуацијата, како и да се започне почесто ангажирање на поширока основа, а не само за прашањето за проширување“, вели Стано.

На редовната прес-конференција во Брисел Стано истакна дека намерата на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел е да ја обнови традицијата за одржување на вакви формати со партнерите од Западен Балкан.

Тој додава дека тоа е логично продолжение на стратешката дебата што министрите за надворешни работи на ЕУ ја имаа минатата недела за зголемениот ангажман на Западен Балкан.

„Очекуваме дека ваквите состаноци ќе продолжат и дека ќе донесат поширок стимул за ангажман на ЕУ со регионот“, заклучи Стано.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Вучиќ: Не успеавме да се договориме, иницијативата на Србија не беше прифатена

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по самитот Брдо-Бриони рече дека целиот регион е на европскиот пат и дека треба заедно да работат на тоа. Тој истакна дека Србија ги поддржува
намерите на другите да отворат датум за преговори и дека Србија отсекогаш била посветена на тоа да не се менуваат границите.

Тој изјави дека иницијативата на Србија не е прифатена.

„ Границите не треба да се менуваат во согласност со правилата утврдени од Обединетите нации“, истакна тој. Како што рече, границите за Србија не се менуваат, освен оние прифатени од ООН.

„ Се споменуваат границите, кои треба да се избришат поради протокот на стоки и луѓе“, додаде Вучиќ.

Српскиот претседател нагласи дека е задоволен што мнозинството било во можност да постигне договор, со исклучок на претставникот на Приштина. Тој додаде дека сите ги знаат позициите на земјите од регионот по прашањето за независноста на Косово, но дека нема отворени и неконзистентни позиции за други прашања.

„Тие би сакале да ги толкуваат границите како што сакаат, а не како што ги толкуваат меѓународните закони и ООН, и ние се обидовме соодветно да најдеме компромис“, рече тој.

Вучиќ нагласи дека е задоволен што бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Сефик Џаферовиќ, го кажал тоа што го мисли, но и дека и тој го кажал она што го мисли.

„ Албанците не сакаа да зборуваат за ООН по секоја цена, ние би разговарале за тоа поинаку, тоа е апсолутно невозможно“, подвлече Вучиќ.

На новинарско прашање какви се неговите односи со претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, Вучиќ рече дека има пристојни односи.

Говорејќи за влезот на Србија во ЕУ, Вучиќ рече дека дури и Србија да исполни сè, нема да биде повторно во ЕУ.

„Реалната состојба е таква што има замор од проширувањето“, истакна тој.

Тој рече дека е важно за Србија да спроведе реформи заради себе и да расте што е можно побрзо.

Прикажи повеќе...

Регион

Напнато на самитот Брдо-Бриони: Османи и Џаферовиќ го нападнале Вучиќ

Објавено пред

Самитот Брдо-Бриони стана напнат на самиот почеток, пренесуваат српските медиуми.

Како што неофицијално дознава „Новости“, косовскиот претседател Вјоса Османи и бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Сефик Џаферовиќ, најжестоко го нападнале претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Извори на „Новости“ известуваат дека дискусијата започнала затоа што учесниците на самитот презеле иницијатива на почетокот да усвојат заклучоци според кои границите во нашиот регион се непроменливи, а на кои Вучиќ однапред се спротивставил.

Како што се наведува, биле повторени старите флоскули за вината на Белград, но на кои, како што наведува „Новости“, претседателот на Србија остро возвратил.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Денеска се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лица

Министерството за здравство информира дек во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на...

Регион1 час

(Видео) Вучиќ: Не успеавме да се договориме, иницијативата на Србија не беше прифатена

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по самитот Брдо-Бриони рече дека целиот регион е на европскиот пат и дека треба заедно...

Економија3 часа

Oд полноќ се намалува цената на еуросупер БС-95 и на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Свет4 часа

Индија почна со дистрибуција на свој лек против коронавирус

Индија почна со дистрибуција на нов, домашен лек за лекување на симптомите од Ковид-19. Властите го одобрија лекот 2-ДГ, кој...

Македонија4 часа

Захариева: Властите во Македонија ќе направат сѐ што можат Бугарите таму да се сѐ помалку

И Европа и ние ќе го следиме пописот во РСМ и очекуваме да се спроведе според сите европски стандарди и...

Свет4 часа

(Видео) Тврдат дека Израел фрлил забранета бомба врз Газа, од која се топи човечко месо

На социјалните мрежи се шири видео со ракетирање на Појасот Газа, за кое се тврди дека е доказ дека Израел...

Свет6 часа

СЗО: Животниот век на работниците загрозен по пандемијата на коронавирусот

Премногу долгото работно време е смртоносно за стотици илјади луѓе во светот и ова е тренд што може да се...

Европа7 часа

Германски виролог предупредува: И следната година ќе мора да се вакцинираме

Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, изјави дека е многу веројатно декаи следната година  сите...

Свет7 часа

На повидок нова вакцина – „Санофи“ и „ГСК“ велат дека произведува силен имунолошки одговор

Француската фармацевтска компанија „Санофи“ денеска соопшти дека експерименталната вакцина против Ковид-19, која ја развива заедно со „Глаксо Смит Клајн“ ќе...

Свет8 часа

Израел утрово изврши серија воздушни напади на Газа, висококатници срамнети со земја

Израелските воздушни сили рано утрово извршија серија масовни воздушни напади на повеќе локации во градот Газа. Најновата беше извршена само...

Свет8 часа

Товарен воз со токсични материи излета од шините во САД

Во близина на градот Сибли во американската држава Ајова воз на компанијата „Унион Пацифик“, кој превезувал тенкови и вагони со...

Македонија18 часа

(Видео) Заев: СДСМ останува локомотива за напредокот на македонската држава

Со задоволство сакам да соопштам дека денеска СДСМ одржа успешен 26. Конгрес, а веднаш потоа и прва седница на новоизбраниот...

Македонија23 часа

Лукаревска избрана за заменик-претседателка на СДСМ

Сања Лукаревска е новата заменик-претседателка на СДСМ, беше одлучено на денешниот 26. Конгрес на партијата. Таа беше изгласана со 682...

Свет1 ден

Нетанјаху со благодарност до земјите кои го поддржале Израел, меѓу нив и Македонија

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху на социјалните мрежи им се заблагодари на владите на голем број земји во светот за, како...

Македонија1 ден

Регистрирани се 62 нови случаи на Ковид-19, починати се 14 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.557 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на...

Свет1 ден

(Видео)10 годишно девојче во урнатините на Газа, низ солзи вели: Не можам да го трпам ова, јас сум само дете

Жестоките напади меѓу Израел и Хамас се најтешки за луѓето во Газа, каде што луѓето умираат секој ден – претежно...

Свет1 ден

Курц: Целта на истрагата е да ме отстранат од функцијата

Австрискиот канцелар Себастијан Курц оцени дека целта на поднесената пријава против него, поради наводни лажни изјави пред истражниот одбор во...

Свет1 ден

Гутереш запрепастен од страдањата на цивилите во Газа

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш е „шокиран“ од страдањето на цивилите во Газа, рече неговиот портпарол. „Генералниот секретар е...

Свет1 ден

(Видео) Немирна ноќ во Газа, истрелани околу 120 ракети, бројот на загинати и повредени расте

Израелската армија објави дека 120 проектили биле истрелани од Појасот Газа во текот на ноќта. Продолжена е вонредната состојба во...

Свет2 дена

Нетанјаху до Бајден: Израел не сака да повредува лица кои не се вклучени во борбата со Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска му соопшти на американскиот претседател Џо Бајден дека Израел „прави се за да избегне повреда...

Досие