Регион
Германски весник ја обвини Хрватска дека е кинески играч во ЕУ
Германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ објави долг напис во кој се анализира подемот на кинеското влијание во Европа, а како пример за овој тренд се наведува и фактот дека кинеска државна компанија работи на изградба на мостот на Пелешац, пренесува порталот „Индекс.хр“.
Весникот забележува дека Кина на сличен начин создава зависност од свои фактори кај повеќе источноевропски земји, но исто така се додава дека Европската Унија нема соодветен одговор на овој предизвик, освен тоа да се жали на него.
Како што пренесува хрватскот портал, „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ пишува дека Пекинг во далечни главни градови, како Атина, Прага и Загреб, има значително влијание и дека владите на некои европски земји, меѓу кои се споменува и Хрватска, се однесуваат покорно кон интересите на Кина.
Се потсетува и дека во 2015 година Грција, Унгарија, Словенија и Хрватска успеале да го разводнат официјалниот став на Европската Унија во врска со ситуацијата во Јужното Кинеско Море, каде што Кина има гранични спорови со соседите, а минатата година унгарскиот премиер, Виктор Орбан, одби да го потпише писмото од ЕУ, со кое се осудуваше кршењето на човековите права во Кина.
Сепак, „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ пишува дека Кина има најголемо влијание во Грција, каде што е сопственик на пристаништето во Пиреја и во Чешка. Весникот дополнува дека кинеското влијание во Хрватска се зголемува преку изградбата на пелешачкиот мост, што е причина за вознемиреност кај Европската комисија, која го финансирала тој проектот со 85 отсто од потребните средства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Додик вежбаше во природа, па порача: „Никогаш не сум бил во подобра форма“
Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, објави видео на социјалните мрежи на кое прави чучнувања во природа, што предизвика бројни коментари. Со тоа, тој се придружи на долгата низа политичари кои ги искористија своите физички атрибути и спортски активности за да привлечат внимание од јавноста, пишува N1.
Претседателот на СНСД на платформата Икс објави видео со пораката: „Никогаш во подобра форма“.
Никад у бољој форми. pic.twitter.com/Vh2A3e3E3v
— Милорад Додик (@MiloradDodik) February 22, 2026
Ова ги натера корисниците на социјалните мрежи да се пошегуваат, а се појавија и коментари дека тој се „подготвува за затвор“ или за Олимписките игри. Објавата на Додик е продолжение на трендот што во светот го популаризираше рускиот претседател Владимир Путин, познат по фотографиите на кои ги покажува своите мускули.
Регион
Борисов: Како Радев ќе се натпреварува со мене, врз основа на што?
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со градоначалници од партијата во Стара Загора упати критики кон поранешниот бугарски претседател Румен Радев, доведувајќи го во прашање неговото политичко позиционирање.
„Ние сме научени да бидеме скромни, но да бидеш скромен не значи да немаш самодоверба. Кој во оваа држава направил помалку од нас? Како ќе излезе Радев да се натпреварува со мене, врз основа на што?“, праша реторички Борисов.
Осврнувајќи се на новогодишното обраќање на претседателот, тој додаде: „На Нова година со задржан здив го слушавме говорот на претседателот. Кога рече олигархија – нека каже која е. Јас тврдам дека во ГЕРБ нема таква“.
Регион
(Видео) Вториот најголем вид ајкула снимен во близина на хрватски остров
Интересно суштество беше видено минатата недела во морето во близина на Црес, Хрватска.
Вработените во Институтот „Син свет“ добија видео врз основа на кое заклучија, иако не е најјасно, дека најверојатно станува збор за голема ајкула (Cetorhinus maximus). До овој заклучок дојдоа врз основа на карактеристичниот облик на нејзината грбна перка.
Големата ајкула е вид кој е редок, но постојано присутен по должината на источниот јадрански брег.
Повеќето видувања на ова животно доаѓаат од северниот Јадрански дел, вклучувајќи го и Кварнерскиот залив, кој е добро познат како област на Јадранскиот дел со најголема биомаса на зоопланктон, истакнува Институтот.
Тоа е втор најголем вид ајкула во светот, веднаш по кит-ајкулата, и може да достигне должина од повеќе од десет метри.
Тоа е миграторен вид кој се храни со планктон со филтрирање на морето со широко отворена уста и не е опасен за луѓето.
„Со учество во собирањето податоци од страна на јавноста, добиваме вредни информации што им помагаат на научниците во истражувањето и заштитата на морето. Секоја фотографија, секој совет и секој запис во апликацијата придонесува за подобро разбирање и зачувување на нашиот морски екосистем“, рекоа тие.

