Регион
Главниот словенечки епидемиолог поднесе оставка, причините не ги открива

Главниот словенечки епидемиолог, Марио Фафангел, ја напушти работната група на тамошното Министерство за здравство, која ја советува владата за мерките за борба против Ковид-19.
Фафангел го известил министерот за здравство, Томаш Гантар, за својата одлука и ги објаснил неговите причини, но тој нема намера јавно да ги презентира, објави СТА.
Фафангел неодамна за политичкиот неделник „Младина“ изјави дека не се согласува со некои ограничувања наметнати од словенечката влада, но истакна дека генерално се потребни строги ограничувања за борба против епидемијата.
Инаку, во Словенија во последните 24 часа се потврдени 480 нови случаи на коронавирус од 1.751 тест, а 52 лица починаа, објави словенечката влада наведувајќи дека постојните мерки остануваат во сила.
Досега вкупниот број на пациенти што го загубија животот како резултат на компликации од оваа болест е 1.796.
Во болниците има 1.301 пациент, од кои 196 се на интензивна нега.
Словенија од почетокот на епидемијата потврди повеќе од 86.000 случаи на коронавирус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Судот му определи притвор на Мирослав Мика Алексиќ

Судот му определи притвор на српскиот режисер, сценарист и учител по глума Мирослав Мика Алексиќ кој попладнево беше сослушан пред Вишото јавно обвинителство. Тој ги негирал обвиненијата за силување поднесени од српската актерка Милена Радуловиќ и други негови ученички во школата за глума.
Тој е обвинет за осум кривични дела силување и седум кривични дела сексуално вознемирување извршени во периодот од 2008 до 2020 година.
Осомничен е за силување и сексуално вознемирување на шест женски лица, а некои од нив во времето на извршување на кривичното дело биле малолетни.
На Алексиќ му се заканува казна затвор од 15 години.
Регион
Српскиот учител по глума Мирослав Мика Алексиќ ги негира обвиненијата за силување

Српскиот режисер, сценарист и учител по глума Мирослав Мика Алексиќ беше сослушан денес пред Вишото јавно обвинителство. Тој ги негирал обвиненијата за силување поднесени од српската актерка Милена Радуловиќ и други негови ученички во школата за глума.
Обвинителството по сослушувањето му предложи на судот да му одреди притвор на Алексиќ.
Тој е обвинет за осум кривични дела силување и седум кривични дела сексуално вознемирување извршени во периодот од 2008 до 2020 година.
Осомничен е за силување и сексуално вознемирување на шест женски лица, а некои од нив во времето на извршување на кривичното дело биле малолетни.
На Алексиќ му се заканува казна затвор од 15 години.
Регион
Брнабиќ: Во Србија почнува масовна вакцинација

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, најави дека утре во Србија ќе почне масовна вакцинација на граѓаните против коронавирус.
Таа изјави дека од утре ќе се вакцинираат воспитувачите, припадниците на армијата и полицијата, како и новинарите.
„Веќе започнавме со вакцинација на луѓето кои изразија интерес да бидат вакцинирани. Ве молиме, пријавете сè што е можно повеќе, затоа што колку побрзо и поефикасно го сториме ова, толку побрзо ќе се вратиме во нормален живот“, рече Брнабиќ.
Таа оцени дека системот за апликација за вакцинација преку порталот „Е-управа“ работи апсолутно совршено и апелираше до наставниците да аплицираат во што поголем број.
„Исклучително е важно сите да сториме сè што е во наша моќ децата да одат на училиште што е можно подолго. Особено е важно најмладите ученици од прво до четврто одделение да бидат со своите наставници, да се дружат. Затоа донесовме одлука да започнеме со настава повторно по зимскиот распуст“, рече Брнабиќ.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира