Регион
„Големи се шансите да е жива“ – поранешниот шеф на одделот за криминал во потрагата по исчезнатата Данка Илиќ
Денеска е деветти ден од потрагата по исчезнатата Данка Илиќ (2), која беше изгубен во Бањско поле кај Бор.
Полицијата се уште постојано ја чешла секоја педа од местото каде последен пат е видено детето. Австриската полиција објави соопштение и три нови фотографии од жени кои се направени во Виена со девојче која личи на Данка.
Ова во српската јавност поттикна надеж дека девојчето е живо. Тоа што не е пронајдено во Бањско поле е добар знак и за Саша Живановиќ, поранешниот шеф на одделот за високотехнолошки криминал.
Австриската полиција денеска преку итно соопштение откри дека семејството на исчезнатата Данка Илиќ на сослушувањето изјавило дека на видеото објавено викендов „многу е веројатно дека се гледа Данка“. Дополнително, објавени се три нови фотографии кои можат да бидат голем чекор во понатамошната потрага по исчезнатото девојче.
Австриската полиција апелира до сите граѓани кои имаат какви било информации за жените од видеото и фотографиите да се обратат до органите на редот на 01-31310-33800 или во која било полициска станица.


©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

