Регион
Грција го укинува карантинот за земјите од ЕУ и за уште пет други, Македонија не е меѓу нив
Грција планира од следната недела да го укине карантинот за патниците од Европската Унија и за уште пет други земји, вклучително и Србија, кои се вакцинирани или имаат негативен тест на Ковид-19, изјави денеска висок владин службеник.
Грција, која излезе од децениската финансиска криза минатата година пред пандемијата, рече дека од средината на мај ќе го отвори својот туристички сектор, кој е клучен двигател на растот за нејзината економија.
„Постепено ќе ги укинеме ограничувањата на почетокот на следната недела пред отворањето на 14 мај“, изјави службено лице од Министерството за туризам, кое побара да не биде именувано.
Официјалниот претставник рече дека на граѓаните од Европската Унија и од Србија, САД, Велика Британија, Израел и од Обединетите Арапски Емирати ќе им биде дозволено да патуваат во Грција преку аеродромите во Атина, Солун, Ираклион, Ханија, Родос, Кос, Миконос, Санторини и на Крф и на два гранични премина.
Патниците од тие земји нема да бидат ставени во карантин доколку докажат дека примиле две дози вакцина против Ковид-19 или покажат негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа пред нивното пристигнување, рече официјалното лице, додавајќи дека туристите ќе мора да ги почитуваат домашните ограничувања.
Минатиот месец Грција го укина еднонеделниот карантин за израелски патници, кои биле вакцинирани или имале негативен ПЦР-тест. За патниците од Велика Британија и Обединетите Арапски Емирати, исто така потребен е втор задолжителен тест по пристигнувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Кипар го подигна нивото на тревога, училиштата се затворени
Кипар го подигна нивото на тревога по нападот со беспилотни летала врз британската воена база РАФ Акротири на островот. Властите ги затворија училиштата и спроведоа евакуации каде што е потребно, бидејќи земјата е вовлечена во ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
Во утринското обраќање до нацијата, кипарскиот претседател Никос Христодулидес рече дека безбедноста на земјата е најголема грижа на неговата влада.
„Се наоѓаме во регион со исклучителна геополитичка нестабилност, со бројни предизвици и проблеми, кој во моментов поминува низ невидена криза. Правиме сè што е потребно, а безбедноста на нашата земја и граѓаните е наш врвен приоритет“, рече тој.
Тој нагласи дека Кипар, членката на ЕУ најблиску до Блискиот Исток и популарна туристичка дестинација, инсистира дека нема да се вклучи во никакви воени операции.
„Остануваме посветени на хуманитарната улога што ја имавме цело време – секогаш како дел од решението, а не како проблемот – и ќе продолжиме да дејствуваме со истото чувство на одговорност“, додаде Христодулидес.
Осврнувајќи се на нападот што се случи синоќа, ретседателот рече дека „дрон Шахед погодил воени објекти во британската база во Акротири и предизвикал мала материјална штета“.
Грчките медиуми објавија дека бил неутрализиран и втор борбен авион, кој Иран исто така го насочил кон британската база, оддалечена околу 960 километри.
фото/ЕПА
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.

